Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
тешко дека има 2,45 милиони, по поис од 2002 имало 2.022.000 жители.
Од 1981 кога не имаше 1.912.000 до 2002 (20 години) население пораснало за околу 110.000. (башка шо албанско население во последни 50 години расте многу повеќе од македонското.
МВР лани излезе со податоци дека има над 2,45 милиони државјани (НЕ ЖИТЕЛИ), од кој 1,9м полнолетни, ама скоро 1,8 имаат валидни лична карта или пасош, останатите се некој како Кано не им требаат документи и затоа не ги обновуваат!
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Батка Клин сигурен сум дека секогаш кога случајно ќе загледаш некаков избор на убавици , помислуваш ..од каде бе овие овде , а јас гледам наоколу пет пати поубави.....
Просто бата Клин... изборот се прави меѓу оние кои се пријавиле..или ги пријавиле спонзорите. :)
Уште попросто, коа ќе те пучираат, мисли на тие поубавите и на нивните спонзори, пошо по твои критерируми си градел кадровска структура ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
МВР лани излезе со податоци дека има над 2,45 милиони државјани (НЕ ЖИТЕЛИ), од кој 1,9м полнолетни, ама скоро 1,8 имаат валидни лична карта или пасош, останатите се некој како Кано не им требаат документи и затоа не ги обновуваат!
Државјани но не и националности, еве ти пописи како се движеше број на националности во Македонија во задни 50 сетина години

1961 - 1.000.854 Македонци, 183.108 Албанци
1971 - 1.142.000 Македонци, 279.871 Албанци
1981 - 1.281.195 Македонци, 377.726 Албанци
2002 - 1.297.981 Македонци, 509.083 Албанци

За 40 години број на македонци пораснал за 1,3 пати а на албанци за 2,7 пати.
Со тој тренд следен попис ќе има неповолни резултати за македонската нација.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Државјани но не и националности, еве ти пописи како се движеше број на националности во Македонија во задни 50 сетина години

1961 - 1.000.854 Македонци, 183.108 Албанци
1971 - 1.142.000 Македонци, 279.871 Албанци
1981 - 1.281.195 Македонци, 377.726 Албанци
2002 - 1.297.981 Македонци, 509.083 Албанци

За 40 години број на македонци пораснал за 1,3 пати а на албанци за 2,7 пати.
Со тој тренд следен попис ќе има неповолни резултати за македонската нација.
Може и побрзо, едно прашање директно: дали ти мислиш дека 2017 треба да е година на пописот во Република Македонија? Твое лично убедување, да или не, и зошо може, или не...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.349
Изборна единица 1- Излезеност 73,62 %








Изборна единица 2- Излезеност 66,55 %








Изборна единица 3- Излезеност 72,74 %







Изборна единица 4- Излезеност 75,00 %







Изборна единица 5- Излезеност 64,66 %








Изборна единица 6- Излезеност 51,30 %






вака мислам дека е попрегледно, барем да видиме според која Изборна единица имаме најповеќе неважечки ливчиња, односно кој доби најповеќе гласови и каква е излезеноста, дали сите три се во едно?!!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Може и побрзо, едно прашање директно: дали ти мислиш дека 2017 треба да е година на пописот во Република Македонија? Твое лично убедување, да или не, и зошо може, или не...
требаше 2011 да е година на попис, па после 2021. Онака како е законски.
Прво треба да се земат на одговорност оние кои не го извршиле пописот во 2011, да се казнат и да се направи редовниот попис во 2021.
Пописот кај нас има политичка смисла, инаку тој пред и се служи да може државата да види колку има жители, колку обработливо земјиште, колку стамбен простор колку деловен простор колку возила колку млади лица колку старци.... не е попис само да видме колку сме “ние“ а колку “тие“
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
требаше 2011 да е година на попис, па после 2021. Онака како е законски.
Прво треба да се земат на одговорност оние кои не го извршиле пописот во 2011, да се казнат и да се направи редовниот попис во 2021.
Пописот кај нас има политичка смисла, инаку тој пред и се служи да може државата да види колку има жители, колку обработливо земјиште, колку стамбен простор колку деловен простор колку возила колку млади лица колку старци.... не е попис само да видме колку сме “ние“ а колку “тие“
Јас на пример во потполност се согласувам дека попис на население е битна операција, врз основ на истата може да се направат куп анализи кои ќе бидат показатели на одредени трендови, политики и сл, меѓу другото и и тоа колку сме да се пребориме сите. Инаку се согласувам дека некој требаше веќе да има понесено одговорност за неуспешноста/одлагањето на пописот, и сепак требаше истиот да се реализира. Инаку секаде пописот може а има политичка смисла, анализите се показатели за политиките, ништо ново, е сеа според ова сметаш дека треба 2021 да се чека за нов попис? А детално чистење на избирачки список, број на популација со старосна структура, етнички состав дотогаш на жими мајка или екстрполирани трендови? Неубо...
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
828
Поени од реакции
842
Лично мислам дека оваа лајнарија која ја прави ВМРО полека полека се стреми кон овие две насоки :

Case 1:
Оставка на Хорхе под некој си изговор.. пример дека нема да допушти неговата совест да даде мандат никому..
Потоа иницирање на претседателски избори во кои Груевски ќе се кандидира за претседател. (Best case scenario за Грујота)

Case 2:
Штамата што ја прави SDSM е чекање од Албанците први да повлечат потег и да кажат дека се откажуваат од било/какви закони кои ќе бидат во полза на Албанците во наредните 4 години.
(Best case scenario за Зајо, во кој ем ги придоби Албанските гласачи, ем нема да им е дужен ништо)

Поубедливиот нека победи, искрено периодов ми е јако да ги гледам ВМРОВЦИТЕ што ли се не прават само да се исперат со криминалот..Ако народот наш дозволи да се исчистат, тогаш мој личен став е дека ние како народ немаме муда ниту за демократија ниту за прозападни размислувања, туку заслужуваме диктатура.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Инаку секаде пописот може а има политичка смисла, анализите се показатели за политиките, ништо ново, е сеа според ова сметаш дека треба 2021 да се чека за нов попис? А детално чистење на избирачки список, број на популација со старосна структура, етнички состав дотогаш на жими мајка или екстрполирани трендови? Неубо...
Неубо беше 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017.
Во тоа неубо време се направени 3 избори и на никој не му текна дека то било неубо така.
За да се направи попис треба да се состави влада. Владата донесува одлука за попис. Така да кога веќе ќе имаме легално избраа влада од страна на собранието, може да се размислува за попис. А пошто тогаш ќе имаме собрание со парламентарци и влада со министри, нема да може ни еден резултат од попис да влијае на нивен состав се до следни избори во 2021. Така да како и да свртиш, редовниот попис во 2021 е најдобро решение.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Парите се поделија и никој не одговараше за пропаднатите 12 или 14 милиони евра. Ако им е само до броење на население во државава за избори, ене им ги здравствените осигуреници кои сосе непознат основ чинат околу 1.8 милиони народ. Операција од тие размери и толку скапа, не се прави кога ќе му текне некому. Европа правеше попис во 2011. Има зошто, како и кога се прават пописи, а во една ваква крајно сиромашна држава да се трошат толку пари без успех и контрола каде одат тие пари, е лудост.
Но и во ова сме зад скоро сите земји. Бугарија 30-40% си ги попиша жителите по електронски пат. А Македонија, лидерот...
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Неубо беше 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017.
Во тоа неубо време се направени 3 избори и на никој не му текна дека то било неубо така.
За да се направи попис треба да се состави влада. Владата донесува одлука за попис. Така да кога веќе ќе имаме легално избраа влада од страна на собранието, може да се размислува за попис. А пошто тогаш ќе имаме собрание со парламентарци и влада со министри, нема да може ни еден резултат од попис да влијае на нивен состав се до следни избори во 2021. Така да како и да свртиш, редовниот попис во 2021 е најдобро решение.
Прво имаш благо речено шпекулации од медиуми блиски до опозиција за тајни средби и преговори, значи реално никој не знае колку долго и колку длабоко ќе ора СЈО, и тоа без специјално судско и стражно одделение, е сеа ова реално не одговара на мнозинството од политичкиот естаблишмент во Македонија, затоа имаш какафонија, може купишта злоупотреби, основани сомненија за корупција да се исфрлаат од Собраниска говорница, ама тоа ојде под чергиче, една изборна единица, отворени листи демократизација...и сега испаѓа дека по однос суштински промени или чекори кои водат кон истите нема т.е има консензус за тоа ;)
Попис исто, се користат разни податоци, се злоупотребуваат за днвено политички цели, какафонија но конкретен чекор нема, значи предуслови има, само што реализацијата не им оди во прилог, сега да има анкета кај Албанската популација за отфрлање на т.н Тиранска платформа, да се донесе ред и закон, шо мислиш шо ќе одберат? Табла на Албански на влезот во трудот во Битола?
Значи задкулисни игри се во прашање и пак нема ништо суштинско да има...така и пописот, без разлика на бр на Албанци во МКД кој би се залагал за намалување или непто сл на права по етничка линија ? Освен ако тоа не се изнајде начин да се злоупотреби во политичко контекст за стварање тензија...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Значи задкулисни игри се во прашање и пак нема ништо суштинско да има...така и пописот, без разлика на бр на Албанци во МКД кој би се залагал за намалување или непто сл на права по етничка линија ? Освен ако тоа не се изнајде начин да се злоупотреби во политичко контекст за стварање тензија...
И без платформата сега имаме третина народ невработен, од вработените само 14% земаат плата над 25.000 денари 30% население живее во сиромаштво, стотина иљади Македонци се запишаа бугари за да избегаат од ова место на тага и сивило, сттотици иљади луѓе се иселија а ние и наши внуци ќе враќаме стотици милиони евра испрани пари преку стиропорни фасади, восочни фигури и хонорари на сликари.
И сега бил проблем таблата во заводот за вработување??
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
И без платформата сега имаме третина народ невработен, од вработените само 14% земаат плата над 25.000 денари 30% население живее во сиромаштво, стотина иљади Македонци се запишаа бугари за да избегаат од ова место на тага и сивило, сттотици иљади луѓе се иселија а ние и наши внуци ќе враќаме стотици милиони евра испрани пари преку стиропорни фасади, восочни фигури и хонорари на сликари.
И сега бил проблем таблата во заводот за вработување??
Види ако тоа е суштински проблем, а е,не знам на кој начин т.н Тиранска платформа се осврнува на истиот?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.510
Поени од реакции
37.349
Државјани но не и националности, еве ти пописи како се движеше број на националности во Македонија во задни 50 сетина години
1961 - 1.000.854 Македонци, 183.108 Албанци
1971 - 1.142.000 Македонци, 279.871 Албанци
1981 - 1.281.195 Македонци, 377.726 Албанци
1999 ???? преломен период од 150 000 добиени нови државјанства на алб.етникум
2002 - 1.297.981 Македонци, 509.083 Албанци
За 40 години број на македонци пораснал за 1,3 пати а на албанци за 2,7 пати.
Со тој тренд следен попис ќе има неповолни резултати за македонската нација.

377.726 алб.етникум + 150 000 нови дојденици со алб.етникум од Косово со постојан престој т.е. добиени државјанство - ??
377.725 + 150 000 = 527.725 алб.етникум?
значи ... не албанци туку албанскиот етникум не пораснал,, како наталитет туку ,,пораснал,, како дојденци и вклопени во системот (ниту идат до трето дете ниту рано се венчаваат туку се дојдени )


од 34.20 мин од видеото околу државјанствата, 35.12 мин каде Зибери потврдува за моментално ,,топтан ,, околу 60 000 државјанства од албански ентикум, а другите во понатамошна процедура во преломната 1999 година да нормално потоа во 2002 год тука се дава бројка од 509.083 ,, не Албанци,, туку албански етникум !
 
Последно уредено:
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
требаше 2011 да е година на попис, па после 2021. Онака како е законски.
Прво треба да се земат на одговорност оние кои не го извршиле пописот во 2011, да се казнат и да се направи редовниот попис во 2021.
Пописот кај нас има политичка смисла, инаку тој пред и се служи да може државата да види колку има жители, колку обработливо земјиште, колку стамбен простор колку деловен простор колку возила колку млади лица колку старци.... не е попис само да видме колку сме “ние“ а колку “тие“
Pa toa ti e toj virus shto go instaliraa EU/NATO i USA posle konfliktot 2001 kade shto Makedoncite ,koi be apsolutni pobednici na terenot, od pizdite kako Lj. Georgievski, Branko Crvenkovski, Prezidentot Trajkovski ( se nadevam plakja vo pekolot, koj patem podocna beshe likvidiran kako kuche nekade vo Bosna, potpishaa nekoj si amaterski dogovor koj na Albancite vo Republika Makedonija im dade neogranicheni prava da pravat shto sakaat.
Direktivata od kominternata , chitaj Brisel, beshe jasna. Pravite shto ke pravite, Albancite mora da bidat 20%.
E sega shto stanuva...15 godini podocna neshto na tie USA/NATO/EU ne im odat rabotite. Kako prvo i prvo EU (chitaj Merkel) veke nikoj ne gi esapi nitu pod razno. Ne samo Polska, Ungarija i shto najavuva Francija tuku i Makedonija im dava korpi. Godpodinot nash Prezident, tie teshki birokrati od EU gi tretira kako "moroni" kao galamzhdii i nishto poveke. Se zakanuvaat so ova, so ona a na krajot za mo duvaat topol vozduh i nishto poveke. Nashiot prezident go znae toa mnogu ubavo i igra bezbrekorno, gazi precizno i barem do sega mozhat samo da mu se fatat.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom