Акните - повеќе од тинејџерски проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Piramidalna sema do total: 7600 mg ili 80mg x 1kg tezina (95kg)
Vo period od 8 meseci mislam

Поголема доза од мене имаш земано, околу 30 на ден (7600/(8*30)). Јас реално не бев сигурен за последиците и за нус појавите, и затоа со докторката решивме помала доза (може и требаше малце повеќе). Конкретно ме интересира што сега, после роакутан, дали да си фрлам 800 евра на ласер или не вреди? :cautious:
 
мојата беше мала доза баш заради нус појавите не ми се ризикуваше, рачуанај "нормална" доза е 150мг х КГ тежина, јас земав упола, имам и ласери праено и триста други глупости фрлано пари пред тоа, ништо посебно, не викам не ги бива и не помогнаа али за тие пари не знам дали вреди... уште пред да ти видам слика би рекол не...

единствено остануваат според мене 2 услова,
1. да имаш сварно ептен длабоки лузни што мора интервенција
2. или да си ептен богат и 800 евра да се исто што и 30-50 евра за просечен македонец (ништо срамота ако си богат :) у тој случај би ти рекол да не се ни мислиш фрлај ги, сигурно нема до толку зијан да видиш)
 
Дечки вака. Лани зимата пиев роакутан (декември-мај) по препорака од Д-р Бисерковска од Ремедика. Ок беше, се повлекоа акните, имам уште по некое црвенило, се надевам и тоа ќе се повлече.

Е сега, ми останаа лузините. Денес бев после 4 месеци, ми препорача за лузните ласерска терапија, 3 третмани во вредност од 800 евра. Ми се виде доста скапо. Не е дека не сум спремен да ги дадам парите, но ме интересира дали некој има идено кај нив, дали има резултати после ласерот, дали се исплаќа да дадам 800 евра?
Не сум нешто запознаен со таа терапија, па и со ласерот, но имам слушнато за крем против лузни за кој викаат дека помагал. Мешаш една белка од јајце, 4 лажички сок од лимон и 4 лажички мед. Смесата се ставала на чисто и суво лице, најмногу два пати во неделата, по 15 минути.

Но со тоа не значи дека целосно ќе ти ги снема лузните. Ласерот веројатно е ефективен, но реално е многу скап. Но можеш да се распрашаш и за хемиски пилинзи кои го разградуваат горниот слој од кожата и поттикнуваат создавање на нова помлада и поеластична кожа. Во секој случај мој совет ти е да се распрашаш по приватниве дерматолошки ординации што нудат. Еве погледни во Дермамедика, они имаат многу третмани за лекување на акните и лузните.
 
Која доза на роакутан ја пиеше? Јас пиев по 20 мг (2 апчиња по 10 мг одеднаш) дневно. Ќе постирам утре слика, мада се познаваат лузните, не е така едноставно.
Мислам дека лузни може да се третираат и со дермоабразија или хемиски пилинг, што е далеку од 800 евра.. Размисли и распрашај се за тоа
 
Каде би ми препорачале да одам на третман за акни и колку ќе ме кошта?
 
Јас би ти препорачал во Дерма Медика или кај Анчевски. За цената не би можел да ти кажам, затоа што ни јас не ја знам. Најдобро е да се распрашаш, да отидеш на преглед и они да ти кажат кој третман треба, одприлика колку пати, и така и ќе знаеш колку би те коштало.
 
Здраво на сите јас сум нов на форумот и да ви се претставам јас имам полни 14 години и мојот единствен проблем во пубертетот се акните па имам користено секакви лекови како на пример Hydrogen 3% 97% вода,но пред 3 дена престанав да го користам , истотака имав користено и глицерински сапун од бор кој престанав да го користам вчера и денес си зедов сапун Dove а и за него не сум сигурен ми предложи еден мој другар истотака еден човек поточно на мојот татко другар е тој сакаше да ме однесе на специјалист за кожно но не сакав јас па сега сакав да ве прашам вас за да ми предложете нешто да користам за лицето ако знаете нешто еве слики од мене однапред ви благодарам.
 
Последно уредено од модератор:
Во Бугарија, по аптеките ќе најдеш еден лосион, Acne out active. Два се, еден само Acne out и овој што ти го препорачав. Специјално е за таа намена, за акните.. доста мои пријателки кои на времето имаа проблеми како и ти го користеа и лицето им стана џам. Поубаво од моето. Ама, јас го знам лосионов од пред годиништа, ваљда се' уште го има и не е многу скап. Ако имаш некој што патува натака... нека ти го порача па пробај.
Поздрав и душа, не ти препорачувам кога ќе се зачленуваш по форуми да ги даваш вака јавно податоците како име, презиме итн. Секакви не има на интернетов :)
Се надевам за скоро ќе ти се стабилизира кожата.:sramezliv:

едит: го имало
http://apteka.framar.bg/30007500/акне-аут-лосион-актив-60-мл
 
Ти благодарам многу за одговорот иначе немам чуено за тој лосион имам тетка што патува некогаш натаму ќе и кажам да ми земе.
 
Здраво на сите јас сум нов на форумот и да ви се претставам јас имам полни 14 години и мојот единствен проблем во пубертетот се акните па имам користено секакви лекови како на пример Hydrogen 3% 97% вода,но пред 3 дена престанав да го користам , истотака имав користено и глицерински сапун од бор кој престанав да го користам вчера и денес си зедов сапун Dove а и за него не сум сигурен ми предложи еден мој другар истотака еден човек поточно на мојот татко другар е тој сакаше да ме однесе на специјалист за кожно но не сакав јас па сега сакав да ве прашам вас за да ми предложете нешто да користам за лицето ако знаете нешто еве слики од мене однапред ви благодарам.
Пробај лицето да го миеш со сода бикарбона растворена во вода и еднаш неделно да си ставаш на лице маска направена од малку сода и мед(тоа помешано). Помага 100%.
 
Мене ми помогна Хлорамфеникол, ми го препорача еден другар. Го имаш од две фирми: Алкалоид и Фитофарм (овој е многу подобар од тој на Алкалоид).[DOUBLEPOST=1491513855][/DOUBLEPOST]
Во Бугарија, по аптеките ќе најдеш еден лосион, Acne out active. Два се, еден само Acne out и овој што ти го препорачав. Специјално е за таа намена, за акните.. доста мои пријателки кои на времето имаа проблеми како и ти го користеа и лицето им стана џам. Поубаво од моето. Ама, јас го знам лосионов од пред годиништа, ваљда се' уште го има и не е многу скап. Ако имаш некој што патува натака... нека ти го порача па пробај.
Поздрав и душа, не ти препорачувам кога ќе се зачленуваш по форуми да ги даваш вака јавно податоците како име, презиме итн. Секакви не има на интернетов :)
Се надевам за скоро ќе ти се стабилизира кожата.:sramezliv:

едит: го имало
http://apteka.framar.bg/30007500/акне-аут-лосион-актив-60-мл

Овој лосион го имам најдено во една мала приватна аптека (мислам Виола се викаше аптеката). Ретко се наоѓа и ретко се носи во наши аптеки ама сепак го има.[DOUBLEPOST=1491513890][/DOUBLEPOST]
Пробај лицето да го миеш со сода бикарбона растворена во вода и еднаш неделно да си ставаш на лице маска направена од малку сода и мед(тоа помешано). Помага 100%.

За ова потполно се согласувам, навистина помага.
 
Здраво на сите јас сум нов на форумот и да ви се претставам јас имам полни 14 години и мојот единствен проблем во пубертетот се акните па имам користено секакви лекови како на пример Hydrogen 3% 97% вода,но пред 3 дена престанав да го користам , истотака имав користено и глицерински сапун од бор кој престанав да го користам вчера и денес си зедов сапун Dove а и за него не сум сигурен ми предложи еден мој другар истотака еден човек поточно на мојот татко другар е тој сакаше да ме однесе на специјалист за кожно но не сакав јас па сега сакав да ве прашам вас за да ми предложете нешто да користам за лицето ако знаете нешто еве слики од мене однапред ви благодарам.

1. Лице не се мие со сапун, него со вода, Можеш 1x во 3-4 дена да го измиеш со сапун и после тоа со влажна крпа да го "натапкаш лицето" за крпата да го впие слојот од сапун кој останува после миењето и ги затнува порите, ова е многу битно.

2. Ќе купиш од аптека zinc (гледај да биде цитрат/глицинат ако имаат) ќе купиш и витамин ц, и ќе пиеш по 2 грама на ден, на секој 4-5h по едно од 500 мг. Zinc-от по 30 мг на ден.

Друго, ќе ги земеш и оние што се A + D3 капсулите - од нив ќе пиеш по 5-6x на ден после оброк кој содржи нешто масно.

3. Намали скроз или исфрли млечни продукти, се што има млеко во него - не. Истото важи за глутен.

4, Проверка целосна (крвна слика со сите хормони за тироида - не само 1)
 
Каде ми препорачувате третман на лузните од акни?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom