Брат ми не е тотален лаик, ти очигледно си. Јас убаво нагласив дека Телемата може да биде основа за филозофија, но дека е глупост да се смета исклучиво за филозофија и ништо друго. Цитатот на кој се повикуваш и кој си го болдирал со црвено, јасно надполнува - ,,и религиска матрица"! Телемата содржи и пракси и методи, таа е систем. Филозофијата нема медитации, јога, магика!
Можеш фудбалот да го асоцираш со топка, но неможеш топката да ја асоцираш исклучиво со фудбал.
Ипси, си ги помешал работите, медитација, јога , магика спаѓаат во метафизика осознавање на нештата кои се непристапни за сетилата како што е душа и бог, однос помеѓу умот и телото и слично,а метафизика е гранка или дел од филозофијата исто како што е и логиката.

Сепак гледам дека многу емоционално делуваш кога е во прашање што е телема, па за твој атер ќе ги промениме сите познати дефиниции за филозофијата и ќе го прифатиме твоето дека во телема може да биде основа за филозофија.

Ете викаш лета магарето..лета,ама ниско по земја...или што би рекол твојот брат..
Философијата на Законот на Телема вели дека колку ти е можноста, толку.
Како може да биде наметнување нешто кое ти вели живеј како што ти е волја?! Најди ја својата предодреденост, својата суштина и живеј според неа!
И нормално ќе кажам дека не ги разбирате цитатите, кога трескате глупости! Ти самиот си кажа дека не си прочитал ниедна книга за Телема, дека немаш ни намера да прочиташ, а трчаш по нас како куче да ни кажеш што била Телема, иако се што знаеш за неа, знаеш од нас!".
А вие ја разбирате толку добро духовноста што можете на секој верник да му ја удирате по нос.
Тоа е за вас предодредена волја? Нема тема каде не труете со телема, ама затоа кога ќе наидете на отпор веднаш ја ставате како непозната икс , вие сите духовности ги познавате,а телема е енигма .
Од каде знаеш ти дали може или неможе некој да се осознае?! Можеш да влезеш во нечија кожа? И предходно сум ти кажал, ти си дошол до одредено искуство, си извлекол одреден заклучок од тоа и си го прогласил за апсолутна вистина, апсолутно правило! Не си свесен дека си создал ист ,,идол" иста догма како и верниците од кои толку страсно се дистанцираш.".
Не пропагирам ниту една догма,филозофија или религија..користам едноставни зборови чии основи се темелат на човековите промени идентични за сите од бебе до старец и смртта, тоа се доживувања заеднички ,а не различни.Не ставам име ниту ја присвојувам духовноста, а уште помалку не ги обвинувам оние кои сеуште се на градите од својата "мајка " - верување.
Никогаш не сим се дистанцирал, напротив многумина па и вие ме идентификуваат со се и сешто, но тоа мене не ми смета!
Ти трчаше по мене и кога појма немав што е Телема! На три форуми ме следиш, од 2009-та. Тоа е болест бре човек!
Токму поради тоа ти добро знаеш дека Телемата не е само ,,етикета" со која слепо се идентификувам, бидејќи истите ставови сум ги имал и тогаш! Телемата е само симбол - алатка која најдобро ја отсликала мојата перцепција, мојот начин на размислување! Затоа ти ја споредив со азбука! Јас упорно ти објаснувам дека е истиот ,,роман" само ,,азбуката" е сменета, ти упорно ми велиш дека ,,азбуката" е романот. И да биде трагикомедијата поголема, ти мене ми префрли за дијалог од типот ,,глупиот и поглупиот".
Погрешено го толкуваш нашето мегусебно форумско дружење, се појавувам од време- навреме тоа го потврдуваат малиот број мислења 580, наспроти твоите 14000 мислења, и водам дискусии со оние кој себеси се сметаат најголеми познавачи на духовноста, најгласни во своите спротиставени ставови со верниците.
Не мислев дека и тоа ќе го сватиш толку лично, нашите разговори се во контекст на духовното, а не се во стилот какви серии гледаш по дома или зошто работиш тоа и каков ти е брачниот статус, она кое од петни жили твојот брат сака да го престави на форумот.
И не е убвао што си пренел лични работи за мене на Хепта, види истите како ги користи да провоцира!
Хепта, што друго ти остана од провокациите? Разбирам дека родителски си поставен кон телема бидејќи за истата се грижиш на блогот и тука на форумот, но во недостиг на одредена филозофија или религија очекував ваков развој на настаните.Провакациите се неуспешни , единствен начин кои ти преостана да бидам баниран по моја реакција е на твоја провокација.
Не сакам да звучам навредливо , но ако имаш проблем со совеста можам да ти препорачам еден добар лек ,се вика Неурофорте,важен фактор за здрав невроситем.
