Меѓутоа, еве кога сме веќе таму, сега ќе кажам. Било која индустрија што брои околу 5.000 (а сигурно и повеќе) вработени и тоа како придонесува во БДП, уште повеќе што најмалата просечната плата во овој сектор е над 50.000 денари. Незнам ти дали знаеш да сметаш, но доколку не знаеш, постојат дигитрони и види колку всушност придонесува оваа гранка во Република Македонија. Тоа значи околу 4 милиони евра во оптек на месечно ниво, пари од кои што живеат и флизерите и заболекарите. Тоа се околу 2 милиони евра на месечно ниво во придонеси, пари од коишто живеат пензионерите.