Најдобри и најлоши филмски завршетоци

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.475
Еве нова тема за најдобрите и најлошите завршетоци на филмови. Значи зборуваме за последните сцени, односно за начинот на кој филмот завршил, а вас ви оставил впечаток дека завршил на најдобар или на најлош можен начин. Филмски краеви кои ве воодушевиле или ве разочарале, до максимум.

Предупредување дека оваа тема ќе содржи спојлери, внимавајте ако откриете премногу да ги прецртате. Оние кои не гледале некој од филмовите, можеби е подобро да не си ја тестираат љубопитноста :)

Еве неколку кои мене ми паднаа на памет:

The Terminator (1984)
со крај на филмот во кој целата приказна доби смисла и се направи подлога за ново продолжение кое според некои го надмина и оригиналот. Исто така, оваа завршница испирираше многу нови филмови.

Back to the Future (1985)
Само што мислевме дека овој брилијантен филм ќе заврши мирно, животот на Марти се среди после патувањето во минатото, кога доаѓа Док и му кажува дека мора да патуваат во иднината, поради семејни проблеми :) Со секое наредно гледање се повеќе го сакам овој филм.

An Officer and a Gentleman (1982)
Немам посебен коментар, кој го гледал знае...

The Silence of the Lambs (1991)
Легендарно, ладно и двосмислено од сер Антони Хопкинс: „Морам да одам. Имам еден стар пријател за вечера“ :vozbud:

The Shawshank Redemption (1994)
Кој можеше да претпостави дека филм кој цело време се одвива во затвор, ќе заврши на некоја прекрасна плажа...

The Virgin Suicides (1999)
Овој мрачен и на моменти морбиден филм завршува со една прекрасна песна (Playground Love) и сеќавања од настанот кој одбележал една младост...

Planet of the Apes (1968)
Крајот, кога Чарлтон Хестон сваќа каде е, што се случува и што се случило... Незаборавен и шокантен крај.


За најлоши краеви ќе пишам друг пат, за да го скратам постов.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
25th Hour
Крајот го вади цел филм. Само затоа е препорачлив да се гледа всушност филмов. Остатокот ми беше по малце досаден.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Еј што ти праи досадата, каква тема си најдов, последно и единствено мислење во 2009 :pos: си мислев филмови ама нешто тешко ми оди, утре знам дека полно ќе ми текнат, ама ај ќе си пишам сега. Неколку најдобри ми текнаа, најлоши завршетоци дури утре.

1. Chinatown
Еден од моите омилени, нешто ненормално добро. Цел филм без грешка. Нема што да се каже освен Forget it, it's Chinatown.

2. Usual Suspects
Ах филмов каков mindfuck ми направи првиот пат кога го гледав. Спејси во неговата најдобра улога по мене, напнат филм кој завршува ненормално добро. Нормално ако се мавне реприза тогаш не е тоа тоа. :icon_lol:

3. Godfather
Легендарен филм, нема зборови да се опише филмов. Крајот за кого како, за некој не е нешто посебно, ама повеќето ќе се сложат дека е одличен. Таа наивност и верување, ах. Don Corleone...

4. Planet of the Apes
Немам што да кажам. You maniacs!!!
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Не можев да најдам по соодветна тема

 

Kajgana Shop

На врв Bottom