- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.963
- Поени од реакции
- 12.381
Ако ме прашуваш мене, поправките и обештетувањата треба да дојдат од платите на таканаречените народни претставници, и онака парите им доаѓаат од буџетот, и онака се крвопијци по професија и ќе продолжат да му ја цицаат крвта на народот како и досега, па нека потрошат 50% од нивните плати за обештетување.ееее така треба и тој дедо дојден од струмица да крши тепа и пљачкосува низ собрание.
Пријава, судење и да плати парични казни.
Па следни 10 години ко ќе зема третина помала пензија, да не му текне ни собраниски канал да сврти на ТВ
А на дедото треба 50% од пензијата да му се уплати на курс по тепање, за да знае подобро да тепа, а не вака веќе после недела дена крвопијците да бидат без гребнатинка по лицата.
Јас никогаш не сум поддржал никакви тепачки или некој да си го спаси гзот.неможам да верувам дека си озбилен...
демек од сдсм неможат партиски полтрони да пуштат кои овие од вмро?
да се испотепаме меѓу себе ли сакате а зашто, за само некој да си го спаси гзот и да не одговара
ке ме убедуваш дека криминалциве од патриотизам влегоа у собрание?
зашо на талат ни влакно не му фалеше, ете пред патриотиве беше, го имаа у раце и таман ден пред вејце, таман да го запамти и он денот, кажи ми зашто патриотиве оспуштија таква прилика?
Sent from my iPhone using Tapatalk
Но мислам дека имам спомнато ако не на оваа тема, тогаш на некоја друга тема, дека никој нема да го крка стапот - освен народот, се разбира.
И еве, ти го кажувам ова на тебе сега - Владо Бучковски, кој беше во слична ситуација во летото 2004 во Струга, стружаните кои протестираа пред струшкиот штаб на СДСМ ги нарекуваше манијаци и хулигани. И исто како на топлиот четврток 27 април 2017, така и таа топла летна вечер во Струга имаше немири, Бучковски беше евакуиран со хеликоптер, Струшките вечери на поезијата 2004 беа преместени во Скопје, а стружаните кои протестираа пред струшкиот штаб на СДСМ заработија кривични пријави.
Но да се вратиме во сегашноста. Денес, Владо Бучковски има правосилна судска пресуда според која треба да одлежува затворска казна, но никако таа пресуда да се изврши, за разлика од стружани кои експресно дегустираа партиска правда.
Ако Бучковски до денешен ден нема видено затворски решетки, биди сигурен дека ни пвеводбениците, ни нивниот пастир нема да видат затворски решетки, тоа е моето лично мислење.
Во најлош случај, ќе си ги соберат парталите и криминално стекнатиот капитал ќе си го трошат таму некаде на Карибите, Доминиканска Република, Белизе, Панама, Бразил и таму ќе си ги сончаат гзовите, биди сигурен.
А истовремено, тука во Македонија ќе продолжи досегашната пракса на раздели па владеј, со разликата што некои други крвопијци ќе бидат на власт или во опозиција и ќе му ја цицаат крвта на народот.
Во такви околности, нема да се тепаме меѓусебно, бидејќи веќе сме испотепани, не со боксови, клоци, палки, камења или со молотови коктели, туку со долгови, болести за кои државата одбива да ни` ги плати лекувањата, континуирана невработеност и сиромаштија, додека овие крвопијци ќе си тераат по нивно и ќе ликуваат.
Затоа воопшто не ги жалам ни едните, ни другите, бидејќи со секоја помината година се помалку разлики гледам помеѓу едните и другите. И самиот ти спомна дека пвеводбениците си го имаа Талат во скут, а сега овие зајковциве-кукурајковциве си го имаат Талат во скут, а ова ти е само најтазе пример дека нема никакви разлики помеѓу нив.
Последно уредено: