Плускавци на раце

  • Креатор на темата Креатор на темата Dallas Mavericks
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Возраст
34
Здраво форумџии.
Кога ќе се појави плускавец на раце дали има некое средство со кое ќе го снема плускавецот.

Мене ми се појави плускавец, и земав во млака вода го трљав плускавецот со сапун 15 минути и се намали скоро целосно плускавецот, може за некое време и целосно ќе го снема плускавецот.

Да не знае некој некој начин за третирање на плускавец на раце?
Да не знае некој и кога ќе пецне коприва по раце, дали има начин да се ублажи трнењето и пецкањето на рацете од копривата?
 
Здраво, најдобро е да идеш некој да ти пре-бае многу е ефикасно и најбрза могуча терапија ти е. Имаш и друга опција, која ти е многу по здрава и по ефикасна од сапунската, тоа ти е да си земеш алое вера концентрат и спреј, само процедурата е малце по долга, зависи од типот на плускавци, може да трае и до 6 месеци активно мачкање. Поздрав
 
Здраво форумџии.
Кога ќе се појави плускавец на раце дали има некое средство со кое ќе го снема плускавецот.

Мене ми се појави плускавец, и земав во млака вода го трљав плускавецот со сапун 15 минути и се намали скоро целосно плускавецот, може за некое време и целосно ќе го снема плускавецот.

Да не знае некој некој начин за третирање на плускавец на раце?
Да не знае некој и кога ќе пецне коприва по раце, дали има начин да се ублажи трнењето и пецкањето на рацете од копривата?
намочај ја :D
 
izgorenici-450x306.jpg

...кога се форсира некоја рачна работа, а рацете како основна алатка за таа работа поради неносење заштитни ракавици може да се појави оштетување на горниот слој на кожата која во моментот на оштетување може да биде исполнета со прозирна течност, но и со крв или гној поради некоја инфекција при оштетувањето, како и да е народот од секогаш вели не ги чепкај сами нека исчезнат ( демек сами нека се дупнат, оти доаѓа до опасност на навлегување на инфекција, а и болката е поголема доколку тоа се прави ,,со сила,,),

5.jpg

...околу плускавецот секогаш има или црвенило односно настанува за кратко време воспаление така да било што да се направи мора два дена да помине да самата кожа се санира од повредата...мој совет е само да се заштити со фластер плускавецот и телото само за два дена ќе направи чудо само на себе си помага, инаку било кои лековити растенија имаат својство на ,,ладење,,, антивоспалително дејство, може да помогне- но не мора да се користат оти тие два дена се неминовни да се обнови самата површинска кожа!

gnojno-zapaljenje-12.jpg

...само треба да се внимава доколку се добие некој воспалителен, инфекционен процес во таа оштетена регија, плускавецот добива гнојна содржина тогаш можеби ќе треба употреба на антибиотик !
 
Стави слика, незнам за каква плускавица мислиш, ако е како сликата погоре-полна со проѕирна течност, дупни ја од страната со дезинфицирана остра игла и истискај ја да истече течноста колку што може повеќе, после стави ханзапласт/фластер нацицан со алкохол или јод.
Ова ти го каживам од искуство, многу често ми се појавуваат такви (како на горната слика викам) и секогаш ги дупам и ја цеадам течноста, а многу често и со мали и остри ножички ја сечам цела кожа што е одделена од долниот дел, и после ставам етанол (96% алкохол) и ханзапласт/фластер со етанол, е ова боли 10-тина минути како да стои жар на кожата, ама после ден-два немам гајле. Само на секое миење раци ќе мора да го менуваш фластерот и да ставаш нов исто со алкохол/јод.
 
Се работи за многу мали ситни точки по рацете, дури и може да не се плускавци, како некои ситни мали точки ми се појавија.
Овие кои се погоре од членот сликани се многу големи.

На палец од десна рака, местото каде се земаат отпечатоци за идентификација, е па малку подолу од тоа место, ми се појави ситно нешто кое не зафаќа ниту 1 сантиметар површина.
А на истиот палец баш кај што се земаат отпечатоци неколку години имам исто такво мало ситно како некоја точка која не зафаќа ниту 1 см, тоа се сеќавам кога редев исцепани дрва едно дрво ме закачи и веројатно од тоа ми се појави тоа ситно нешто.

Имам и на уште 2 прсти од внатрешна страна такви ситни точки, но воопшто не личат на плускавец како сликаното на членот на форумот. Не знаев како да ја наречам темата па затоа и пишав плускавец, но тоа што ги имам тие неколку мали точки по 1 см воопшто не отечени и не личат на плускавец.

Работата е што, дива трева измешана со коприви со ракавици ја чистев од двор. И работев и со мотика па на моменти силно замавнував со мотиката за да ги извадам корењата и може заради тоа да се појавиле ситните точки во внатрешната страна на прстите.
Плус иако имав ракавици неколку пати ме пецна копривата преку ракавиците и не знам дали е поради тоа пецкање и тоа со ситните точки на внатрешниот дел од рацете и прстите.
 
Стави слика, незнам за каква плускавица мислиш, ако е како сликата погоре-полна со проѕирна течност, дупни ја од страната со дезинфицирана остра игла и истискај ја да истече течноста колку што може повеќе, после стави ханзапласт/фластер нацицан со алкохол или јод.
Ова ти го каживам од искуство, многу често ми се појавуваат такви (како на горната слика викам) и секогаш ги дупам и ја цеадам течноста, а многу често и со мали и остри ножички ја сечам цела кожа што е одделена од долниот дел, и после ставам етанол (96% алкохол) и ханзапласт/фластер со етанол, е ова боли 10-тина минути како да стои жар на кожата, ама после ден-два немам гајле. Само на секое миење раци ќе мора да го менуваш фластерот и да ставаш нов исто со алкохол/јод.
Истово ова и јас го применувам, само што јас целосно ја отстранувам кожата од плускавецот и потоа не се мачкам ниту со алкохол, ниту носам ханзапласт, и би рекол дека ова е најбрзиот медот за лекување/отстранување на плускавците.
 
Najbrz i najlesen za inficiranje.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom