Прозорци и столарија

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Здраво форумџии. Ми треба мала помош околу поставување на ПВЦ столарија. Имено, од една фирма ми нудат поставување на профил Profilink 6 коморен и 4 сезонско стакло. Дали некој има информации околу овој профил, во смисла како се има покажано и сл. Јас знам само дека е со потекло од Бугарија, а за жал не познавам никој таков да има поставено за да го прашам. Ви благодарам однапред. Поздрав
Не дека ти треба мислење од некој кој и не се разбира многу од pvc столарија, ама сепак мислам дека попрепорачливо е да се држиш до некои (кај нас) повообичаени и (кај нас) попознати произведувачи и изведувачи. Ги има доста, повеќе или помалку прочуени. Не е лошо и да прошараш низ интернетов за повеќе информации, како за Profilink така и за другите профили. А не е лошо и да си провериш што оков нудат од таа фирма и на каков глас е фирмата. Кај нас никогаш не се знае кој може да те зафркне, ама уште ми се чини дека помала е таа веројатност кај некои од покрупниве изведувачи кои имаат серификати, повеќегодишно професионално минато и некаква репутација.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
@icemaher @PinkyTheGreat

Затоа според мене, а и според голем број на други луѓе бар малку запознаени со градежништвото, како и градежници и архитекти, најдобар начин за внатрешна термоизолација е системот минерална волна - гипскартон - профили. И за овој систем на времето се мислело дека е канцероген и тоа навистина било така, затоа што како изолација се користела стаклената волна. Но во денешно време се користи минерална волна за која постојат и сертификати дека е правена од природни материјали и истата не е штетна за здравјето на човекот, а и околината. Значи се поставуваат алуминиумски профили, па можат и дрвени, ако ѕидот е изложен на влажност се поставува врз нив и парапропусна водонепропусна фолија и истите се исполнуваат со минерална волна. Врз нив се поставува парапропусна водонепропусна фолија и тоа се затвара со гипскартон, а со два слоја на гипскартон веќе може да се добие и доста цврст ѕид на кој можеш да поставиш од слики до висечки елементи кои можат да тежат и повеќе од 50 кила. Во ѕидот се поставува типла и потоа поставуваш што сакаш. Најдобар гипскартон и најдобра и најсигурна минерална волна е на Knauf, а и цените во однос на погорен наведените производи се доста прифатливи. дебелината на новиот ѕид/изолација со минерална волна од 5 центиметри би требало да има дебелина од некои 6 - 7 центиметри, што нема нешто посебно да ти го намали просторот. Градежниот хаос и нервозите нема ни да го осетиш, затоа што мајсторите сетоа тоа ќе ти го намонтираат за пола ден до еден цел ден, а ефектот од изолацијата ќе ти биде долготраен.

А за тоа дека ПВЦ прозорите имало шанса да ти бидат канцерогени е мала шанса и тоа во случај ако се користи некоја кинеска пластика по сто пати рециклирана од непознато потекло. Затоа се што ќе купуваш и вложуваш во својот дом купувај го од фирма со сертификат. Така нема подоцна да те боли глава:D


Се надевам дека бар нешто помогнав за да се разјасни:)

Најдобра изолација за куќата е надворешната.Барем 14см стиропор и добиваш подобра изоллација.Прозорите што се местат кај нас не се местат правилно.Секогаш имаш термички мост таму.Поекономично и почиста работа.Дома не ти влеваат мајсторите со фасадата.Камената волна е подобра ама во сллучај да ти треба и акустична фасада,т.е да живееш на главна улица или ако има галама надвор.Гипскартонот е најдобро решение за во зграда ако живееш.Има Кнауф посебна термичка изолација во стил на итон плочите ама премногу е скапа за наши услови.Ставајте стиропор фасади и по можност над 10см.Ако имате услови користете го црниот стиропор ама ако правите фасада летен период да не ве лаже газот да ја користите оти каа банана ќе се искриви и ќе имате многу термички мостови.Не штедете на материјал.
 
Член од
1 април 2014
Мислења
285
Поени од реакции
186
Ај да се вклучам повторно во темава со лично искуство.
После направено истражување, консултации и разни понуди од разно разни фирми и монтери, се одлучив за ПВЦ профили Алупласт со оков Рото. Цената беше ефтинка споредбено со премиум брендовите како Саламандер и слично, за разлика од мене мој другар стави од тие “слично“ знам дека не беа Саламандер, не се сеќавам сега точно на брендот, но ги плати 40% повеќе од мене.
За неговите прозори и врати треба да притиснеш силно за да затвориш нешто, кваките кога ги вртиш едвај вртат и не добиваш осет како да всушност кваката со вртење го притиска кедерот на профилот.
Додека на моите кваката има некој механизам кога ја вртиш крцка на секој 2 мм вртење и притиска у пм! До сега апсолутно никаква забелешка, функционираат перфектно, дури стаклата имаат некои фолии и одбиваат сончеви зраци, и директно да те пече сонце, не ти требаат ролетни имам само бели завеси :)
Муабетот ми е: не се летајте за нај скапото, само ќе си ја платите цената.
Топла препорака за Алупласт со Рото.
Поздрав
 

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Ве молам некој да ме информира кој изработува навистина квалитетни и убави кујни по мерка.
 
Член од
1 април 2014
Мислења
285
Поени од реакции
186
Ве молам некој да ме информира кој изработува навистина квалитетни и убави кујни по мерка.
Хммм да прашаш во Симпо? За мене тоа е синоним за квалитет. Проверено со неколку производи

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Изгледа не си во тек на муабетот, па сакаше да ме демантираш. Јас пишав што е најдобро за внатрешна изолација, затоа што @Сабазиј бара совет, затоа што живее во зграда и тоа во погорните спратови.

Ај да се вклучам повторно во темава со лично искуство.
После направено истражување, консултации и разни понуди од разно разни фирми и монтери, се одлучив за ПВЦ профили Алупласт со оков Рото. Цената беше ефтинка споредбено со премиум брендовите како Саламандер и слично, за разлика од мене мој другар стави од тие “слично“ знам дека не беа Саламандер, не се сеќавам сега точно на брендот, но ги плати 40% повеќе од мене.
За неговите прозори и врати треба да притиснеш силно за да затвориш нешто, кваките кога ги вртиш едвај вртат и не добиваш осет како да всушност кваката со вртење го притиска кедерот на профилот.

Додека на моите кваката има некој механизам кога ја вртиш крцка на секој 2 мм вртење и притиска у пм! До сега апсолутно никаква забелешка, функционираат перфектно, дури стаклата имаат некои фолии и одбиваат сончеви зраци, и директно да те пече сонце, не ти требаат ролетни имам само бели завеси :)
Муабетот ми е: не се летајте за нај скапото, само ќе си ја платите цената.
Топла препорака за Алупласт со Рото.
Поздрав
Точно е дека секогаш цената не е показател за квалитет, но разликата помеѓу другар ти и тебе е што ти си купил нешто сигурно, веќе испробано и брендирано, а другар ти купил нешто што не било Саламандер, т.е. нешто небрендирано, нешто непознато, а и прашање дали истото има сертификат. И ти можеш да купиш најскапи прозори, ама ако се правени без пропис кај непознато лице во подрум логично е дека нема за ништо да ги бива.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Изгледа не си во тек на муабетот, па сакаше да ме демантираш. Јас пишав што е најдобро за внатрешна изолација, затоа што @Сабазиј бара совет, затоа што живее во зграда и тоа во погорните спратови.


Точно е дека секогаш цената не е показател за квалитет, но разликата помеѓу другар ти и тебе е што ти си купил нешто сигурно, веќе испробано и брендирано, а другар ти купил нешто што не било Саламандер, т.е. нешто небрендирано, нешто непознато, а и прашање дали истото има сертификат. И ти можеш да купиш најскапи прозори, ама ако се правени без пропис кај непознато лице во подрум логично е дека нема за ништо да ги бива.

грешка моја.Се извинувам


Ако правиме муабет за пропис на монтажа,се додека не почнат да се користат мртби каси и посебна трака или селотејп за против влез на воздухот тешко дека ќе биде нешто.Мора малкуи тие што местат столарија и што работат со ова малку да се образоваат и да напреднат.Се додека е кај нас намести и зимај парите,нема да биде направено како што треба
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
грешка моја.Се извинувам


Ако правиме муабет за пропис на монтажа,се додека не почнат да се користат мртби каси и посебна трака или селотејп за против влез на воздухот тешко дека ќе биде нешто.Мора малкуи тие што местат столарија и што работат со ова малку да се образоваат и да напреднат.Се додека е кај нас намести и зимај парите,нема да биде направено како што треба
Се е тоа дискутабилно, поточно се зависи од тоа како е монтиран. Кај нас грешка е тоа што кога ставаат нови прозори ги монтираат со фиксирање во ѕидот, а празните прозори ги пополнуваат со пур пена и тука се завршува или евентуално делот кај пурпената се замалтерисува. Вака поставениот прозор губи многу од својата функција, поточно и од најскапите прозори да ставиш ќе биде исто како да не си ставил прозори, а ќе има и провев и појава на мувла и влага.

Правилно е ако празните простори се затвараат со пур пена, истите подоцна да се затворат со изолациониот дел од фасадата. Тоа подразбира од надвор да се иструга вишокот на пур пена и веднаш на истиот да се прилепи стиропорот кој е дел од фасадата. Дури и оние кои не ставаат надворешна изолација од стиропор пожелно е да стават во тие делови стиропор кој и вака и така ќе се фиксира за ѕидот, па ќе понуди изолација.

Иначе најправилниот начин за поставување на прозори кој речиси веќе и не се користи е поставување на прозорите во слеп довратник/забче од ѕидот. Тоа подразбира поставување дрвена или ПВЦ рамка, но може тоа да биде и дел од ѕидот, кој ќе има функција на жлеб и лежиште во кое ќе навлезе прозорот. Така прозорот е максимално фиксиран, нема простор за појава на топлотни мостови, а подоцна и дополнително може да се изолира околниот простор.
 

