Ова не е баш вистина. Баш напротив во 80-те и раните 90-ти скоро сите исламистички терористички напади беа организирани од шиитски милитанти групи, offshoots на шиитскиот исламски фундаментализам. Претежно спонзорирани од Иран, со логистичка поддршка на фамилијата Асад, односно татко му на денешниот Асад. Изведбата, претежно дело на подгрупи блиски на Хезболах, како Islamic Jihad Organisation, кои се дел од нивната комплексна организациона структура. Иако се знае кој ги влече конците во позадина. Целите, ефектот, методите и суровоста беа слични како она што сунитските радикални групи го прават денес. И тоа во земји како Шпанија, Данска, УК, САД, Аргентина, (Израел да не го споменуваме воопшто) во кои гинеа невини луѓе слично како и сега. Дури и беа зачетници на некои работи, иноватори што се однесува до методите. Пример, оние први ги полуларизираа самоубиствените напади како политичко оружје, со тоа што со една мала фатва ги прогласија сите бомбаши за маченици. Нешто што сунитските им браќа не чекаа долго да го преземат и ја отворија вратата за ова срање со кое цел свет сега мора да се занимава. Тешко дека ќе можеш да најдеш било каков морален аргумент, за да го оправдаш шиитскиот верски фундаментализам со “помалото од две зла“ критериумот. Се што сунитскиот верски фундаментализам го има направено, веројатно го има направено и шиитскиот, и обратно.
Веројатно, тоа што шиитскиот фундаметализам се преставува како некаква “помека“ варијанта на сунитскиот, е бидејќи во блиската историја сунитските терористички групи комплетно го окупираа spotlight-от, па се забораваат некои работи. Иран и делумно Сирија преку татко му на Башар ал Асад, tick all the boxes кога станува збор за ненормален и нечовечен верски фанатизам. Имаат историја на неверојатно апсурдни и нечовечни подвизи, како да тераат малолетни тинејџери да одат по мински полиња и да се жртвуваат, земајќи што повеќе мини со себе, за да отворат пат за славната револуционерна армија во Ирачко-иранската војна. Радикалниот ислам, без разлика дали е сунитски или шиитски, е негативна појава.
Иран не е антипод на сунитскиот исламски фундаментализам, туку е преставник на другиот екстрем. Теократија е во прашање, не либерална демократија. Државната идеологија, креација на Хомеини, е подеднакво радикална и некомпатибилна со европската култура и вредности, како и онаа на нивните сунитски другари. И они ги имаат истите стандардни пароли како вахабистите: смрт на Западот и неговите идеологии, ширење на политичкиот ислам како доминантна идеологија на целиот свет, обединување на сите муслимани во една заедница, сите “неверници’ се непријатели кои треба да бидат покорени, укинување на било каква форма на секуларна држава, религиозните лидери се и световни и сл. “Реформите“ што ги имаат се замаскирано одржување на статус кво-то. Политичките институции им се жив циркус, во кој неколку верски и световни лидери, помешани во едно, се бираат меѓу себе. А што се однесува на зелената иницијатива, или како и да ја викаа, реалниот нејзин ефект врз политичкиот систем на Иран, беше колку ефектот на укинувањето на забраната за возење за жени врз саудискиот.
Ја не би брзал и со триумфализмот, дека Иран излезе голем победник од овој хаос што се случува последните години на Блисклиот исток. Проблемот со сунитското население и во Ирак и во Сирија останува да постои, неколку милиони луѓе нема магично да исчезнат откако Исис ќе биде победен. Да не заборавиме дека, покрај заливските пари, сунитскиот револт и глупава одлука на САД да се повлечат целосно од Ирак, беа главните причини за рапидниот успех на Исис. Исис никогаш немаше да освои таква територија и да добие таква моќ, ако ја немаше подршката од сунитските племенски водачи, кој во нив гледаа последна сламка за спас од сектаријанските конфликти кои Асад во Сирија и Ал-Малики во Ирак (уште еден пример за некои од катастрофално лошите проценки на надворешната политика под Обама, што некои сега ја поставуваат како златен стандард) непоправливо ги влошија. Ниту сега има изгледи дека нешто ќе се смени, шиитските милиции си продолжуваат по старо, Асад е уште на власт. Веројатно од кога ќе се расчисти со Исис, за брзо време ќе има некој нов исис, со малку поразлично име, по некој нов лик, али со истата тематика.