Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.226
- Поени од реакции
- 36.442
Кеплер,
на колку ниско разумно ниво‘ треба да ти биде одговорено, за да можеш да разбереш?
Ај што не знаеш како треба да „изгледа„ одговорот, сега, дури дадениот одговор не ти пасуе?[DOUBLEPOST=1490806762][/DOUBLEPOST]
Знам, според расположението од духот, после извршените Свети Тајни.
Знам-знам, и тоа не е „доказ„ кој ти е по меру, така?...
Милион пати ти пишав, губам многу енергија со тебе и најжално е што се вртиме во круг постојано и најтрагичното секогаш имам впечаток дека не ме читаш, имаш некои работи врзано во глава и не се трудиш разумно да размислиш.Мики, ти кажуваш дека госпо постои и дека си праиш муабет, јас ти наведов, чекам емпириски реалистичен доказ, ако знаеш дека нештото постои, обиди се да го докажеш.
Не знаеш, туку ми прераскажуваш нешто што ти раскажале тебе или што си прочитал, ниту пак имаш можност да ми докажеш, се тоа е претпоставка, нема никаков издржан доказ дека тоа што ти го кажувам навистина постои.
Каде го осети духот?
Мики, Елон Маск ако воопшто си слушнал кој е човекот започна проект со кој планира човечкиот мозок да го спои со компјутер, очекувањата се дека за околу 5 години би имале предвид како би бил структуиран компјутерот и на кој начин би бил пристапот со детали, доколку тоа се случи целиот гугл ќе го имаме на тацна кога и да посакаме и би биле компетитивни со вештачката интелигенција која од момент на момент станува реалност.
Тука со тебе сеуште губиме енергија да докажеме нешто што никој не знае дали навистина постои, има приказни дека пред повеќе од два милениуми прошетал тука, живеел 33 години, го распнале, починал и демек воскресна и од тој момент се губи траг на тој лик, ниту се јавил некаде повторно, ниту пратил некој знак, едноставно паф и толку.
Што правиме ако тој лик бил преходник на Худини, Рики Џеј, Лафајет и т.н, илузионисти кои и сега прават работи кои изгледаат како маѓија, иако имаме развиена технологија, критичко тело составено од многу умови, милиони луѓе кои можат да ги прегледаат видеата, но сепак мал е бројот на тие што знаат како се изведуваат тие илузии, а замисли го периодот кога едвај имало писмени, кога уште се убивале луѓето со ладно оружје како животни, кога освен да спечалат за да се прехранат немале други можности, кога влечеле камења со ортоми, немале никаква технологија, се знаело премалку за скоро се. Знаеш ли колку било лесно за големите умови да продадат илузија во тоа време?
Кога ќе успееш да дадеш доказ кој е емпириски и реалистичен и доказ дека црквата сеуште има комуникација со госпо и насоките кој тој ги дава постојано како да функционираме јас ти ветувам дека ќе станам најверниот христијанин, ќе верувам и ќе правам се што тој ќе каже, дотогаш се тоа што ти и твоите колеги проповедата за мене е ветер и магла.