Ова воопшто не е точно, мислам на погоре кажаното, текстот.
Јас за да ја победам, побегнав на гости во Германија, бидејќи едноставно не сум гледала излез, мислев дека сум во преголема агонија и не сум можела да дишам, но не сум знаела дека ќе ја понесам со себе сеа таа тежина, дури таму истово му го кажав на братучед ми кој во истиот момент и заплакал, тој куфер тежина, и преголема доза на тага, депресија.. Како овде така и таму... Каков поглед имав овде, таков имав и таму. Така што после три месеци, веднаш сум се вратила и почнала од почетак овде, каде што ми започнало... И супер сум сега. Не сум на таблети, на никакви хемикалии и слично.
Туку едноставно, решив да не ја поттиснувам, за да живеам со неа, туку тешко ми е и сега кога излегувам... Но морам, не сакам да умрам, не сакам да преживувам, сакам да живеам, да сум среќна. Не сакам напади на паника, или пак кога вечерам со друштво во ресторан, кафана,да се поттам и да бидам чудна. Почнувам тука од корен, си идам на факс и едноставно станувам нормална. Се соочувам секој ден со проблеми, се носам со тоа. И се опуштам, се контролирам и подобра сум.
И да, заборавив од депресија и анксиозност, сум стасала повторно на апчиња за дијабет и висок крвен притисок, се тоа што чувствував, мислев, се манифестирало и физички.
хормони и слично. Целото тело болно. И без сериозни болести, испитав се, имам кажувано повторно ќе речам, ништо добро не ми донела оваа болест,освен вистински болести. И две години шетање по Државна болница. И пари давање за снимање бубрези, срце, цело тело испитав и на крај компјутерска томографија, два пати. Бадијала.