Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Човеку, јас те прашувам како може протест кој е организиран од членови на вмро кои добиваат инструкции од функционери на вмро да не го наречеш партиски?
Друго, те прашувам како може да има Албанци на протести каде се пее против нив? Го виде видеото?
Не ми дава видеа оваа верзија на форумот, сегде е бланко праваголници. Океј, тројца организирале што имаат тесна поврзаност со ВМРО. Мисиркова уствари и член е мислам. Останатите што доаѓаат по дифолт се политички партизани? Да не треба да им направиме попис кој има книшка? Не беше ова критика кон тие што плукаа по Шарената Револуција, дека сите во ист кош ги ставале? Кој двоен аршин ти е сега ова?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па ако се пласира ќе им честитам, а ако не се пласира тогаш џабе победиле со Лихтештајн. Пирова победа. Така и вмро.
Значи, победи вчера Македонија. Иако се знае дека нема да се пласира. И вмро дпмне победи и согласно правилото на дуи редно е да не прават проблем и да формираат влада со најрелевантниот преставник на македонците. Секако дека македонците не сакаат да се газат.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Значи, победи вчера Македонија. Иако се знае дека нема да се пласира. И вмро дпмне победи и согласно правилото на дуи редно е да не прават проблем и да формираат влада со најрелевантниот преставник на македонците. Секако дека македонците не сакаат да се газат.
Според твојава глупа логика. Македонија вчера победи и од Фифа не треба да прават проблем и Македонија треба директно да е на Светско, Македонците не смеат да се газат. Сфаќаш каде грешиш?
Не ми дава видеа оваа верзија на форумот, сегде е бланко праваголници. Океј, тројца организирале што имаат тесна поврзаност со ВМРО. Мисиркова уствари и член е мислам. Останатите што доаѓаат по дифолт се политички партизани? Да не треба да им направиме попис кој има книшка? Не беше ова критика кон тие што плукаа по Шарената Револуција, дека сите во ист кош ги ставале? Кој двоен аршин ти е сега ова?
Па штом организатори се од вмро значи протестот е партиски. Што мајка бараш на партиски протест?
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Знаете зошто е тешко да се направи влада?

Затоа кога зборат од сдсм и другите опозиционери зборат само за врхушката на вмро...

И ние мислиме дека само 5-6 души се корумпирани.
Ама ги забораваме сите други ешалони или како и да ги викаат.

Овие што ги гледаме како протестираат се последните, или првите на фронтот, зависит од која страна сте.
Тие се вработени на ниски позиции во водовод, комунално, нешто низ општини, како социјално, биро за вработување и т.н.
Тие се водени од нивните директори и шефови кои се првите корумпирани, кои се лесни за затварање ако се почни од нив.

Тие директори се шефовани од претседателите на штабовите каде што тие живеат, овие најчесто имаат друго занимање како доктори, адвокати, професори, значит имаат пара, ама тие се вторите корумпирани, овие или ја користеле партијата за полесно добивање дозволи за што било, земале пари за вработувања...сваќате да не ја ширам, пошо е долга и широка.

Тие се водени од пратениците од тие реони кои преку нивните секретари, администрација, помошници, кои се третите корупирани и од овде веќе почнува јаката пара ги координираат локалните протести а кога беше мирно и бизниси.

После овие се замешуваат медиумите и јавните личности, тие кои лапале кеш за реклами, спотови, спортски настани, сеа нормално мораат да одработат, на овие само честа им страда, кога све ќе помине благодарение на македончето све ќе им се прости.

Е сеа замислете колку вакви фаци има, илјадници, затоа тешка е работата, ако ги апсат директива од врвот овие ќе се спасат, пари нема да враќаат, взатвор немат да одат, честа ќе им страда и ако некој ги тужи на суд ќе губат ако се криви а не како сега.

Ако пак тргнат од овие апсењата ке траат со години.


Иначе уличариве почнаа да паѓаат со бројка па каде и да очекувам градоначалниците да се заангажираат јако.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
W

wicked_1

Гостин
@Шкорпион пак ли те активираа бе сине неутрална специјалка да изиграваш?

Па тука членови те видоа како урлаш како орка на контрапротест организиран од гдом пред некое време... уште ќе се брукаш? Сеа си тврдокорен а?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Мисли Ибицата да се враќа скоро од „службениот пат“?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ајде одмори од спамот недела дена, ако се научиш да пружаш аргументи, ќе ни се придружиш пак назад. Велам ако.
Значи, се банираат душманите. Јас бев баниран од Пеја99 за ништо, за негов ќеф. Овде има некои ужасни навредувачи и ништо не им е.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
@Шкорпион пак ли те активираа бе сине неутрална специјалка да изиграваш?

Па тука членови те видоа како урлаш како орка на контрапротест организиран од гдом пред некое време... уште ќе се брукаш? Сеа си тврдокорен а?
Нека излезе глушецот кој го кажал тоа, да видиме легитимитет колку ќе се измери. Ајде, еве, ти набиваш шкурлузи. Прифаќам. Кој е твојот беден изговор да чуеме? Го имаш ли воопшто?

Па штом организатори се од вмро значи протестот е партиски. Што мајка бараш на партиски протест?
Партиски е кога ќе докажеш дека членството се грото од сите тие илјадници луѓе. Како што се бараше и за Шарената Револуција, која ете, исто го стави на страна во полза на сликата што ја градиш. А од друга страна сакаш јас да ти одговарам на твоите прашања ..
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Eптен е наивно да се тврди дека поголем дел од протестантите не се партиски членови, мислам ние барем од помалите градови знаеме кој оди, не дека нема и по некој со свој став и идеологија но повеќето се партиски членови и активисти.

И тука нема зошто да се троши време и да се дебатира, тоа се факти.
 
P

psychostasia

Гостин
@Шкорпион замижуваш пред очигледната партија и причина поради која се протестите. Јасно е и кога добија на масовност, откако некој повика да излезе народ на улица да не им ја земат државата. Нејасно ми е што бара некој што вели дека е анархист по убедување на вакви протести и да повикува членови да доаѓаат на протести од националистичка партија. Тешко ми е да поверувам дека од тебе прочитав таков пост.
Околу тоа кој ги организира, јасно е дека вмро ќе одрекува затоа што инаку би признале дека шират национализам. Демек оние тракторите купени со субвенции и црвена книшка чисто од патриотска побуда дојдоа, децата од градинки чисто од патриотска побуда дојдоа? Деца ли треба да се носат на политичките протести (ајде веќе да не ги викаме партиски кога инсистираш)? На таков ли протест да учествувам каде на деца им се врши индоктринација дека клетите шиптapи ќе им ја земат државата? На протест на кој некои што го утепаа народот психички треба да ги бранам? Не. Треба да гнијат сите што дозволија да дојде ситуацијава. Ако е некок разумен треба да го осуди протестот. Ете толку пати е прашано а ниеднаш одговорено, зошто немаше притисок и протести кога груевски договараше влада врз истата платформа? Зошто тогаш не беше опасна платформата?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Некои од вас што тврдите дека протестиве се од ДПМНЕ-вски платеници и организирани од истиве, сте поминале низ тој народ, да видите кој е кој, зошто е таму, што мисли и за едни и за други, и за трети? Некој доказ имате или за да го склопите феноменот во четивото што го градите, ви одговара ова да е сендвичарска намештанка?
Организатори на протестот се лица блиски до дпмне. Таа иницијатива за ширење параноја е стар трик на оваа т.н. политичка партија, познат уште од 2004 г. за време на неуспешниот референдум за територијална поделба. Прашањето беше неуспешно, но потоа знаеме добро дека некако се протна. Во 2004 г. имаше исти вакви движења организирани од дпмне кои тврдеа дека ако референдумот успеел, тоа би бил крајот на Македонија! Денес истата приказна, само други ликови.

Јас живеам во населба каде +95% од населениото е неалбанско. Сега има некоја мала тенденција каде започнуваат да се населуваат албански семејства. Можеби е изразлива во промили, но сепак поради работите кои се случуваа тука, јасно е изразлива. Проблемот лежи во тоа што никој не ги тера тие семејства кои се отселуваат ,поради било која причина, своите станови да ги продаваат на албанци. Вчера баш разговарав со една и ми вика “ај да најдам еден ши*тар кој ќе ми ја купи куќата“! И потоа нели следува ширењето на параноја- албанците ни ја зимаат земјата, сакаат независност и сл. Ако продоли оваа тенденција на зголемување на нивниот наталитет, а нашиот прилично опаѓа, тогаш не можеме да зборуваме за некакви паралелни општества ,групации и барање национална свест таму каде што ја нема. Со текот на времето, сакале ние или не, сето тоа самото ќе си дојде, нормално во одредена форма и облик.
Хасан Приштина гордо е испрчен во центарот на градот. Во Чаир имаш огромен споменик на УЧК, а притоа имаш и музеј на УЧК. Замисли ти полиција да не може да влезе и да направи рација во центарот на градот, а овие маршираат во името на државата! Која држава, човече. Тоа е срамота. И ако се соберат 20 албанци, ниту еден “патриот“ нема да излезе на протест/марш да го изрази својот револт кон таа нивна пропаганда/барање! Тоа се’ се случува во времето на дпмне. Замисли еден министер да се поклони кон споменикот на една терористичка организација и притоа да не биде ниту дисциплински казнет! Глуп е како лопата. Прво не знае да се однесува на телевизија, треска глупости, погрешно цитира закони т.е. цитира нешто што не постои, нема елементарни познавања од политиката (ниту историја), не знае како да воспостави комуникација т.е. збори цело време, ама важно ќе биде претседател на собрание! Тоа е доказ колку заедно сме глупави. Наместо да има некоја интелектуална дебата, меѓу врвните интелектуалци за проблемите кои постојат и се појавуваат во општеството секојдневно, ние ги гледаме на улица како протестираат или што е попатетично бегаат од премиерот од дискусија, оној истиот кој пак бега цели 11 г. од политичка дискусија! Нема полза да се бесиме за сламната на некаков интелектуален спас преку дискусија. Сега се’ е една долема процедура и обична формалност, како на пример гласањето во парламентот.

И имаш динг-донговци. Тоа е современа доктрина на т.н. партиоти. Одат од врата на врата и бараат да се приклучиш кон протестот со нивната лажна замајувачка приказна. Имаш 2 Закони за јазиците од 2008 и 2011 г. за кои никој не протестираше. Сега нема ниту предлог Закон и сите се на улица, а патем таа платформа не беше предмет на дискусија (читај протест) кога вмро преговараше за истата и кога славенички викаа дека владата е договорена! Истото важи и за оној кој го нарекуваме претседател. Затоа јас сметам дека овие протести се дело на оние посакуваа смрт за политичките противници и говореа за “ноќ на долгите ножеви“! Претседателот бара Хан да седне со нив- Бетменот (еден од организаторите), Каракамишева, Јанко, Миленко, Мирко....и речиси целиот формат на гној кои и е сликан на протестиве, потоа членовите од дпмне го пропагираат овој начин на искажување на задоволството/незадоволството и имаш дел од познатата машинерија која оди од врата на врата и бара масивност, мислам дека ова се доволни докази дека овој протест го организира дпмне, но тоа не значи дека сите тие кои протестираат се членови/симпатизери на оваа т.н. политичка партија. Јас познавам доста кои се изманипулирани со тие лажни начела за прогласување на геноцидни народи и групации, па до такви кои мислат дека навистина ако сдсм состави влада, Македонија ќе се растури. Немаше ниту точка од сето ова во новата предлог програма за влада. Ниту точка. Затоа е јасно дека овој протест нема смисла и дека сето ова е политички режирано се со една цел, или вмро да состави влада или пак евентуално да има нови избори.

пи.ес. Ако некој од протестот бара влада подебник со победник, многу е јасно кон што цели. :)
 
A

Avenger99

Гостин
Loaded post. Не знам кај се бранеле криминалци ниту како јас бранам. Кој што дробел, тоа ќе срка. Зошто сум на овие протести, а не тие за Кочан? Тој розов слон лесно се игнорира. Не зависам ни од една ни од друга партија, ако не извлече поука од ова ВМРО, ќе се распадне како партија многу побрзо од СДСМ. Тоа и голем број ВМРОвци го очекуваат. Пак, ќе знаеше, да си таму, или да си во тие кругови. Вашиот светоглед за жал е само една тесна ехо комора. Се надвор од тоа е лага или фејк њуз.

А јас колку сум неутрален може во 4 очи да дискутираме. Не овде. Бујрум.



Ако разменеше некој збор. Едно е да продаваш зјала у толпа луже од страна, друго е да минглаш.



Има хомосексуалци кај десничарскиве партии, ама Иле не е еден од нив. Згоден е, али јебига, сувопарен хетерош е. Највеќе у ГРОМ ги има, ако веќе бараш листа за праење. Не знам што праел Стефче кога билдал членство, и каде се регрутирал.



Повик за што?

А кои биле претходните очекувања, да знам што е сменето?[DOUBLEPOST=1490459694][/DOUBLEPOST]

Образовани луѓе ваљда имаат доволно мозок да очекуваат реперкусии после штетата која ја направиле за време не дивеењето на Шарената Револуција. Или ајде, не материјална штета, него онаа врз општата слика за ЛГБТИ популацијата еве. Толку глумеа изненаџени дека се случи да ги апсат и да им лупаат казни.



Треба да му се допише на листата престапи на Кочан и некоректното користење на тематската музика од Авенџерс филмот во неговине реклами за Трансмет, што е казниво со закон, а чисто сумњам дека добил зелено светло од креаторите на филм серијалот за користење на истата.



Дел од Шарените изразија несогласување. Процент од нив како дел од ЗЗМ протестите, а друг процент преку партијата Левица, која отворено ја "искритикува" платформата... на некој свој начин, со вообичаените nationalism-be-bad дрн дрн јариќа.
Да разменам некој збор?:pos: Добро бе, па во мал град живеам, сите се знаеме меѓу себе и освен за политика, само за кладилница се прави муабет.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не верувам. Додуша се зависи што ќе се случува периодов и што ќе стигне од странците.

Буткање не, ама ако им се укаже ситуација ќе им го конфискуваат.
..и да го конфискуат бе, уште зилион години тоа ќе биде Палатата на ВМРО..., а сдсм ќе си останат конфискатори, па транзиционери ,па издувани балони....кои знаат само да крадат и конфискуваат ко увек..., а никогаш ништо не направиле..., освен шарени приказни за мали деца..и по некое ситно или крупно велепредавство :) :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom