Јас би се кладел. И не само за Кичево. Во случај да има нешто, а сите знаеме од искуство дека кога запролетува обично им доаѓаат такви идеи и желби на другиот државотворен народ , ќе ве растурат како сарма. Сега ако гаеш илузии дека тебе ке ти го чува грбот некој како Алда тогаш среќно. Ете тој изјави дека дека сам ке ги решел, не му требате вие небањатите пошто не сте знаеле каде е Тетово и Чаир.
Ако веќе им дојдат идеи, и ако сме ние спремни да ги браниме интересите на Македонија, треба прво да расчистиме во сопствените редови. Кој мисли да стои на страна, поарно ќе му биде и да остане на страна. А тело како СЈО треба да се оформи прво и основно за оние кои ги продале Македонските национални интереси во последните 27 години. Значи тој, кој на некој начин ја продал Македонија, да го снајде најсурова казна, каде и да избега. Без разлика на која партија припаѓал и на која функција бил и дали некој го натерал на тоа предавство или било самоиницијативно. Да се подсетиме дека казната за предавство во САД е смртна.
Во секој случај ете и да замислиме некое такво можно сценарио што според тебе би требало да се направи како прво и основно ако сакате да ги задржите барем до Групчин ?
Хехе, прво зошто мислиш дека ќе треба да се освојуваат територии? Некој ги има ли веќе завземено? Второ, дали гаиш илузии дека имаат капацитет да освојат и задржат поголема територија? Мене воопшто не ме плашат Албанците во оваа констелација што се случува сега. Албанците се само тригер кој треба да го запали калифатот на Балканот. Албанците треба да ја изиграат истата улога како „умерената опозиција“ во Сирија. И тука нема да бидат погодени само градовите во Западна Македонија, салафитите се длабоко навлезени и во градовите во источна Македонија. Ако имаш некој пријател распрашај се и ќе ти стане јасно.
Оти ако не ви испадни математиката или ке биди Македонија цела ама почни да се навикнуваш на знамето на мојот аватар како една можна варијанта( додуша како што тргна ке се навикнуваме и на многу други работи а не само на изменето знаме, химна и појма немам што) или ќе ја гледаш Македонија во едно помало издание. Само што ке изгинат еден куп луѓе а пак ке го има истиот ефект како да доброволно сме им ги дале тие канцерогени територии.
Ако цврсто се застане против платформата сега, доколку Албанците навистина сакаат соживот и не сакаат војна, нема зошто да се плашиме. Ама доколку Албанците сакаат војна, тоа што ќе ја прифатиме платформата, нема да значи дека нема да има војна. Тоа е едноставно. Војната, доколку се спрема, нема да биде за правата на Албанците, глупо е да мислиме дека Албанците во Македонија се обезправени. Таа ќе биде за некоја друга причина, која ќе излезе после 20-30 години.
Важно е и во едниот и во друиот случај добро би било да сме спремни.