Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Почнав да го читам Стариот Завет, откако го прочитав Новиот завет. Сакам да дознаам како настанало човештовто, но наидов на многу лита приказна, каде што авторот успеал на една страна да го раскаже целиот постанок на човештвото. Создавањето на планетата, човештвото, флората и фауната, го собрал на „една страна“??? За понатамошниот текст во Светото Писмо не смеам да прашувам и да коментирам, бидејќи веднаш ме поврзуват со неверник. Чудно е кога во црквата кажуват дека потполно не се согласуват со Стариот Завет и ако го читам нема да го разберам, треба и толковник да си земам, бидејќи слободно не смеам да толкувам.
Светот и животот се створени во текот од Шестодневот, така да на Бога не Му се потребни немерливите еволуционостички бесконечно долги временски периоди, за да може да создаде било што „од ништо„ па затоа на Боговидецот Мојсеј не му требале многу долги записи, за да опише како Бог ги створил нештата, оти е многу едноставно за опишување; Бог заповеда а нештата од „непостоење„ преоѓаат во „постоење„, без еволутивните постепени процеси од „попрости„ кон „посложени„. Човештвото навистина е настанато од првиот пар луѓе, а Мојсеј запишува(л) само битни нешта од раната човекова историја, а не секој можен настан од раната Земја и човештво.

Никој не ти брани да прашуваш, уште помалку да бараш, а своеглавото толкување не е пожелно, оти Писмото веќе е истолкувано од соодветни Свети ликови во Црквата.

Не е јасно што подразбираш под Црковното несогласување со Стариот Завет. Да, Стариот веќе е укинат, но не значи дека е небитен или дека е несодржаен.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Oтсекогаш ме копкало каква ли утеха и мотивација пронаоѓа нихилист.
Не сум нихилист, и за разлика од вас знам дека утехата не е репер за вистина, но вистината може да биде мотивација.
Пак продолжуваш во веќе лесно предвидливиот манир; слободната волја, спред твојава премудрост, е самодоволен и независен феномен па ништо чудно што од таква претпоставка, извлекуваш погрешен заклучок според кој особината, како дел од човекот е појака од слободноволноста, која лебди во воздухот.
Секој со грам мозок ќе разбереше од прва дека слободната волја е само можност да одбереш нешто, не и причина или услов што ќе биде тој избор! Треба човек да е тежок дебил да не го разбере ова.
Совршено ми е јасно дека во ништо не веруваш и на тоа „ништо„, исповедаш празна доктрина.
Верувањето никогаш неможе да биде пред Знаењето! Не верувам во ништо, бидејќи претпочитам да разберам, да осознаам а не да верувам во бајки и басни и истите да ги користам како аргумент за апсолутни вистини.
Простото тоеретизирање за можни настани не е никаков доказ.
Обиди се пак...
Не теоретизирам јас ништо, се што кажав досега е факт, се темели на проста логика.
Никаде не напишав дека пред Телема немало луѓе (пак подметнуваш, по којзнае кој пат...), туку те прашав, што правеа луѓето пред да се појави Телема.

Твојот премудар одговор беше дека не било битно што правеле луѓето пред појавата на Телема.
Како можеш да лажеш вака ноншалантно кога знаеш дека секој пост е зачуван?!
Прашај го баба ти и дедо ти и тие, ако се живи, ќе ти потврдат како сведоци дека пред ти да се родиш, на Земјата имаше и други луѓе и други нешта-Светов не постои од Телема и од твоето приклучување кон клубот.
Што правело човештвото е нешто со кое се занимава историјата, таму може да види секој што правело.
Фантазијата не е никаков факт.
Па тогаш зошто упорно ја прикажуваш како таква?
Своите заблуди задржи ги најмогу за лична употреба, за „по дома„, и не заблудувај и други. Не ги соблазнувај и другите, оти нивната соблазна ќе падне како твоја одговорност.
Не секирај ти за мојата одговорност, секирај се тоа што животот ти оди во неповрат потрошен на заблуди и бесмислици.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Секој со грам мозок ќе разбереше од прва дека слободната волја е само можност да одбереш нешто, не и причина или услов што ќе биде тој избор! Треба човек да е тежок дебил да не го разбере ова.
Секој со грам мозок бара колку е можно поточни описи за постоечките нешта, за да му станат појасни и поразбирливи, а не млатење празна слама со описи како за непостоечки работи...[DOUBLEPOST=1491681498][/DOUBLEPOST]
Верувањето никогаш неможе да биде пред Знаењето! Не верувам во ништо, бидејќи претпочитам да разберам, да осознаам а не да верувам во бајки и басни и истите да ги користам како аргумент за апсолутни вистини.
Верувањето не е замена за знаењето, туку е само повисок облик на знаење. Колку трае „знањето„ кое доаѓа од Светов, тоа им е јасно и на луѓето со 4 години школо.

За разумните битија, верувањето е својство а не случајност. Во бајки и во приказни веруваат само малите деца, оти за нив се наменети, а во суштински сериозни работи, веруваат здраворазумните луѓе.[DOUBLEPOST=1491681570][/DOUBLEPOST]
а.
Како можеш да лажеш вака ноншалантно кога знаеш дека секој пост е зачуван?!
Јас ќе станам лажго во моментот кога ти ќе ја напишеш вистината, што се‘ уште не си го сторил.[DOUBLEPOST=1491681689][/DOUBLEPOST]
Па тогаш зошто упорно ја прикажуваш како таква?
Фантазијата е својствена за поединци, кои не можат да одговорат на прашања и проблеми кои произлегуваат од реалното живеење.

Затоа ти и твоите од клубот, пишувате километарски и празни постови, во кои немате никаков одговор.[DOUBLEPOST=1491681745][/DOUBLEPOST]
Не секирај ти за мојата одговорност, секирај се тоа што животот ти оди во неповрат потрошен на заблуди и бесмислици.
Уопште не сум засекиран, не си ласкај...Мое е само да укажам и предупредам.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Секој со грам мозок бара колку е можно поточни описи за постоечките нешта, за да му станат појасни и поразбирливи, а не млатење празна слама со описи како за непостоечки работи...
Па и јас ова го кажувам цело време, да го имаше тој грам мозок ќе знаеше, вака ти останува да млатиш празна слама за непостоечки работи како џинови, змејови, змии што зборуваат, дрва што даваат знаење и слични прикаски.
Верувањето не е замена за знаењето, туку е само повисок облик на знаење. Колку трае „знањето„ кое доаѓа од Светов, тоа им е јасно и на луѓето со 4 години школо.

За разумните битија, верувањето е својство а не случајност. Во бајки и во приказни веруваат само малите деца, оти за нив се наменети, а во суштински сериозни работи, веруваат здраворазумните луѓе.
Никогаш неможе - ,,Верувам дека надвор има дрва" да биде ,,знаење од повисок облик" во однос на - ,,Знам дека надвор има дрва".
Суштински сериозни нешта во никој случај неможе да бидат бесмислиците за ребра што се претвораат во жена, вода што се претвора во вино, мртовци што оживуваат и слични прикаски.
Јас ќе станам лажго во моментот кога ти ќе ја напишеш вистината, што се‘ уште не си го сторил.[DOUBLEPOST=1491681689][/DOUBLEPOST]
Фантазијата е својствена за поединци, кои не можат да одговорат на прашања и проблеми кои произлегуваат од реалното живеење.

Затоа ти и твоите од клубот, пишувате километарски и празни постови, во кои немате никаков одговор.
Единствен што нема допирни точки со реалното живеење во случајов си ти. Секој твој пост е комбинација од бесконечна глупост и инает.
Јас ќе станам лажго во моментот кога ти ќе ја напишеш вистината, што се‘ уште не си го сторил.
Ти си лажов од моментот кога си решил да бидеш роб на заблудата на која и служиш.
Фантазијата е својствена за поединци, кои не можат да одговорат на прашања и проблеми кои произлегуваат од реалното живеење.

Затоа ти и твоите од клубот, пишувате километарски и празни постови, во кои немате никаков одговор.
Незнам јас за никаков клуб, а фантазии си преферирате ти и сличните на тебе. Дали сте клуб, биртија или кооперација, вие си знаете.
Уопште не сум засекиран, не си ласкај...Мое е само да укажам и предупредам.
Ме заболе мене дали си ти засекиран или не, ти си го трошиш животот на заблуда, дали ќе го сватиш тоа еден ден или не е твој проблем.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па и јас ова го кажувам цело време, да го имаше тој грам мозок ќе знаеше, вака ти останува да млатиш празна слама за непостоечки работи како џинови, змејови, змии што зборуваат, дрва што даваат знаење и слични прикаски.
Ако не си ги видел, не значи дека не постоеле.
И по миљонитти пат ти повторувам; змијата не зборувала.[DOUBLEPOST=1491686922][/DOUBLEPOST]
Никогаш неможе - ,,Верувам дека надвор има дрва" да биде ,,знаење од повисок облик" во однос на - ,,Знам дека надвор има дрва".
Суштински сериозни нешта во никој случај неможе да бидат бесмислиците за ребра што се претвораат во жена, вода што се претвора во вино, мртовци што оживуваат и слични прикаски.
Не мешај баби и жаби; вербата се однесува на нешта кои постоијат, а кои не може секој да ги види, односно, (до)вербата значи и двонасочна доверба „на збор„ меѓу две разумни битија.[DOUBLEPOST=1491687039][/DOUBLEPOST]
Единствен што нема допирни точки со реалното живеење во случајов си ти. Секој твој пост е комбинација од бесконечна глупост и инает.
Твоето немање одговори на моите прашања, замо за себе говори.
За среќа, има и други форумџии кои јавно кажаа дека немате што да кажете на конкретни прашања.[DOUBLEPOST=1491687110][/DOUBLEPOST]
Ти си лажов од моментот кога си решил да бидеш роб на заблудата на која и служиш.
.
Напиши ја вистината и јас автоматски ќе стана лажов. Се‘ до тогаш, вистината е на моја страна.[DOUBLEPOST=1491687161][/DOUBLEPOST]
Незнам јас за никаков клуб, а фантазии си преферирате ти и сличните на тебе. Дали сте клуб, биртија или кооперација, вие си знаете.
Ние сме Црквата Христова, а вие се клубот антихристов. Разликата е очигледна.[DOUBLEPOST=1491687218][/DOUBLEPOST]
Ме заболе мене дали си ти засекиран или не, ти си го трошиш животот на заблуда, дали ќе го сватиш тоа еден ден или не е твој проблем.
Веќе напишав дкеа уопште не сум засекиран, за тебе понајмалку, оти изборот е твој.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако не си ги видел, не значи дека не постоеле.
И по миљонитти пат ти повторувам; змијата не зборувала.
Ма секако! Змиите, џиновите, змејовите постојат, само ние не сме ги виделе. И змијата не зборувала, туку на вибер им кажувала што е што.
Не мешај баби и жаби; вербата се однесува на нешта кои постоијат, а кои не може секој да ги види, односно, (до)вербата значи и двонасочна доверба „на збор„ меѓу две разумни битија.
Ти кажа дека верувањето било повисок облик на знаење! Тоа е тотална глупост, примерот што го изнесов најдобро отсликува зошто - Да веруваш дека надвор има дрво не е исто што и да знаеш дека има дрво.
Твоето немање одговори на моите прашања, замо за себе говори.
За среќа, има и други форумџии кои јавно кажаа дека немате што да кажете на конкретни прашања.
Одбивањето да се прифатат аргументите нема да направи да нема аргументи. Колку сакаш негирај ги, тука ќе бидат. Се што ти останува е да халуцинираш за форумџии што те поддржувале во твоите бесмислици! Освен ако не мислиш на неколкуте православци што по службена должност мораат да те бранат. Па дури и според нив испадна дека си протестант.
Напиши ја вистината и јас автоматски ќе стана лажов. Се‘ до тогаш, вистината е на моја страна.
Па вистината не е нешто конкретно! Тешка глупост е да веруваш дека поим како што е вистина, има име! Вистината е реално, точно воочување на одредена работа, област, случка! За да биде конкретна, треба да се посочи конкретната област, случка, работа! Ова се работи што и дете од пет години ги сваќа без проблем, а сепак ти со години верглаш една иста глупост за тоа дека Вистината е личност од твоето верување! И потоа поставуваш прашање и ,,точноста" ја гледаш дали одговорот се совпаѓа со твојата заблуда!
Ние сме Црквата Христова, а вие се клубот антихристов. Разликата е очигледна.
Очигледното е дека какво и да и дадеш име на лагата, пак ќе си биде лага. А дека освен лага и заблуда ништо друго неможеш да напишеш пример е секој можен твој пост.
Веќе напишав дкеа уопште не сум засекиран, за тебе понајмалку, оти изборот е твој.
Мојот избор е да живеам како ми е волја, твојот е да робуваш на имагинарно битие, да му се улизуваш и да коленичиш за да не те мачел цела вечност.... Дали ќе се секираш или не поради тоа е твој проблем.
 
Член од
7 април 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
Не можел да објасни повеќе зошто не знаел како да го состави тој дел, а да не дојде до неразбирање или да се заплетка во измислиците, кои покасно од цивилизираните луѓе ќе биде исмејуван. Ако човештвото настанало од само еден човечки организам, како тогаш настанале разлини крвни групи и различни раси??
Стариот Завет не го одобруват бидејќи тој вродува сомневања во верата, односно во Библијата, тоа се случи и „Со Мене“.
Во Мојсевите книги не ја гледам господовата мудрост. Читам за еден огорчен Бог кој постојано повикува на насилство. Читам како наредува да се убиват жени и деца.Читам како ги тера луѓето да ги убиват другите луѓе кои не веруват во него, да ги разрушат светилиштата на другите богови, од каква конкуренција се плаши тој Бог??
Тој создава режим за луѓето да се плашаат од него за да не го заборават. Во Новиот Завет се проповеда љубовта и верата кон Бог, која вистина вродува верба и љубов кон Бог. Не може еден Бог да се однесува различно во текот на времеињата. Тогаш не веруваме во ист Бог.[DOUBLEPOST=1491733481][/DOUBLEPOST]
Зарем мислиш дека ќе го разбереш текстот на Стариот Завет, читајќи современ превод на некој од индоевропските јазици, преведен од семитски јазик, актуелен пред две до три илјади години, напишан на алефбет, каде не само секоја буква, туку секоја цртичка од буквите на хебрејското писмо има значење, притоа земајќи го во обзир сосема другиот менталитет, поинаквата култура, ограничениот лексички фонд и нивото на знаење на Евреите од старозаветните времиња, сето тоа спореденo со нашите, без ничија помош и толкување?
Читам сам, за да можам сам да протолкувам и да одлучам во што да верувам, живеам во мој свет и тој свет јас си го креирам сам. Не сум роб или слуга на никој за тој да ми кажува како треба да го толкувам зборот. Во политичка партија не смееш различно да размислуваш од претседателот, тоа се случува и овде во верата. Тој што нема капацитет да живее во неговиот свет, засекогаш ќе живее во туѓи светови. Односно ќе работи и ќе верува како другите луѓе ќе ми кажат.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.317
Поени од реакции
8.922

И како ќе го толкуваш зборот за кој не знаеш дали е соодветно преведен и дали неговото значење пред две-три илјади години било ИСТО во семитската култура, со неговото значење во денешната индоевропска, или означувал нешто сосема друго?

За да ме сфатиш подобро, обиди се да го разбереш стихот 30:26 oд Мудрите Соломонови изреки:

26. јазовците – иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен;

http://svetopismo.pravoslavie.mk/star-zavet/kniga-mudri-solomonovi-izreki/#anchor29

Дали ова тврдење е вистинито?
 
А каде воопшто има порака дека треба да се толкува и што? И како ќе знае дека баш вашево толкување е она ,,правото"?
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2017
Мислења
4
Поени од реакции
0
И како ќе го толкуваш зборот за кој не знаеш дали е соодветно преведен и дали неговото значење пред две-три илјади години било ИСТО во семитската култура, со неговото значење во денешната индоевропска, или означувал нешто сосема друго?

За да ме сфатиш подобро, обиди се да го разбереш стихот 30:26 oд Мудрите Соломонови изреки:

26. јазовците – иако слаби животни, но ги прават куќите свои во камен;

http://svetopismo.pravoslavie.mk/star-zavet/kniga-mudri-solomonovi-izreki/#anchor29

Дали ова тврдење е вистинито?
Колку треба да бидеш паметен и мудар за да го протолкуваш зборот „убиство“. Не сакам да спомнувам комплицирани реченици или нејасни зборови кои го изгубиле значењето и смислата со преводот. Јас коментирам за книгите на Мојсеј. Се уште не сум го дочитал Стариот Завет. Но она што го прочитав не е тешко да се разбере. Кажи ми која е таа божја мудрост кога Бог ги тера да ги убијат жените и децата на непријателот ??!! Се спомнува дека ако и таткото твој или мајката, па и братот и др... кои не сакат да го слават господовото име и тие да бидат убиени. Може ли да ми одговорите на ова или како вие ги толкувате овие господови желби.
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
61
Поени од реакции
57

Мислам дека ова слика ќе му поможи на некои личности тука.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ма секако! Змиите, џиновите, змејовите постојат, само ние не сме ги виделе. И змијата не зборувала, туку на вибер им кажувала што е што.
Напишав „постоеле„ а ти, по неброен пат, ми подметнуваш нешта кои не сум ги напишал.

Да. и џиновите и змејовите постоеле, а ако ти не си ги видел, не значи дека не постоеле.
Змијата не зборувала и ова го пишувам по миљонитти пат, а ти по миљон и прв пат извртуваш што пишувам.

И згора на све, убеден си дека си ме побил?????[DOUBLEPOST=1491739207][/DOUBLEPOST]
Ти кажа дека верувањето било повисок облик на знаење! Тоа е тотална глупост, примерот што го изнесов најдобро отсликува зошто - Да веруваш дека надвор има дрво не е исто што и да знаеш дека има дрво.
Јас не верувам дека во дворот имам дрвја.
Јас не знам (!!!) дека во дворот имам дрвја.

Јас ГЛЕДАМ дека во дворот имам дрвја и за таа нивна очевидност, не ми треба ниту вера ниту знаење.

Луѓето веруваат откако постојат на Земјава; веруваа и пред Телема а веруваат и покрај постоењето од Телема.

Т‘нки сте...

Верувањето секогаш се однесува на нешта кои не се сетилно спознатливи.[DOUBLEPOST=1491739313][/DOUBLEPOST]
Одбивањето да се прифатат аргументите нема да направи да нема аргументи. Колку сакаш негирај ги, тука ќе бидат. Се што ти останува е да халуцинираш за форумџии што те поддржувале во твоите бесмислици! Освен ако не мислиш на неколкуте православци што по службена должност мораат да те бранат. Па дури и според нив испадна дека си протестант.
Кои црни аргументи...

Пишуваш неверојатно празни, површни и несуштински описи за одредени нешта и уште си убеден дека си аргументирал....[DOUBLEPOST=1491739374][/DOUBLEPOST]
Очигледното е дека какво и да и дадеш име на лагата, пак ќе си биде лага. А дека освен лага и заблуда ништо друго неможеш да напишеш пример е секој можен твој пост.
Штом ја напишеш вистината, јас станувам лажго.
Ајде, напиши ја вистината.[DOUBLEPOST=1491739535][/DOUBLEPOST]
Мојот избор е да живеам како ми е волја, твојот е да робуваш на имагинарно битие, да му се улизуваш и да коленичиш за да не те мачел цела вечност.... Дали ќе се секираш или не поради тоа е твој проблем.
Дека твојот избор е навистина само твој, тоа и јас ти го напишав, но и посочив дека не сум загрижен, оти се‘ како последица од тој избор ќе падне на твојот грб, а мое е само да преудпредам на опасноста.[DOUBLEPOST=1491739955][/DOUBLEPOST]

Мислам дека ова слика ќе му поможи на некои личности тука.

И сеа, у која сликица се глеаш себе си?
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Напишав „постоеле„ а ти, по неброен пат, ми подметнуваш нешта кои не сум ги напишал.

Да. и џиновите и змејовите постоеле, а ако ти не си ги видел, не значи дека не постоеле.
Змијата не зборувала и ова го пишувам по миљонитти пат, а ти по миљон и прв пат извртуваш што пишувам.

И згора на све, убеден си дека си ме побил?????
Ништо јас не сум подметнал! Демони, змејови, џинови, змии со вибер и слични ,,вистини" не биле фантазија туку историски настани. Треба комплетно да е отиден со паметот човек за да тврди такво нешто.
Еднаш веќе ти реков - Ти и со бандера да правиш муабет, бандерата ќе те побие, не некој друг.
Јас не верувам дека во дворот имам дрвја.
Јас не знам (!!!) дека во дворот имам дрвја.

Јас ГЛЕДАМ дека во дворот имам дрвја и за таа нивна очевидност, не ми треба ниту вера ниту знаење.

Луѓето веруваат откако постојат на Земјава; веруваа и пред Телема а веруваат и покрај постоењето од Телема.

Т‘нки сте...

Верувањето секогаш се однесува на нешта кои не се сетилно спознатливи.
Па со ова само ја потврдуваш мојата поента! Дека верувањето неможе никогаш да биде ,,знаење од повисок облик"! Едно е кога знаеш, сосем друго кога веруваш.
Кои црни аргументи...
Пишуваш неверојатно празни, површни и несуштински описи за одредени нешта и уште си убеден дека си аргументирал....
По незнам кој пат ќе ти повторам: Грам мозок да имаше, ќе видеше со кои, арно ама немаш.
Штом ја напишеш вистината, јас станувам лажго.
Ајде, напиши ја вистината.
Важи, веднаш штом ти ја напишеш должината, јас ќе ја напишам вистината. Еве, пиши како и е името на должината, не некои должинчиња рандом, туку кажи која е должината?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ништо јас не сум подметнал! Демони, змејови, џинови, змии со вибер и слични ,,вистини" не биле фантазија туку историски настани. Треба комплетно да е отиден со паметот човек за да тврди такво нешто.
Еднаш веќе ти реков - Ти и со бандера да правиш муабет, бандерата ќе те побие, не некој друг.
Не бе, ништо, освен овие работи кои ги посочувам како подметнати....„Само„ нив.

Дури и научниците веруваат дека се во право за и околу своите наоди, а ти овде проповедаш некакво знаење на кое не (му) требало вер(б)а за да биде прифатено како точно или вистинито.[DOUBLEPOST=1491740838][/DOUBLEPOST]
Па со ова само ја потврдуваш мојата поента! Дека верувањето неможе никогаш да биде ,,знаење од повисок облик"! Едно е кога знаеш, сосем друго кога веруваш.
За очигледноста, не се потребни ниту вера, ниту докази, ниту акумулирано (пред)знаење.

Вербата останува повисок облик на знаење. Затоа, во Црквата велиме: верувам за да знам, верувам за да разберам.[DOUBLEPOST=1491740927][/DOUBLEPOST]
По незнам кој пат ќе ти повторам: Грам мозок да имаше, ќе видеше со кои, арно ама немаш.
Површноста, празнотијата и методот на „објаснување на еден израз со друг израз„, не се никакви аргументи.[DOUBLEPOST=1491740965][/DOUBLEPOST]
Важи, веднаш штом ти ја напишеш должината, јас ќе ја напишам вистината. Еве, пиши како и е името на должината, не некои должинчиња рандом, туку кажи која е должината?
И, вистината е?...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не бе, ништо, освен овие работи кои ги посочувам како подметнати....„Само„ нив.

Дури и научниците веруваат дека се во право за и околу своите наоди, а ти овде проповедаш некакво знаење на кое не (му) требало вер(б)а за да биде прифатено како точно или вистинито.
Па дај да видиме што е подметнато! Нешто конкретно посочи! Вака освен магарешки инает, немаш што друго да понудиш.
За очигледноста, не се потребни ниту вера, ниту докази, ниту акумулирано (пред)знаење.

Вербата останува повисок облик на знаење. Затоа, во Црквата велиме: верувам за да знам, верувам за да разберам.
Само ти можеш во две реченици да си контрадикторен на самиот себе... Не си свесен дека првово за очигледноста ти е контрадикторно на второво тврдење, дека верата била повисок облик на знаење :pos:
Според оваа глупост, испаѓа дека тој што видел дека надвор има дрво и знае, има ,,понизок облик на знаење" од тој што верува дека нема.
Површноста, празнотијата и методот на „објаснување на еден израз со друг израз„, не се никакви аргументи.
Па тогаш зошто ги користиш?
И, вистината е?...
Кажи ми која е должината и ќе ти кажам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom