IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
> Спомнува реално, конструктивно и објективно аргументирањеУште еден пример за човекова психосемантичка испрограмираност. Во овие операции на странците до сега употребија скоро се што е откриено за човековото резонирање, однесување, расудување за да дојдат до својата цел.
Во вакви дебати со блиски сум седел со саати и саати и на крај кога ке се потрошат сите аргументи на реално, конструктивно и објективно аргументирање последниот т.н. аргумент е "Абе не можам да го гледам, 10 години го гледам, нека дојде некој друг"
Таа платформа требаше да биде испорачана преку Диво Насеље, затоа беа дојдени гнидите таму. Али кога таму беа брзински неутрализирани еве ги 2 години подоцна преку Заев таа да се реализира.
Ништо од таа платформа не беше отфрлено, впрочем вчерашното интонирање на албанската химна и обидот за поставување на Талат прв чекор кон нејзина имплементација. Интонирањето на химната беше класичен преседан, провокација, у собрание на една држава ти се интонира албанска химна. Ај за тие од сдс јасно ми е, ама тука и пратениците на вмро изреагираа многу аматерски го дозволија тој чин на провокација нешто што не смееше никако да го дозволат.
Грујо јавно на тв, не преку лидерски тајни средби, зад затворени врати каде што можеме само да нагаѓаме, покажа дека не се бори за власт, кога му рече на Заев дека ги има на располагање пратениците на вмро да формира влада чим толку се запнал да доаѓа на власт но нормално да ја отфрли платформата. Чушката фала богу не може да ја отфрли затоа што потпишал таму нешто, главата му е под хипотека, зема 400.000 гласа благодарение на албанците и западот и сега нема назад, има обврска да ја имплементира до крај. Нема назад.
Немој да ми збориш за криминали, јазичето на вагата е во рамна линија, а тоа значи еднаквост. Иаме аболициран криминалец, 1 евро за вицето и пар други работи за него и тие околу него. Али не ми е тоа проблем, сварно ме заболе курот за тужните врби, палмите и мерцедесот.
Овде влогот е многу поголем.
Ова сценарио беше испорачано во Украина и во друго земји од блискиот исток. Копи пејст. И слеп човек може да го види. Штета што не научивме од другите. Не дадовме, т.е. многу малку жртви дадовме во осамостојувањето на оваа држава, затоа сега ја даваме на тацна и со широко отворени раце прифаќаме премиер на туѓа држава и албанците во македонија да ни ја креираат судбината.
Не е на арно дефинитивно, но јас велам, нека се остави да тера сдс. Народот мора да осети на сопствена кожа за да поверува. Сеуште има луѓе кои читаат/гледаат само нивни медиуми и немаат поим што се дешава зад завесата. Убедени се дека платформата нема нишо везе. Исто како во 2004 со територијалната поделба. После тоа вмро беше 10 год на власт.
> Продолжува со копи-пејст на теории на заговор и лажни спинови од курир, република и остало
Треба да се вршат научни анализи на вакви ментални склопови, да се види до кој набилдан степен се возможни политичките предрасуди и когнитивната дисонанца.