Дејството на комунистичките партии било во рамките на постоечките држави и од тоа се прави проблем голем како слон. Еве, ај ти во денешен (условно кажано) слободен свет пробај да организираш антирежимски партии во Бугарија и Грција па дури и наоружани, не па во онаков фашистички бугарски режим или кај грчкине ројалисти, што се бетер од фашистите и познато е каков однос имале од секогаш кон македонското малцинство. Тоа си се приклучило по природна линија кон партизаните од Грамос, но како што и бугарите и ден денес се во поголем број класични фашисти и националисти, сличен терен бил и во Грција. Не дека го бранам раководството на КПЈ по секоја цена, мислам дека премногу им се дава негативно значење, односно премногу се напумпани тие анти-македонски струи во СФРЈ, а тоа е само со лоша позадина - да се прикажат некои сомнителни ликови од тоа време како „големи борци“. Вистина е дека имало македонски отпор во војната, тоа е неспорно. Сум пишувал во темава - ене го дедо ми е жив уште, а се борел, одвај со доволна возраст бил на минофрлач. Ме нервира што во последно време се ствараат и шират како вистина некои безвезни теории на заговор, како некој не дал да се оди негде, па како Београд командувал - па и ако е така, ќе глумиме вечни плачковци и цмиздрала? Тоа за мене е поголем срам. Да си имал храброст ќе си се организирал како народ и ќе си повлечел конкретни потези, ама пошо не е така, не измислувај квази-истории. Е тоа го напраи паторот со месење на историјата и уште не дозакрви со соседите.
Абе историчарите на паторот пробаа од неговиот вујко да створат мит - што понатаму да се збори? Од џандар, подобен за партијата да биде министер за внатрешни напраија дисидент и борец за независна Македонија - седи беее. Тој што све има цинкарено околу себе и како има работено за тајни служби, ретко кој. Само проанализирајте му го просперититот во кариерата, као на плавуша со силикони му е, а пошо не бил ни плавуша, ни имал силикони - ај погоди како газел.
Земајте со голема резерва тоа што се сервира од модерните историски читанки пошо се полни со рекла-казала.