Мислев на тоа дека идеализираш, во смисла дека не треба да очекуваш дека сите луѓе настапуваат во политиката и во животот по етички и морални норми - што во реалност е неможно. Во државава не отсуствуваат антикорупциски комисии, инспекции, регулатори - тие си постојат, ама проблемот е што и тие се жртви на корупција и политичка подреденост.
Околу групирањето на капиталот, тоа е баш така како што пишуваш. Во нашиов случај, тоа е доказ дека инструкции за овој масовен грабеж, превземање на фирми од страна на фамилијата се случи по инструкција од надвор - затоа што сега некој од надвор полесно ќе му биде да му го грабне украденото, отколку тој да мешетари и да си го валка името и реномето тука. Во ист џеб ќе отидат и кредитите кои ни ги даваат на нас како држава, си ги враќаат преку истите политичари назад во своите џебови, а за возврат добиваат од нашето општество една политички зависна држава, која е многу лесно да се уценува. Тоа е за корупцијата на највисоко ниво. Американците го имаат тоа искуство со векови, наследено им е британската империја и методите им се добро разработени и малку модернизирани. Мијалков ги складираше милијардите на Белизе и Панама и си мислеше дека заврши работа, а тие две територии, држави се токму американска креација, измислени со таква намена. Од владеењево на талибанциве наследивме што - финансиски долгови, ограбено претходно поседувано општествено добро и најтешкото - политичките долгови во форма на уцени. Останува отворено прашање - што им ветил паторот на Американците дека ќе направи со државава? Зошто толку долго време го хранеа со кредити. Им го призна Косово. Е сега останува дилемата дали има задача да предизвика војна или тоа сака да го направи на сопствена рака. Во секој случај дека го оствари грабежот под нивни патронат тоа е сигурно и јасно како бел ден.
За корупцијата на основно ниво, јас немам друго решение освен подигнување на културолошко ниво на целиот народ. Разбирливо е таа да расте со степенот на осиромашување, ама нивото кое ние го постигнавме е од епски размери - практично нема административна положба која не е злоупотребена на тој начин. Треба да се подобри општата економска положба и нормално да функционира системот на казнување за да се пренесува како пример меѓу народот. Ако имаш ти ситуација у која уредник на телевизија лапа милиони и не плаќа данок за нив и уште се ку**и дека никој не му може ништо - тоа е мотив за сите обични луѓе да се обидуваат да го направат истото.
Затоа ако сме решиле да продолжиме со постоење мора да се истера правда, соодветни ликови да свират клавир и да си го изробијаат тоа што го испокрале.