Pasha

Сомнително Лице
Член од
17 април 2005
Мислења
157
Поени од реакции
2
Дечки , пред 6-7 години имам земено дрвена словенска дограма од Словенијалес , али во битола гледам повеќе немаат представништво и како што гледам на страната не ни произведуваат повеќе дограма ... а во битола не ни има гледам словенска дрвена дограма ... ми требаат два прозори слични на другиве што ги имам , дали можи да ми дадете предлог каде можи да најдам по другиве градови

данке
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дечки , пред 6-7 години имам земено дрвена словенска дограма од Словенијалес , али во битола гледам повеќе немаат представништво и како што гледам на страната не ни произведуваат повеќе дограма ... а во битола не ни има гледам словенска дрвена дограма ... ми требаат два прозори слични на другиве што ги имам , дали можи да ми дадете предлог каде можи да најдам по другиве градови

данке
Незнам кој тип на прозори го имаш, но за дрвени прозори можеш да видиш во Промонт и во Мебел Ацевски:)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Дали би имало ефект доколку на дрвени прозори се направи дихтување со алуминиумски лајсни :
https://www.youtube.com/watch?v=UTYrzsVc544
(српска е фирмава, не правам реклама)
Па се зависи од тоа во каква состојба се дрвените прозори. Ако се премногу разлабавени или посебно ако имаат попуштено при контактот дрво - стакло, тогаш ни алуминиумски лајсни во комбинација со силикон не би помогнале:D
 
Член од
27 ноември 2014
Мислења
14
Поени од реакции
8
Скоро ставав PVC прозорци па да споделам мислење со надеш дека ќе помогнам на некој кој допрва сака да става.

Скоро месец дена правев исражување на пазар, кој тип на профили постојат, тип на стакло и механизми т.е оков.

На крајот дојдов до два главни заклучоци:
1. Како и да се пвц прозорците, ќе бидат далеку подобри од дрвените, па не се залетувајте толку на бројки на хартија од типот на коефициенти на топлопроводливост и сл.
2. Побитна е фирмата т.е изведувачот т.е тој кој го крои и монтира прозорецот околку кој тип на профил се користи.

И нај шит профил да ставите ако фирмата добро го изработи, со челични појачувања и добро го монтира, топ ќе биде. И најдобар профил да ставите ако лошо е монтиран џабе е.

Секој прозорец има три компоненти:
Профил
Оков
Стакло

1. Профил
Битно е да има 1.5мм челично појачување. Коефициент на топлопроводливост да е под 1.5. Број на комори и не е нешто многу битен.
Ова е моја ранг листа, не мора сите да се согласите со неа
Прва класа на профили: Rehau (најскапи), Veka
Втора класа: Salamnder, Kommerling, Aluplast
Трета класа: KBE, Trocal, Wingo, Gaelan, Roplasto
Шит класа (турско-бугарски): Ролопласт, Winhause, Wintec, Bauer
Со една напомена дека кај Рехау Генео нема челично појачување, демек биле нов модел и немало потреба. Јас никад не би зел вакви.
Саламандер нуди 100 години гаранција дека нема да ви смени боја профилот.

2. Оков
Најбитен момент. Џаве фрлиш пари на рехау ако имаш лош око.
Ранг листа
1. Siegenia
2. Roto, Maco
3. Winkhouse

3. Стакло
80% од фирмите кај нас користат домашно стакло (еленови, 29 ноември, пинтија итн). Што и не е така лошо
1. 4 сезони стакло. Дефинитвно најдобро. Најдобра излоација.
Најскапо. Но не се препорачува за прозорци кои не ги фаќа многу сонце бидејќи ова стакло ја затемнува малку собата, Се става од надворешна страна, ги одбива сончевите зраци. Гледано од надвор на сонце не се гледа многи внатре, како огледало е . Прелива.
2. К стакло. Дефинитвно ако не може да се купи 4 сезонско мора ова. Разлика во топлинска проводливост со 4 с не е којзнае колкава ама и во цена исто така.
3. Термопан стакло, не е лошо, најефтино е. Може да се земе ова стакло заедно со надворепни ролетни и да се добие добра комбинација.

По мое надобри цена перформанси кај нас е Алупласт со Рото или Мако со 4с стакло.
Јас ставив алипласт со рото со 4 сезонско стакло и презадоволен сум. Презадоволен сум од фирмата пред се.
Екстра беа. Плавит 40% пред монатажа, остатокот недела дена по монтажа.
Имам гаранција десет години. Многу добро ги монтираа, ептен ми излегоа во пресред со се, дури и мајсторот што ги монтирање, он и ги склопувал, една цефка имав пукната во вц и таа ми ја среди онака. Се исчистија на крај.
Фирмата нема веб страна, само профил на фб, и имаа и една од најконкурентните цени тука.
Нема да пишам има за да не рекламирам тука, кој го интересира може по пп.

одличен пост, секоја чест на појаснувањата

Дали имаш информации за квалитет на Г-У оков:

https://www.g-u.com/en/home.html

поздрав
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Ај ве молам дајте ми совет какво стакло и сл. ми е потребно за намалување на бучава од надвор?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom