Значи да сумираме..
Имаме избори на 11 декември, ДПМНЕ победи со 14 илјади гласови разлика или 2 пратеника повеќе.. Албанците излегуваат со т.н Тиранска платформа кој впрочем пишува дека не е можно формирање на влада доколку не се прифати оваа платформа, никој ништо не реагира, ДПМНЕ си го добива лагано мандатот од фикусот и си вика е супер, сеа си праиме влада со ДУИ.
Владата е сигурна, нема протести, нема платформи, нема патриотски здруженија, all good.. Сите од ДПМНЕ сигурни дека ќе има влада, Ивона на Сител се моча од среќа дека ќе има влада, дека ДПМНЕ ја прифаќа платформата.
Одеднаш вечерта ДУИ со соопштение дека нема договор помеѓу нив и ДПМНЕ. Фикусот вика доколку не соберат доволно потписи за влада, мандатот не го дава никому, СДСМ и останатите партии собираат 67 пратеника за формирање влада.
Грујо излегува на ТВ, државата била нападната, Тиранска платформа, бинационалност, кантонизации, федерализации, едно друго.
И сеа вие сеа тука паламудите и не убедувате овде на здрав разум дека Грујо и компанија, или како што се нарекува нивната партија ДПМНЕ сакаат да ја бранат или заштитат државата од албанските партии? Пошто тие се потписнички на таа платформа.