Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.415
Види фотос се вика тоа, приморска и европска Турција (со големите градови) наспрема внатрешноста и руралните средини. Сепак разликата не е преголема и апсолутна што значи има плодна почва за опозиција на муџахединот и покрај сите апсења, тортури и насилие што ги спроведува.

Како одма ни падна во очи истото со @silmarillion
Пиши пропало, чим не успеа воениот удар лани, сега само надворешна сила може да го кутне. Човекот се устоличи и тоа е тоа. Ќе ги пушта бегалците за да ја тргне од себе жижата на настаните и неговите внатрешни пресметки со кемалистите и курдите и ќе го искористи исламизмот како инструмент за своите пантурски соништа. Впрочем види му ја гарадата во палатата, 16 војници од 16те Турски империи. Следно ќе биде обид за консолидација со другите 6 Турски држави.

Влогот што го направи Ердоан е све или ништо, или 17 Турска империја или пропаст.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.415
Со 51% подршка тешко се прави 17 турска империја, исто како што тешко се прави влада со 49 или 51 пратеници од 120.
Гледај и ќе видиш.... Не викам дека ќе успее, ама има капацитет за доста да ја усложни ситуацијата во поширокиот регион од Мадрид до Пекинг :)
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
Чекам да ги видам резултатите по региони ама уште не ги ставиле сите на википедија, а не ја знам турската ДИК.

https://en.wikipedia.org/wiki/Turkish_constitutional_referendum,_2017
онаа што може да се види сега засега е вкупните резултати од странство каде Ердо растури со над 60% баш во западните демократски земји, изгледа и тие таму не се бањаат!

Од турските региони може да се види тесниот резултат во Анкара, во Дијарбекир пак е скоро 70% против, што ни укажува дека таму има многу високо интелегентни луѓе (си го знаете според кој) иако културно се неколку нивоа под нашите угнетени браќа.

Онаа што може да се констатира е дека западните области имаат висок процент против, курдите се против, додека во Истамбул и Анкара резултатот е речиси израмнет, во Коња пак 70% се за Ердо, но за подобра слика би сакал да ги видам и процентите и во другите области.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Абе се му е џабе, се знае кој е победникот.

G

Goldie

Гостин

Истанбул изгуби 48.6 - 51.4
Анкара 48.8 - 51.2
Измир 31.2 - 68.8
Адана 41.8 - 58.2

Само во Бурса победи Ердоган од 5те најголеми градови во Турција

За оние од странство не вреди ни да се коментира, живеат во странство и не го осеќаат режимот на своја кожа така да друга слика имаат за животот очигледно.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.175
Поени од реакции
3.422
За оние од странство не вреди ни да се коментира, живеат во странство и не го осеќаат режимот на своја кожа така да друга слика имаат за животот очигледно.
Они се оние кој одлучија, да гласаа обратно ДА ќе имаше скоро 2% помалку,
831,208 - 59.09% 575,365 - 40.91%

Истанбул 4,479,272 - 48.65%, 4,728,318 - 51.35%, скоро 4,5 милиони небањати во метрополата:D
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.097
Поени од реакции
23.563
Режисеру не се брукај, ако мислиш дека туку така ќе остане работата во Турција после референдумов, се лажеш. Разликата ја направија селани кои се попалија на османлиската империја и неписмени идиоти. Ова што го пишуваш не е нормално и треба да се засрамиш, човек што вика дека треба да се бесат луѓе е забеган. Не се брукај.
Не бе без мајтап да те прашам нешто вака отворено.
Ете да речиме дека СДСМ е на власт со твојот сакан и никогаш непрежален Заев на чело . И му се спрема пуч кој тој го избегнува за влакно. Пучот не успева, пучистите уапсени или се апсат.
Колку пучисти треба да бидат уапсени и како да се постапува со нив?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516

Па сигурно не треба да се обесат сите, никаде во уставот не пишува дека треба некого да го обесиме. Ако пишуваше тогаш досега ќе бевме сведоци на многу бесилки.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.097
Поени од реакции
23.563
Па сигурно не треба да се обесат сите, никаде во уставот не пишува дека треба некого да го обесиме. Ако пишуваше тогаш досега ќе бевме сведоци на многу бесилки.
А ако пишуваше ? Ете замисли дека пишува и дека на Заев се врши пуч кој не успеал. После нормално следи апсење на организаторите и извршителите на истиот. После продолжи сам , што потоа. Како би требало тоа да изгледа според тебе. Не си ја стегај душата, за твојот Заев се работи кој за влакно избегна куршум во чело. Што со пучистите, колку , како , каде. Дали ке посакаш да добијат максимална казна предвидена по устав и закон или кога ке ги фатат да ги потапшаат по рамо и да им речат сега слобдни сте и повеќе среќа следниот пат.
 
Не се глупирај бе, ти реков дека никаде во уставот не пишува дека треба да се беси некој, што ми вртиш филмови ако пишувало, ако пишувало ќе ги обесиме ама ако не пишува како ќе ги бесиш. Мојот Заев... Секој ден се повеќе и повеќе хуморов ти опаѓа.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.097
Поени од реакции
23.563
Не се глупирај бе, ти реков дека никаде во уставот не пишува дека треба да се беси некој, што ми вртиш филмови ако пишувало, ако пишувало ќе ги обесиме ама ако не пишува како ќе ги бесиш. Мојот Заев... Секој ден се повеќе и повеќе хуморов ти опаѓа.
Па шо се буниш тогаш колку уапсиле и каква казна им следи според законот кога во исто или слично сценарио тука и ти би се залагал за максималната казна што можат да ја добијат спрема делото кое го сториле.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.415
Абе се му е џабе, се знае кој е победникот.

Па добро сега, неможе да се пофали дека е големиот Џингис Кан или Атила, бичот божји. Ама еве консолидација му стигнува од турците, потурците.. Им го заживеа сонот на еден или на друг начин. А богами Катар, КСА ... Талат Феми од Египетското муслиманско братство, Хамас, ПЛО ... мошне интересна скупина. Интересно но го нема да му честита неговиот учител, талибанецот Хикметјар.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.867
Поени од реакции
36.901
Турција од кревка стабилност има голем потенцијал (и најверојатно ќе биде така) да стане хронично нестабилно поле со можна кулминација во форма на граѓанска војна, налик нивните источни соседи, и место на геополитичко одмерување на силите.

До пред неколку години беше клучен фактор на стабилност на Блискиот Исток ама изгледа сега им претстојат интересни времиња.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.426
Поени од реакции
5.104
За помалку од година веќе трет пример во светот дека не треба да се остави народот да одлучува за некои многу битни прашања. Штета што образованите, паметните и прогресивни луѓе се во многу помал број од другите...

Турција избра да страда... изгледа ова е почеток на крајот за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom