Коа се распадна СФРЈ првите години беше стварно пливање у непознато. Немавме конфликт со некоја од другите бивши републики во државата, веројатно заради презафатеност на Србија на неколку фронтови.
Има една теза дека у држаава повеќето се таканаречени
вмрОВЦИ и дека тоа е реалноста, сме морале сите други да се помириме - па може е и така. Многу пати имам пишувано на темава, ама на пар скотови овде сакам стално да им ја повторувам.
Природно беше во остатоците од бившата комунистичка земја да завладеат таканаречени „патриотски“ партии. Тоа е ХДЗ во хрватска, еве ги овие напредњациве на Николиќ во Србија, претходно крмакон Шешељ регрутираше народ, па и Слобо ден денес го доживувам како еден фејк-комунистички четник (ама да не навлегувам понатаму) - идејата ми е дека во тие земји имаше доброволци за војна, што у војска, што у паравојска, имаше народ (по мене без памет), ама ете со храброст - влегоа у ров, земаа оружје. Што донесе овде таа квази-патриотска скупина?
Овде често се сака да се фрла со го**а само по одредени политички опции, без ниеднаш да не се превземе одговорност на страната на која самите седат. Во тој контекст на пример се фрла по Киро Глигоров како ја пропуштил ЈНА сосе партали да си се повлече во Србија (некои викаа и штекерите од ѕид дека ги корнеле), ама збор не се кажува дека Кљусев, вујкото на паторото, беше тогаш премиер и дека одлуката за „мирното“ напуштање на ЈНА е едногласна. Е ама немаше мудоњи, тврдокорни и слични денешни орангутани у црвени беретки, па ако ништо друго некој камен да џитнат накај тенковите што си одеа по улици у сред Скопје.
Сите колективно, заедно, ко куп овци си ги остаија тоа четниците да земат оружје и логистика во која и ние како даночни обврзници имавме вложувано 45 години. Тоа беше првиот грабеж. Вториот се случи многу брзо после тоа коа истите овци уложуваа животни заштеди, пари од странство во фирми си име „Џамаданче“, „Тат“ и слични „реномирани финансиски институции“ кои нудеа по 15-20% камата - кај го има тоа бе? Ти лежи си, азното само ќе си дојде. Па да инвестираш во изградба на зграда толкава е заработката, а оди почни да градиш бела косата ќе ти стане после 2 месеци, а не да те части некој 15% - е тоа е македонски народ - овца. Година дена пред тоа истото сценарио го имаше во Албанија, ама тие како од Марс паднати - прв пат слушнаа кога на нив им се случи. Тоа беше вториот грабеж.
Понатаму само се редеа, распадот на големите фирми од типот на Железара, Охис, кои си ги преќутеа како риби, па Тајван - тоа првиот циркуз од калибар на ликови на Субрата Рој, па срамната војна од 2001-ва која држава од типот на Андора можеше да ја добие, ама не и мамлазите од широката коалиција кои дозволија резили од типот на извлекувањето во Арачиново.
Е истите овци се и сега на сцена - тие фатија сега „да ја спасуваат државава“. Од кога све искоцкаа за џабе, све што имаа изгубија, беа до гаќи ограбени - сега се освестија. Кога тој што до крв ги испозадолжи до осмо колено треба да риба затворски ќенефи. Не им сметал Талат кога станувал министер за одбрана - сега им смета - жити све!?. Демек играат мајтап со тангата на ивона опајдарата, а не им се слуша дека истата се има посрано од државни милиони крадење, не плаќала даноци од кои држава се гради, од кои се градат општокорисни работи: здравство, школство, патишта, а им умираат роднини, пријатели, родители ко покосени гуски од банални болести.
Истата таа копучаана со она срамно CV што го изнаредив горе - и уште очекувате да се разберете со нив и нешто да им докажете?