Ветеринарно катче

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Затоа има поише одгледувачи на мачки не го ли на кучиња.
Пријател, има 7 родилки сијамки, сите треба да родат периодов.
Една соба у куќа е специјално за нив. Само шо, мачињава дури серат и мочаат ги лижат мачкиве, а после директ брзо учат да користат песок.
Се очекува околу 40 мачиња, сите се пласираат на Српски пазар. Мачките и мачорот се со педигреа, а тука нема финололошки завод.
Трошшок е, 3 вреќи квалитетна храна за мали мачиња и родилки у лактационен период за два месеци 15.000 денари.
Машко се пласира 150 $, женско 100.
Многу му се исплаќа бизнисот кој му е бизнис настрана, поготово шо раѓаат по два пати годишно по 35-40 мачиња.
Така е, тоа е бизнис, а не задоволство и љубов. Има разлика. Јас не спаѓам во оваа категорија. Се имаш сам кажано.
 
K

Kacar

Гостин
Така е, тоа е бизнис, а не задоволство и љубов. Се имаш сам кажано.
Нормално.
Мада, ги третира мачките со љубов.
У куќата му се, насекаде, у собата кај шо се кога раѓаат на вратата имаат повисоко вратичка за мачки, родилките да излегуваат ама маливе не.
Додуше, не се во кафез и нилад не ни биле.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Нормално.
Мада, ги третира мачките со љубов.
У куќата му се, насекаде, у собата кај шо се кога раѓаат на вратата имаат повисоко вратичка за мачки, родилките да излегуваат ама маливе не.
Додуше, не се во кафез и нилад не ни биле.
Во кинологијата тоа се вика станцање. Нема тука љубов. Арно си знаат Германците, се знае колку легла може да имаш во текот на една година и колку пати еден мажјак може да спари. Затоа немаат проблем со хипер продукција и затоа немаат проблем со скитници.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.305
Поени од реакции
4.714
и во Амстердам конфекцискине работнички од црвената област со љубов ги одгледуваат исто има врата да може ти да влезеш она да не излезе, ама не се во кафези шетаат низ куќа
 
K

Kacar

Гостин
Па добро бе луѓе, ако некој гледа бизнис у ова, не сум јас виновен и баш ме брига шо прави.
Сакав да доловам дека поише се исплаќа одгледувачница на мачки него ли кучиња. Ете пријателов, нарачал 3 сфинкс мачки и мачор, канадски, и нив за тоа ќе ги користи.
Баш ми е гајле за хипер продукција и.конфекциските работници шо чуваат, ја мојава ја стерилизирам у Вторник.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Кучето мое последниве две три недели по цел ден само лежи, спие и целото е како депресивно. Буквално може да легне на едно место и да спие 5 саати без да се мрда. Вака не дава некои знаци на болно, јаде, си бара надвор да шета, кога шета си е најактивно како и секогаш. Што може да му биде?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Глупаво беше од мене што го поставив прашањето зошто моево куче не е спремно за парење, свесен сум за тоа и нема да го парам, не би го стерилизирал, зошто во иднина се надевам дека ќе можам да му пружам соодветни услови. Јас не гледам ништо лошо во тоа доаѓање до парични средства преку домашните миленичиња, или пак преку одгледувачници, но при тоа на кучето или мачката да му се овозможат сите услови во кој што ќе можи нормално да живее, да биди среќно и да не се чувствува загрозено, не е тоа ни суровост ни безчувствителност спрема животното, зошто за возврат тоа добива нега и љубов. Доколку гледаме така на работите ние луѓето сме многу позагрозени, но кој да мисли на нас? За среќа имаме блиски што ни помагаат, но за некои работи и тие не можат, како што е случај со мојте родители. Пред да ми се влоши здравствената состојба работев 5 години во фабрика за авто делови, во загаден воздух со различни хемикалии, плин, сето тоа го дишев секој ден, работата ми беше на нозе, на лето во погонот температурата достигнуваше и до 50 степени на кои што моравме да носиме заштитно палто, дома си одев со побелена мајца од пот, со 3та смена, и работа во сабота и недела и државни празници, од претпоставените многу често бевме третирани како да сме стоки, со дерење, казнување и закани за отказ. Земав 250 евра плата, од кои пола ги давав за сметки и рата за кредит. Од цел тој психо-физички напор, еден месец лежев по болници и добив "Синдром на хроничен замор". Да не бидам сватен погрешно не ми е намерата да кукам или да наидам на сожалување, тоа е живот и има луѓе што многу полошо живеат од мене.

