Затоа што цела приказна е почната (најверојатно) од надвор за промена на легитимна власт. И покрај порази на другите партии, сепак се форсира мнозинство кое нема најголема поддршка меѓу народот, се признаваат нелегално избрани институции, се аболицираат политичари... Очигледно е дека не е целта само промена на ВМРО ДПМНЕ, туку многу повеќе. Дај боже да грешам, но мислам дека во следните месеци/години ќе добиеме горки пилули да голтаме, за македонската држава.
Доста бе, без Албанските партии 620к гласови имаше наспроти ДПМНЕ и компанија, плус сеа со АЛбанските партии прави есап...
Па никаде не сум кажал дека Талатот не е воен злосторник. И двајцата се.
Напиша шо напиша, проблемот е лицемерието на МФ и алчноста за власт на етничките Македонски политичари, никој тоа не го става на маса да нема слична ситуација од др страна, некој „лојален и истакнат член“ да добие вето, се е тоа ситнопратиска политика поради која страдаат меѓуетнички односи.
Сплетките на Талал го билдаат гласачкото тело на ДПМНЕ или десницата генерално.
Eeее не ги памтиш дамнешните мои времиња кога Струга, Кичево и Кичевско, Битолско... беа етнички чисто македонски, сега селата околу битола се претежно албански а на џамијата во Битола се развеа гордо албанското знаме на денот на нејзиното отварање.
Нема то врска со далековидоста. То е природен процес кој може да го пратиш наназат со децении
Не ми смета Албанското знаме на џамијата во Битола, ми смета тоа шо го нема Македонското после Кичево, има закон за употреба на знамиња кој е постигнат како компромис помеѓу двете страни, дијалог. Ќе се прајме блесави сега?
Е сеа тоа шо некој населени места тотално го променија етничкиот состав од мешани во чисти, тоа не е резулатат на природна појава за 21 век, тоа е маркирање територија, исто со знаменцата по кабинети и сл. Види ДПМНЕ сево ова пет ари не дадоа се додека им цутеше бизнисот, коа имаа некој мака ствараа меѓуетнички тензии и сл пиздарии, реална проблематика под черџе.
Релани решенија за релани проблеми, од сите опшествени сегменти.
Промена а не замена.