После 6 месеци на Асентра колку што е минималниот период за да се добие ефект од антидепресив во комбинација со спорт (3 пати неделно велосипедизам во природа - водно, матка, козјак...), социјализација и негување на позитивна мисла бев на контрола кај психијаторот. Докторот е задоволен од мојот напредок и јас исто, постигнав уредни психофизички сили, нормално расположение без соматизација.
Од сетралинот не чуствувам никакви негативни ефекти, напротив само подобрување.
Навистина оваа ,,дрога" многу ми помогна во еден исклучително тежок период во животот. Единствено што ми остана се повремени тензиони главоболки кои може да се санираат без медикаменти, само со спорт. Затоа докторот ми ја намали терапијата на 25мг (половина таблета) со тенденција на откажување во наредните 2 месеци.
Меѓутоа еве веќе 3 дена откако бев на контрола не можам да соберам сили да почнам да пијам половинка асентра. Она што ме плаши и спречува да почнам со откажувањето е дека можеби ќе дојде до реадмисија на состојбата.
Совет ? :/