Jas ponekogash upotrebuvam angliski izrazi zatoa shto vo momentot makedonski izraz ne mi doagja na pamet. Silver Lining e koga neshto prikazhuvash rozevo niz rozevi naohari zatoa shto ima mal milion videa od sharenata revolucija i imavme prilika da vidime kako se tepaat i palat so svirchinja, a ti mi zboruvash za devojchinja shto lichno si gi poznaval Koja e poentata ovde...toa ti e "silver lining".
Ushte ednash chestitki i ne znam kako sum promashil poenta koga chestittam pobeda. A za ona gnidi moram da priznam deka preterav, toa go povlekuvam.
A da ke zaboravev...Makedonci se presmetuvaat so Makedonci a Albancite neka si berat gajle za svoite psihopati
Првите 2 дена, впрочем кога се палеше и кршеше, тоа не беше во организација на шарената. Можеби беше партиски, можеби беше преку невладините, не знам. Шарената произлезе неколку дена подоцна, па затоа ако мислеше на претседателската канцеларија, тогаш си во нема заблуда.
Научи македонски, не е тешко, како што не е тешко да се пишува на кирилица. Затоа ајде уште еднаш на македонски. Да, имаше шарање и насилство, но не до ваков степен како што имаше вчера. Тука не можеме да правиме никави споредби. Вчера беа повредени и полицајци и пратеници, за оние фашистички што го узурпираа собранието не ме интересира.
Да, победата ја честита со навреда. Прво ова не е моја победа. Јас моментално сум гласач, ниту сум член, ниту сум симпатизер на некоја политичка партија, и од апсект на граѓанин (гласач) ги констатирам овие нешта. Ако утре има избори, вмро ќе доживее дебакл. Ако имаат 40 пратеници, можат да бидат среќни.
И околу тоа за веродостојноста на процесот. Кога се гласаше буџетот, на тој црн понеделник, опозицијата имаше поднесено преку илјада преставки! И таа да не е присутна, тие мора да се разгледаат и по нив да се гласа. Потоа лани буџетот беше донесен за 1 ден, а уставот предвидува најмалку 3 дена дискусија! И сега ќе мрмчите за веродостојност. Трајко требаше да го свика собранието, според деловникот, а најстариот присутен пратеник да ја води седницата, со можност да го отстапи местото на следниот по старост. Тоа е процедурата. Значи со вакво темпо, можеше да се дискутира со години, идиотите вечно да читаа партиски записки и Македонија да тонеше во живиот песок кој водеше кон престанок на исплата на платите, состојба без градоначалници и тоа преку 1 г., економска криза која може да доведе до намалување на платите и пензиите и граѓани на улица. Очигледно тоа го сакаш. А очигледно не живееш во Македонија, чим на знаеш македонски, и лесно ти е да зборуваш од страна кога тука народот црнчи за 200-300 евра плата. Тоа е исто како турците на Ердоган, гласаат За диктатурата од странство, знаејќи дека Турција ќе им биде само дестинација за пролаз на летниот одмор, додека тие 40.000 ќе умрат во затвор поради лошите чекори на Ерџо. Па сега види ти зошто цела Европа не мрази, да не сакаше досега братски ќе се поздравувавме со нив, а ние денес си тонеме во црната јама која нема крај.