Расположението на Бугарите спрема Македонците се менуваше во текот на годините. Од многу благонаклонети спрема нас, станаа скептични. Зошто? Бидејќи бевме/сме груби и некултурни кон нив. За време на студиите сум бил сведок како Македонци в лице им зборуваат работи од типот „до вчера бевте цигани!“. Не беше толку одамна, пред помалку од 10 години. Затоа не нѐ сакаат веќе. Најмногу што можеш да добиеш од нив е да те проценуваат индивидуално, ама повеќе не добиваш бланко доверба и симпатии само затоа што си „брат македонец“. Ете затоа ќе нѐ проверуваат темелно пред да ни дадат државјанство. Ама ако видат дека со нив си се поставил културно и ги почитуваш, знаат да бидат посрдечни и погостопримливи од сите Македонци заедно.
Уште една работа, мислам дека процедурите би биле многу пократки и поедноставни, ако меѓудржавните односи меѓу Македонија и Бугарија беа нормални и имаа отворена соработка на сите полиња. Довербата ќе беше поголема и со поголема леснотија ќе одлучуваа да одобруваат државјанства.