@ajax Ама која е македонската а која бугарската според тебе? Тоа се фактите за ликот и делото на Лазаров... сум му ги читал спомените многу одамна и затоа и ти го напишав тоа погоре. Ајде покажи ми ја македонската верзија за Лазаров, да прочитам и да се образувам и јас како тебе, очигледно глуп сум... не дека не сакам да прочитам како што ти велиш, туку никаде не сум сретнал во ниту една македонска книга за историја нешто за Лазаров, тој човек едноставно не постои во книгите, и многу малку имаат слушнато за него, а да не беше тој денеска во Македонија наместо плакати на Зајковци и Груевци ќе лепевме плакати на Вучиќ и Путин. Не ја сменив јас темата со ништо, туку ти дадов само пример што правеле Колишевски и екипата со него... не им било судено ни ништо, биле едноставно БРУТАЛНО ликвидирани, а и се' уште не им се знае гробницата. Извини, а што реков јас за твојата личност? Како те навредив? И не сум никаков Бугар, јас сум Македонец и живеам во Куманово. Ако сакаш и на кумановски дијалект ќе ти зборувам ако не ми веруваш. ама не знам зошто има да ти се докажувам кога било кој Македонец да каже нешто против Србите, Тито, комунистите и др. веднаш е сметан за Бугароман, така ви е всадено во мозоците, за жал...
Па за тоа работела организацијата веќе половина век. Што се однесуваш така зачудувачки? Која била целта на ВМРО? Се' друго било етап до тоа. Речиси 2/3 од бугарските војници биле Македонци. Најпрвин, кога бугарската војска влегла во Македонија (велам бугарска, затоа што носеле такви униформи), биле пречекувани со радост и среќа, затоа што му било ставено крај на српското ропство. Исто така било и со германските војници. Тоа е факт и што сакаш пишувај не можеш да го смениш. Јас не викам дека Македонците биле Бугари. Поставуваш многу прашања без врска. Јас си го реков своето.
Заслужува споменик, затоа што како што реков погоре, да не беше тој и неговата чета, денеска Македонија ќе се викаше јужна Србија. Ама какви луѓе убивал? Турци, Србомани и српски четници кои што вршеле терор врз населението и насилно го посрбувале македонското население. Поставуваш толку глупави прашања со кои што на некој начин сакаш да кажеш дека и убивањето на Турците во турско време било лошо затоа што и тие биле луѓе. Ајде кажи ми од кого е пратен Лазаров? Ако сакаш да знаеш тој влегува во организацијата уште пред 1901 год. (пред Александров или Михајлов да застанат на чело на организацијата).
Не испревртувам јас никакви зборови, зошто ќерка му не отишла во Бугарија бидејќи татко и' бил "соработник со окупаторот"? Веројатно се преселила во Паланка поради љубовта.. многу далеку Паланка од Куманово па баш таму избегала да се сокрие.. на тие "предавници" не им било судено туку биле убиени без суд од страна на комунистите! Никој искрен македонски патриот не сакал да биде од некоја си т.н. Југославија (Србославија) под диктаторот Тито. 50 години сме се бореле да имаме независна држава, и одеднаш југословенска федерација. Секој противник на Колишевски, Тито и таа дружина биле предавници, или биле праќани на Голи Оток или биле убивани ладнокрвно.
Кога ги бркал комунистите, извини? Ајде дај да видам докази.
И каков слуга бе човек? Михајлов имал едвај 5 год. кога Лазаров дејствувал во Куманово борејќи се против Турците, Србите и Србоманите. Другите работи што ги напиша ти се глупости и имаш типична југословенска перспектива врз македонската историја... не планирам да се замарам со такви глупости.
Што се однесува до Сандански, тоа е вистината, па макар и да не веруваш, тоа си е твое... Борис Сарафов и Иван Гавранов биле убиени по наредба на Сандански, без никаква пресуда од ВМРО. Јас не реков дека Сандански треба да се избрише од македонската историја, туку сакам да кажам дека не треба револуционерите/комитите да ги делиме на значајни и позначајни, демек овој направил повеќе од овој, туку сите треба да се третираат исто. Зошто за Лазаров да не се знае ништо, да се плука по неговото дело, а целиот живот го поминал во борба со секакви пропаганди, а Сандански кој што ги злоупотребувал парите од организацијата, за време на балканските војни ги ограбувал куќите на Турците во пиринско и богатството си го задржал за себе, да биде третирал како светец? Се' тоа е последица на југословенските историографии... Сандански не бил толку против Србите затоа што бил зафатен со нешто друго
, а Лазаров бил во директни конфликти цело време со Србите, и некому тоа му претставувало проблем
.
И не сум Бугар, уште еднаш ќе ти кажам. Македонец сум од Куманово.