Еве ќе постирам и некоја слика од кучето, ја викам Лара.

Овде има 3 месеци.

На овие две слики има 5 месеци.

Овде е сликана пред неколку дена.

Многу сака луѓе, и уништува се од дрво и пластика. :D
 
Ако треба, еднаш дневно храни ја, намали од храна за вакцина, ама вакцинирај. Најбитно е . А и законски. Досега во Европска држава некоја, ќе ти ја одземеа а ти и глоба ќе платеше.
Баш ќе го прашам својот ветеринар дали ќе донира тровалентна вакцина и ревакцина, ако.не , некако ќе напраиме да донираме.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Ако треба, еднаш дневно храни ја, намали од храна за вакцина, ама вакцинирај. Најбитно е . А и законски. Досега во Европска држава некоја, ќе ти ја одземеа а ти и глоба ќе платеше.
Баш ќе го прашам својот ветеринар дали ќе донира тровалентна вакцина и ревакцина, ако.не , некако ќе напраиме да донираме.
Во прва прилика ќе ја вакцинирам, се надевам тоа ќе биди што е можно побрзо. Јас од кај што ја купив луѓето ми рекоа дека мајката е редовно вакцинирана и прочистувана, а таткото живее во куќа во богато семејство, и дека е со педигре и е високо отценет. Не знам дали би можел да извадам педигре за моево куче, можи малку без врска се прашањава ама стварно не се разбирам.
 
Ако соодветствува до параметрите на возраста, можеш.
Инаку, со што ја храниш, и колку ја купи ?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Ја купив 2000 денари, последно куче беше ми рекоа затоа пониско ја продаваме. Е сега дали беа искрени луѓево не знам, му звонев на жената за педигре прашував, ми рече дека треба да среди за некои документи и дека ќе ми звони, па не звона и јас не ја припобарав.

За храна обично што јадиме дома правиме и за нејзе да има. Мајка ми дури одеше на работа земаше месо, работеше во хотел, сега што има за нас и за неа, супа, манџи му мешаме со леб, ориз, компир, понекогаш му давам и овошје и зеленчук, не знам дали смее, некаде читав дека грозје не смее на куче да се дава.
 
Всушност не смее ни тоа што јадете дома, поготово не зачинето, ама ај.
Овошје не, зеленчук повеќе. Ама кучињата се карнивори, а најевтино месо мускул ти е срцето како и изнутрици, пред се коски, можеш да вариш и кршиш одошто манџи.
А и има евтини храни, шо е подобра варијанта од манџи и помии.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Всушност не смее ни тоа што јадете дома, поготово не зачинето, ама ај.
Овошје не, зеленчук повеќе. Ама кучињата се карнивори, а најевтино месо мускул ти е срцето како и изнутрици, пред се коски, можеш да вариш и кршиш одошто манџи.
А и има евтини храни, шо е подобра варијанта од манџи и помии.
На ветеринар ми рекоа да не му давам коски, пошто можело да му го распара желудникот, купечка храна има во продавнициве, му имам купувано од тие како топчиња што се, 70 денари е кило. Го имам забележано и трева јади понекогаш а оди и по измет од други животни.
 
Епа ја иам 6, досега на сите им кршиме коски и им даваме. Ни едно не се задавило и останало со распарчани црева. Сепак, се е до карактер на кучето, ако е халаплива и директ голта а не џвака, има шанси.
Пожелно е да му купувааш таква храна одошто манџи , зависи како стоиш со средства.
А лабрадор, за 2000 денари, хмм, сомнително ми е , мојата е купена 300 евра со педигре со све.
@SaltNPepa имаш информација колку се движи цената на лабрадорите ?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Епа ја иам 6, досега на сите им кршиме коски и им даваме. Ни едно не се задавило и останало со распарчани црева. Сепак, се е до карактер на кучето, ако е халаплива и директ голта а не џвака, има шанси.
Пожелно е да му купувааш таква храна одошто манџи , зависи како стоиш со средства.
А лабрадор, за 2000 денари, хмм, сомнително ми е , мојата е купена 300 евра со педигре со све.
@SaltNPepa имаш информација колку се движи цената на лабрадорите ?
Просек 500е. Зависи од многу работи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom