Агенции за недвижности - негативни и позитивни скуства

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Ја започнувам оваа тема бидејќи верувам дека има и други кои наишле на проблеми во соработката со агенција за недвижности.
Имено, пред неколку месеци се обратив на агенција за продажба на стан и евентуална уплата на помал, бидејќи итно ми беа потребни пари. Тие земаа клуч, потоа рекоа дека се расипала бравата и направија друг од кој не добив копија. Предложениот преддоговор не го прифатив во таа форма по консултација со правници. Откако барав извесни гаранции во преддоговорот (писмено фиксирање на она што беше усно договорено), работата почна да се тегне.Прво беше: идната недела, па за некој ден, па има проблем со 2 квадрати (иако според имот ниор лист всушност е поголема квадратурата), па повторни копии од елаборати и други документи ... Сега агентот воопшто не реагира на ниедна моја интервенција. Клучот е кај нив, немам увид ни можност за влез во сопствениот стан. Не знам со сигурност ни дали евентуалниот купец всушност нешто донел или врши работи во станот без ништо потпишано, без преддоговори и договори, без билокакви уплатени пари и без моја дозвола. Навистина не знам како да постапам. Вакво искуство со агенција за недвижности почнува да биде хорор. Прашав на неколку форуми дали луѓе имале искуство со таа агенција, но никој не одговори.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Ако добро те разбрав, немаш потпишано договор со нив. Јас би ја отворил вратата, би ја сменил бравата и препорачано би им пратил допис што сум направил, со напомена дека ќе бидат пријавени за кражба, доколку пробаат да влезат.
Во иднина, би внимавал со кого се дружам и не би дал клуч без потпишан договор.
А името на агецијата секако би го објавил[DOUBLEPOST=1490078444][/DOUBLEPOST]Побарај да се спојат темите, да не те бркаме по форумов
 
Последно уредено:

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Како да побарам да се спојат темите? Веднаш ќе побарам.
 
Член од
15 јануари 2015
Мислења
452
Поени од реакции
423
Ако е така како што си напишал дека Не си потпишал договор кој трба да е заверен на Нотар тогаш ја имаш почетната ситуација.Твој си е станот што сакаш ке правиш со него бидејки не те обврзува никаков договор.Веднаш смени ја бравата и го информирај дотичниот-агенцијата дека Ништо од бизнисот!
 
G

Gjoksi

Гостин
Чекај, чекај малку. Според она што си го напишал погоре и колку што те разбрав, како тоа да немаш потпишано никаков преддоговор или договор за купување/продажба на станот, а велиш дека станот е твој и сакаш да влезиш во него. Имаш ли Преддоговор или Договор за станот, имаш ли извршено уплата за станот? Велиш дека не си го прифатил понудениот Преддоговор, па тогаш врз основа на кој правен акт (преддоговор или договор) си извршил уплата за станот? Некако не ми се совпаѓа твоето напишано со фактичката состојба.
 
А бе Џокси, станот е негов, дал клучеви на агенција да го продава во негово име, па сеа го дупат...
 
G

Gjoksi

Гостин
Во ред, во ред, сега убаво го прочитав постот. Има проблем со агенцијата за продажба на станот. Затоа и треба да се внимава при изборот на агенција за недвижности.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Во ред, во ред, сега убаво го прочитав постот. Има проблем со агенцијата за продажба на станот. Затоа и треба да се внимава при изборот на агенција за недвижности.
Тужба за смеќавање на владение (доколку е запазен рокот од 30 дена по смеќавањето, односно одземањето на владението), а доколку е поминат рокот, тужба за поврат на индивидуално определена ствар (според ЗСДСП), а после тоа и тужба за надомест на материјална штета - доколку може да се докаже постоење на истата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom