Имав некаде напишано еден пост колку кошта правилно одгледување на кучиња, кое опфаќа се од почеток до крај. Јас сум карактер што ако почнам нешто да правам сакам да го правам како што треба, а ако не можам да го направам не го ни почнувам. Ќе бидам искрена, иако леглото ми отиде на страна, небеа кученцата продавани со 4 цифрени цени, беа продавани толку колку што ние мислевме дека вредат. Инаку, трошоците сеуште не ми се покриени, и не можам ни да ти вратам. Оти трошокот не е само тие 4 месеци, туку и претходните три години пред парењето(да, мојата кучка прв пат беше спарена на 3 години, сега поминаа 2 и пол и сеуште не е повторно спарена, од многу причини. Јас не парам за да спарам и за да профитирам).
@wiksa што прашува за млекото, во најголема фрка ми се најде жената што тој ја познава бидејќи кутрето му е од кај неа, вечно сум и благодарна, и тоа мене ме кошташе 2000ден. И не се парите проблем, верувајте не се, туку тоа се нервозите, тоа е обврската да се хранат, какат и мочкаат на 2 саати. Благодарна сум му на соработникот, кој ми е како роден брат и на неговата фамилија оти ова сами јас и он не можевме да го постигнеме. Знаевме зошто тој мажјак, знаевме многу работи, но не знаевме што ќе не чека. И мораш да се подготвиш за се, а никогаш не можеш да бидеш подготвен за се, реално. Јас сум среќна затоа што сите кутриња завршија таму каде што требаше, од сите сум задоволна. Не се впуштајте во нешто за што не сте подготвени. Кинологијата е скап бизнис, се лаже секој што мисли дека од ова се заработува.