Kaza Zaev mnogu pati ama koj da go slusa...
[DOUBLEPOST=1490300105][/DOUBLEPOST]
И што кажа овој криминалец и експлоататор којшто се научил да вели "мајка Македонија"?
36:30
Денеска во државата, се манипулира народ под превезот дека ќе се воведе двојазичност. 33 општини плус градот Скопје се двојазични, четири општини се тројазични, Куманово е четиријазична општина.. Кој тоа лажат луѓето?!
Треба да се почитува законот. Таму каде што е двојазичност, треба да се почитуват двата јазици. И ако институцијата не го спроведува законот, како и секој закон, има казна.
Граѓаните. Граѓаните имат право на избор. Јазикот е да се разбереме, и апсолутно тука треба да бидеме растеретени .....
37:50
И овој баукот, парите ќе биделе вакви, униформата ќе била ваква, не знам што. Немојте да се плашите од ништо!!
Дојдов сега по овој пат овде, поминав покрај Систина. Цела е тројазична. Има македонски, албански и англиски јазик. И насловот и патоказите и се. Тргнале луѓето од практичната потреба на пациентите внатре. И државата мора да се води од практичната потреба на граѓаните. Треба да бидеме растеретени од оваа работа...
1:00:55
Ги лажат и манипулираат тие луѓе дека некој сака да ја уништи унитарноста, дека ќе се воведува двојазичност во Македонија. Па, таа постои. Од уставот после две иљади и прва година е присутна. Имаме Уставен суд, ако нешто не е уставно тоа ќе го укине. Имаме преЦедател на државата којшто ќе стави вето на некој документ. Аман, да не се плашиме луѓе, тука е тоа. Во Македонија ЌЕ СЕ СЛУЧУВА.
1:04:12
Не губам јас како Македонец роден во Струмица, од граѓанинот Албанец, Турчин или Ром, што ќе го употреби својот јазик таму каде што е дваес посто. Не губам ништо.
.......
Груевски ... треба да оди на суд, никој не вика да оди во затвор, треба да оди на суд. И таму да ја докаже својата невиност, или да му се докаже вината. Тоа важи за сите. Јас сум секој ден на суд.
..............................................................................................................................
1. Во Македонија има 26 двојазични и 4 тријазични општини. Вкупно во Македонија има 80 општини + градот Скопје.
Каде Заев кажал дека барањето за двојазичност на целата територија на Македонија е неприфатливо, противуставно и не произлегува од потребите на граѓаните??!
Двојазичноста во општините со над 20% од припадниците на малцинските етнички заедници не е спорно (иако е спорен процентот на Албанци во Скопје каде што се помалку од 20%.) Албанските партии бараат двојазичност во цела држава. Дали е практична потреба ако се побара на децата на албанските невести во источна Македонија да им се обезбеди образование на албански јазик??? Ова е многу логично барање кое утре ќе произлезе и полека ќе доведе до целосна албанизација на Македонија. Од тоа ли да не се плашиме??? А зошто да не се плашиме? За Заев да дојде на власт??
2. Каде Заев изјави дека е малоумие, глупост и неодговорност сериозно да се зборува за некаков геноцид во Македонија??? Ако имало некаков процес сличен на геноцид, овде, тоа било систематското вршење пристисок и злосторства од страна на Гегите кон македонското население кое живее во областите покрај западната граница. Треба да се нема никаков дигнитет, да се биде политички очаен за власт за да се кокетира со вакви дебилни идеи кои се издигнати од страна на албанските етнички партии (како што се обиде Шеќеринска на Ал-сат).
Заев не сака да ги каже овие работи затоа што планира да прави пазар. Затоа и го поддржуваат Албанците. Ништо подобар нема да биде од Грујо.
3. Така ли планира Заев да ја води Македонија???! Со постојано влегување во судир со Уставниот Суд и претседателот за да им се заблагодари и да ја отплати поддршката од албанските етнички партии??
Па уште и бара граѓаните да се ослонуваат на одлуките на Уставниот Суд во однос на штитење на Уставот и унитарноста. Па, ние сите знаеме дека не остана институција која не е партизирана и дека следните судии во Уставниот Суд, коишто се избираат во Собранието, ќе бидат послушници на СДСМ и нивните партнери како што овие моментално се на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
4. Бара од Груевски да се појавел на суд, а самиот веќе половина година бега од појавување на суд. Никој не вели дека ќе оди во затвор, ама нека се јави на суд. Или чека да ги смени и прераспредели судиите па потоа да "докажува" колку е невин?
За криминалецот Заев, како лидер на опозицијата, Сранко направи преседан со тоа што го амнестираше. Ништо не го спречува утре актуелниот претседател да го амнестира и криминалецот Груевски.
Заев е манипулатор и калкулант којшто заедно со Груевски ќе биде гробар на Македонија.