Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ништо, што треба да се случува? Или ќе земат албанска партија со нив во влада, или мандатот нека го дадат на втората партија на изборите.
Со 70 пратеници да дадат мандат на друг? Е ова би било случај за „верувале или не“.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ако татко ми можеше да плати 5.000 евра казна, ќе може и Латас. Кој е тој систем кој ги гони само оние кои немаат политичка заштита? Сега со СЈО се создава еден вид на баланс, и таквите како Латас ќе бидат гонети за своите злодела и криминали. СЈО не дели правда, па затоа тука не може да станува збор за некаква правда од страна на СЈО. СЈО собира докази и поднесува обвинителен акт, а судот е тој кој ќе треба да одлучи дали ќе ги прифати тие докази или пак ќе го слуша љубовниот шепот на парите кои зујат на неговото увце. Да, и е начин на поправање на обвинителството. Ако истото можело да мижи 10 г., а знаело дека околу него има епидемија од криминални активности, по автоматизам тоа е соучесник во тие активности затоа што основна задача на ЈО е гонење на криминалците и носење пред лицето на (не)правдата.

Ти можеш да сметаш што сакаш, за мене, но тоа не значи дека си во право. И ако зборуваме за пристрасност, ти си на врвот на прамидата. Ти си еден од главните на форумов кои ја бранат власта, која ќе се сели во опозиција. Тоа лично ми се допаѓа затоа што без таквите размислувања, колку пак тие да не ми се допаѓаат, ја прават дискусијата поинтересна. (y)

пи.ес. Јас немам ништо против ЈО да покренува истраги против опозицијата, се додека СЈО слободно работи и функционира. И сите тие постапки што ги покренува СЈО, се пред се’ документи и останати материјални докази кои ја докажуваат криминалната вмешаност на челниците и помалите пијавици на вмро. Зошто би имал нешто против околу тоа? :)
 
V

viktora

Гостин

Зошто таткоти платил 5.000 евра казна?Изгледа многу поштено работел за време на диктатура.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Зошто таткоти платил 5.000 евра казна?Изгледа многу поштено работел за време на диктатура.
Па тоа е финтата де, си згрешил човекот, си ја платил грешката. Нека ја платат и останатите ако сакаме да имаме држава.
 
V

viktora

Гостин
Со која албанска партија ќе се во влада?
Со онаа албанска партија која ќе ги застапува интересите на сите граѓани а не само на нивните.После кршењето на џентламенскиот договор со ВМРО за составување на влада на победник со победник нема да бидат они кои ќе условуваат.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ти си еден од главните на форумов кои ја бранат власта, која ќе се сели во опозиција. Тоа лично ми се допаѓа затоа што без таквите размислувања, колку пак тие да не ми се допаѓаат, ја прават дискусијата поинтересна. (y)
Мислам дека грешиш. Ако видиш убаво, нивните „размислувања“ доаѓаат во форма на цунами - латас почиња да кења за нешто и сите во хор повторуваат, паторот бара избори - тие бараат избори. Ако си гледал Star Trek, како Борги, чипувани, ни чувства, ни разум - слепо следење наредби.
Да, јас би сакал да дискутираме дали треба да се движи државава кон запад или кон Русија или да тера независно (ако може), ама не кога треба паторот на јаже да го ставиме, туку принципиелно, како да се игра рационално и со едните и со другите, какви економски политики да се водат, ама не да ми бранат некоја опајдара од шител која земала милиони за пропаганда и плус не плаќала данок за тоа - тоа не се дискусии. Тоа ми иде копач меѓу рогови да им лупнам.
Големи очекувања имаш од „дискутантиве“.
 
V

viktora

Гостин
Па тоа е финтата де, си згрешил човекот, си ја платил грешката. Нека ја платат и останатите ако сакаме да имаме држава.
Финтата е да не згрешиш а не ако те фатат.Што ако не те фатиле сто пати и следниот пат те фатати и да одговараш само за едно дело.Си направил кеш пута сто а плаќаш казна само еднаш.
И ако сакаме нормална држава сите треба да одговараат по ред,а не само дел.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Финтата е да не згрешиш а не ако те фатат.Што ако не те фатиле сто пати и следниот пат те фатати и да одговараш само за едно дело.Си направил кеш пута сто а плаќаш казна само еднаш.
И ако сакаме нормална држава сите треба да одговараат по ред,а не само дел.
Другар ај вака, грешка е, секому може да му се случи нели? Те фатиле тебе на радар полиција како возиш повеќе од дозволеното? Си се паркирал погрешно? Си згрешил? Секој згрешил.

Платил човекот казна? Платил.

Памет за друг пат, како велат? Крај на муабетот.

Ајде сега нека платат и другите за злоделата а не во државава законите селективни да се. За тоа сите се согласуваме дека треба да одговараат по ред ама кога ќе се спомне Грукале што го вика Дарко одма се спинуваат муабетите.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.023
Поени од реакции
23.472
Ако веќе зборуваме за пристрасност повеќе ми пречи СДСМ отколку што го симпатизирам ВМРО, но ако ти прави тоа кеф можеш и така да речеш, дека сум пристрасен. А кој не е веќе кога сме кај тоа?
И да не ја тупиме џабе една те иста работа веќе неколку дена. Далеку од тоа дека ЈО и судството во глобала од независноста до ден денешен биле пример со кој би можеле да се пофалиме. Та биле СДСМ та ВМРО на власт. Едноставно не профункционира. Дека СЈО е лекот не се согласувам, само ке ја влоши состојбата. Тоа е мое мислење. Некој ке се сложи , некој не. Таман работа сите исто да мислиме.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993

9 години од резилот на плоштад режиран од свињата јади бурек.
За волја на вистината све друго се изгради, ама на локацијава ништо не бидна.
Денешниот „спасител“ бетмен само пред 9 години и само пред 750 000 евра уплатени на фирмата на мајка му јадеше клоци и шамари од своите сегашни сопартијци, кои со своите качулки веројатно со ова херојство се унапредени од кладионичари во вработени во градски паркинг. Во тоа време дамовски на уште живата а1 се исмеваше со сите, вклучително и паторот, а тој тогаш ни да сонува дека после 9 години има чекиран тикет за у Идризово. Толку малку време пројдено, толку улоги променети.
 
S

silmarillion

Гостин
Со онаа албанска партија која ќе ги застапува интересите на сите граѓани а не само на нивните.После кршењето на џентламенскиот договор со ВМРО за составување на влада на победник со победник нема да бидат они кои ќе условуваат.
Еве нема таква албанска партија и нема ни да има. И што правиме?
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.870
Тепачка во Oхрид при поставување двојазична табла на ПИОМ

Поставувањето на двојазичната табла на влезот во објектот каде што се канцелариите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, предизвика тепачка меѓу поединци.
Утрово службите од ПИОМ се обиделе да постават двојазична табла, но тоа предизвикало револт кај неколкумина поединци кои ја искршиле таблата при што дошло и до физичка пресметка.

СВР Охрид врши увид на местото на инцидентот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom