Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Според тебе и Иванов не го прекршил уставот ама не значи дека е така. Се знае што е мнозинство од 120, тоа е 61+ а не 51. И тоа како станува збор за двојни аршини бидејќи Иванов од едни бара доказ во вид на потписи, а од други не бара иако немаат мнозинство.
Инаку за платформата ви беше најомилена тема, па еве пак да ти кажам. Ако странците ја расипале коалицијата значи вмро немале проблем со платформата.
Зошто бараш мнозинство од 120 кога не пишува така? Пишува мнозинство, а пологично е да е мнозинство освоено на избори. Колку пати ќе повторуваш за потписите. Пет пати реков дека не треба да бара потписи, тие не се валиден доказ за мнозинство, ниту е тоа предвидено.
Не знам дали немале проблем со платформата, ама колку што слушав и предизборно, а и денес, имаат проблем. ВМРО ДПМНЕ секојдневно даваат изјави против платформата.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Моравац, ајде цитирај од уставот каде пишува дека по првиот мандатар не се оди на нови избори. Слушај да објаснам по 97-ми пат: во уставот пишува дека претседателот го дава мандатот 10 дена по конституирање на собранието. Тоа се случи, и Собранието се конституира (се верификуваа мандатите на пратениците), и се додели мандатот. Во рок од 20 дена мандатарот треба да предложи влада да се изгласа во Собранието. Поминаа тие 20 дена, влада не се состави. Е сега те прашувам... како претседателот да додели втор мандат кога рокот од 10 дена помина? Ако го додели, ќе го прекрши овој дел од уставот.
Уставник, не се нервирај. Само ти побарав да го цитираш членот на Уставот кој вели дека ако првиот мандатар не состави влада се оди на нови избори. Тоа гледам не го направи. Ајде сега цититај го членот од Уставот кој вели дека ако помине рокот од 10 дена за доделување на мандат, и ако мандатарот не состави влада, се оди на нови избори.

Смири се, концентрирај се на проблемот, и цитирај го тој член. Значи да ти повторам, го бараме членот во Уставот кој вели дека е неуставно да се додели мандат на друг мандатар надвор од тие 10 дена, кога веќе првиот мандатар не составил влада.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Нека барале тогаш кога го прекршил уставот. Сега живееме ние и сега бараме бидејќи сега е прекршен.
Устав е прекршен ако се постапи спротивно некој уставен член, став и сл. Сега ништо не е прекршено.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Зошто бараш мнозинство од 120 кога не пишува така? Пишува мнозинство, а пологично е да е мнозинство освоено на избори. Колку пати ќе повторуваш за потписите. Пет пати реков дека не треба да бара потписи, тие не се валиден доказ за мнозинство, ниту е тоа предвидено.
Не знам дали немале проблем со платформата, ама колку што слушав и предизборно, а и денес, имаат проблем. ВМРО ДПМНЕ секојдневно даваат изјави против платформата.
Не туку пологично е да е мнозинство од 120 бидејќи после ќе се гласа влада. Ама добро ај те разбирам, не сакаш да признаеш.
Па сега откако странците им го расипаа договорот имаат проблем со платформата, инаку пред тоа немале. Па веќе биле договорени, јас му верувам на Иванов на Трајко на Милошоски.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Уставник, не се нервирај. Само ти побарав да го цитираш членот на Уставот кој вели дека ако првиот мандатар не состави влада се оди на нови избори. Тоа гледам не го направи. Ајде сега цититај го членот од Уставот кој вели дека ако помине рокот од 10 дена за доделување на мандат, и ако мандатарот не состави влада, се оди на нови избори.

Смири се, концентрирај се на проблемот, и цитирај го тој член. Значи да ти повторам, го бараме членот во Уставот кој вели дека е неуставно да се додели мандат на друг мандатар надвор од тие 10 дена, кога веќе првиот мандатар не составил влада.
Логикава слабо ти оди, па изгледа ќе треба и 98-ми.... итн... пат истото да ти се објаснува. Де бе, толку ли не можеш нешто просто и лесно да разбереш?
Да во право си, не пишува дека се оди на избори... Моја грешка. Значи... оваа влада и министри ќе тераат доживотно бидејќи не пишува дека треба да има нови избори.
Не знам дали е „ту мач“ за тебе да ти објаснувам дека изборите се логична последица на таква ситуација.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
Зошто бараш мнозинство од 120 кога не пишува така? Пишува мнозинство, а пологично е да е мнозинство освоено на избори. Колку пати ќе повторуваш за потписите. Пет пати реков дека не треба да бара потписи, тие не се валиден доказ за мнозинство, ниту е тоа предвидено.
Не знам дали немале проблем со платформата, ама колку што слушав и предизборно, а и денес, имаат проблем. ВМРО ДПМНЕ секојдневно даваат изјави против платформата.
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Зошто лажиш?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не туку пологично е да е мнозинство од 120 бидејќи после ќе се гласа влада. Ама добро ај те разбирам, не сакаш да признаеш.
Па сега откако странците им го расипаа договорот имаат проблем со платформата, инаку пред тоа немале. Па веќе биле договорени, јас му верувам на Иванов на Трајко на Милошоски.
Види, устав (и закон) се чита и применува, не се толкува. Јас ти цитирав и парафразирав дел од уставот, никаде не напишав кој што мислел. Собраниско мнозинство се добива на избори, не во Собранието. Потписи и слични работи се излив на желба, ама непотврдена на избори.[DOUBLEPOST=1492595157][/DOUBLEPOST]
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Зошто лажиш?
Па мнозинство има ВМРО ДПМНЕ, другите имаат помалку. Така кажува единствениот валиден извор, изборите и потврдата од ДИК.
Значи, не лажам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Логикава слабо ти оди, па изгледа ќе треба и 98-ми.... итн... пат истото да ти се објаснува. Де бе, толку ли не можеш нешто просто и лесно да разбереш?
Да во право си, не пишува дека се оди на избори... Моја грешка. Значи... оваа влада и министри ќе тераат доживотно бидејќи не пишува дека треба да има нови избори.
Не знам дали е „ту мач“ за тебе да ти објаснувам дека изборите се логична последица на таква ситуација.
Уставник, вака стојат работите. Не постои член од Уставот кој вели дека по првиот неуспешен мандатар се оди на нови избори, исто како што не постои член кој вели дека се дава мандатот на нов мандатар кој може да направи влада.

Во недостаток на правна регулација, по твое мислење, што е пологично, да се оди на нови избори кои претставуваат трошок за државата, или да се даде мандатот на нов мандатар кој има мнозинство?

Плус кога има нови брзи избори, илузорно е да се очекува голема прераспределба на мандатите, па наверојатно ќе се добијат слични резултати.

Потоа што, пак нови избори, и така во недоглед?
 
Моравац, што и да се обидуваш/обидуваме да „разглобиме“ како логика, не вреди ако е спротивна на закон или устав. Овде нема закон, па мора да се водиме по уставот. Јас не се залагам за избори, само кажувам што смее да се прави, а што не смее. Во случајов ако претседателот го даде мандатот ќе го направи тоа во незаконски рок. Има недопокриен правен момент, ама не може тука логика да користиме, туку само закон/устав. Исто така, во правото не може да се водиме од моментот дали ќе има нова распределба на мандатите.
Ова е исто како да кажеме дека заради ова и ова, најлогично е сега да се устоличи влада која ќе ја постави Иванов по свој терк (ѓоа експертска) без гласање во Собранието. За доброто на Македонија. Е арно, ама така не предвидел уставот, односно предвидел нешто друго. Без разлика дали е нештото логично и добро.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
Види, устав (и закон) се чита и применува, не се толкува. Јас ти цитирав и парафразирав дел од уставот, никаде не напишав кој што мислел. Собраниско мнозинство се добива на избори, не во Собранието. Потписи и слични работи се излив на желба, ама непотврдена на избори.[DOUBLEPOST=1492595157][/DOUBLEPOST]
Па мнозинство има ВМРО ДПМНЕ, другите имаат помалку. Така кажува единствениот валиден извор, изборите и потврдата од ДИК.
Значи, не лажам.
Сериозен си или само се правиш удрен? Во собранието има пратеници, значи кој го има мнозинството од пратениците тој треба да го добие мандатот.
Инаку по твојава логика зборот партиите во "Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието." е тотално непотребен.
Затоа Ѓоре е запишано партијата или партиите бидејќи е потребно мнозинство (од пратениците) во собранието, и доколку една партија нема мнозинство тогаш потребни се повеќе кои ќе го обезбедат тоа мнозинство. Затоа не лажи без срам......
Сфати еднаш, мандат се дава на оној кој ќе обезбеди мнозинство во собрание = минимум 61 пратеник, а не на партијата која освоила најмногу гласови на изборите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Моравац, што и да се обидуваш/обидуваме да „разглобиме“ како логика, не вреди ако е спротивна на закон или устав. Овде нема закон, па мора да се водиме по уставот. Јас не се залагам за избори, само кажувам што смее да се прави, а што не смее. Во случајов ако претседателот го даде мандатот ќе го направи тоа во незаконски рок. Има недопокриен правен момент, ама не може тука логика да користиме, туку само закон/устав. Исто така, во правото не може да се водиме од моментот дали ќе има нова распределба на мандатите.
Ова е исто како да кажеме дека заради ова и ова, најлогично е сега да се устоличи влада која ќе ја постави Иванов по свој терк (ѓоа експертска) без гласање во Собранието. За доброто на Македонија. Е арно, ама така не предвидел уставот, односно предвидел нешто друго. Без разлика дали е нештото логично и добро.
Уставник, вече утврдивме дека не постои член од Уставот кој забранува давање на мандатот на втор мандатар, после неуспехот на првиот. Од тој аспект, не е неуставно претседателот да го даде мандатот по втор пат. И инсистирањето на рокот не ти помага, затоа што не постои ниту таков член кој забранува давање на мандатот навор од тој рок. Законот вели само дека претседателот е ДОЛЖЕН да го даде мандатот во рок од десет дена, не вели дека после првиот обид нема простор за втор.

Џабе се вртиш околу ова, нема тука месо за манипулации, само коска е.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Сериозен си или само се правиш удрен? Во собранието има пратеници, значи кој го има мнозинството од пратениците тој треба да го добие мандатот.
Инаку по твојава логика зборот партиите во "Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието." е тотално непотребен.
Затоа Ѓоре е запишано партијата или партиите бидејќи е потребно мнозинство (од пратениците) во собранието, и доколку една партија нема мнозинство тогаш потребни се повеќе кои ќе го обезбедат тоа мнозинство. Затоа не лажи без срам......
Сфати еднаш, мандат се дава на оној кој ќе обезбеди мнозинство во собрание = минимум 61 пратеник, а не на партијата која освоила најмногу гласови на изборите.
Точно, мнозинството за избор на влада се обезбедува на седница со гласање на пратениците. Колку сте „боси“, чудо едно. 21 век, а толку плитки мозоци.
Партиите не можат да докажат владино мнозинство. Не може ни победничката партија, макар имала и над 50%, но мнозинството е „нужна“ појдовна точка за да се тргне од некаде. МНОЗИНСТВО СЕ ДОКАЖУВА САМО СО ГЛАСАЊЕ НА СЕДНИЦА.
Штур е уставот, мора да се прецизира ова. Ама додека не се прецизира, тоа е водилката.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Точно, мнозинството за избор на влада се обезбедува на седница со гласање на пратениците. Колку сте „боси“, чудо едно. 21 век, а толку плитки мозоци.
Партиите не можат да докажат владино мнозинство. Не може ни победничката партија, макар имала и над 50%, но мнозинството е „нужна“ појдовна точка за да се тргне од некаде. МНОЗИНСТВО СЕ ДОКАЖУВА САМО СО ГЛАСАЊЕ НА СЕДНИЦА.
Штур е уставот, мора да се прецизира ова. Ама додека не се прецизира, тоа е водилката.
Не бегај од тешките одговори, со инсистирање на глупости. Еве јас се сложувам дека првиот пат мандатот требаше да му биде даден на Груевски, затоа што неговата партија има најголем број пратеници. Батали, тоа помина, прашањето се враќа на она што го дискутиравме во претходните постови.
 
W

wicked_1

Гостин
Точно, мнозинството за избор на влада се обезбедува на седница со гласање на пратениците. Колку сте „боси“, чудо едно. 21 век, а толку плитки мозоци.
Партиите не можат да докажат владино мнозинство. Не може ни победничката партија, макар имала и над 50%, но мнозинството е „нужна“ појдовна точка за да се тргне од некаде. МНОЗИНСТВО СЕ ДОКАЖУВА САМО СО ГЛАСАЊЕ НА СЕДНИЦА.
Штур е уставот, мора да се прецизира ова. Ама додека не се прецизира, тоа е водилката.
Нема што да се прецизира ДЕБИЛ НЕПИСМЕН, има закони деловници и пракса, само треба да читаш.

Ама тебе и да читаш џабе ти е, толку ти сече.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom