Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195

Мало известување...

Оние кои се заинтересирани да имаат некоја книга + во нивните домашни библиотеки,
поврзани со Телема, Магика, Јога, О.Т.О. итн итн, може да го посетите овој [линк],
кој што ги содржи сите издадени книги до сега со Телемитска содржина.

93 93/93
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
...Така ако веќе браните нечии ставови пробајте да не се чуствувате навредени, накрај - краева не сте вие кои ја донесовте филозофијата , туку само истата ја практикувате и со нас ја споделувате.(многу лошо барем до сега што ве читам- со голема нетрпеливост спрема останатите)...
Грешка си, ОТО не практикува никаква филозофија, туку МАГИЈА (маџика, магика, мастика..итн..како сакат нека ја наркуваат магијата таа ке си остане МАГИЈА)... то је то
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што е Магика? Зошто човек да ја студира или практикува?



ДЕФИНИЦИЈА.

Магиката е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.

ПОСТУЛАТ.

СЕКОЈА сакана Промена може да биде постигната со примена на соодветен вид и степен на Сила на соодветен начин преку соодветна средина на соодветен предмет.

III. ТЕОРЕМИ.

  • Секој намерен акт е Магиски Акт.
  • Секој успешен акт е во согласност со постулатот.
  • Секој неуспех докажува дека еден или повеќе услови од постулатот не биле исполнети.
  • Првиот услов за предизвикување на секоја промена е потполно квалитативно и квантитативно сфаќање на условите.
  • Втор услов за предизвикување на некоја промена е практичната способност да се постават во правилно движење неопходните сили.
  • “Секој човек и секоја жена е ѕвезда”.Со други зборови, секое човечко суштество по природа е самостојна единка со сопствен карактер и сопствено движење.
  • Секој човек и секоја жена имаат пат, кој зависи делумно од личноста, а делумно од околината, која е природна и неминовна за секој.Секој, кој е истиснат од својот пат, или поради неразбирање на самиот себе, или поради противење од околината, доаѓа во судир со поредокот на Универзумот и поради тоа страда.
  • Човекот, чија свесна волја е во судир со неговата Вистинска Волја залудно троши сила.Тој не може да се надева дека успешно ќе влијае на својата околина.
  • Човек, кој ја извршува својата Вистинска Волја е потпомогнат од инерцијата на Универзумот.
  • Природата е непрекинат феномен, оттука не знаеме како работите се поврзани во сите случаи.
  • Науката ни овозможува да ја искористиме предноста на континуитетот на Природата преку емпириска примена на одредени принципи, чие заемно дејство вклучува во себе различни видови на идеи, кои се поврзани една со друга на начин што е надвор од нашето сегашно сфаќање.
  • Човекот не ја знае природата на своето битие и својата моќ.Дури и неговата претстава за неговите ограничувања е заснована на искуството од минатото, и секој чекор во неговиот напредок го проширува неговото царство. Затоа не постои причина да се поставуваат теоретски граници на она што би можел да биде, или на она што би можел да го направи.
  • Секој човек е помалку или повеќе свесен дека неговата индивидуалност опфаќа неколку редови на постоење, дури и кога тврди дека неговите суптилни принципи се само одлика на промените во неговото физичко тело.Може да се претпостави дека сличен поредок важи за целата природа.
  • Човекот е способен да биде и да користи се што перципира, зашто сето она што го гледа на одреден начин е дел од неговото битие. Така, тој може да го подјарми целиот Универзум за кој е свесен под своја Волја.
  • Секоја сила во Универзумот е способна да се преобрази во секој друг вид со употреба на соодветни средства. Оттука, постои неисцрпна резерва од секој посебен вид на сила, која може да ни биде потребна.
  • Примената на секоја дадена сила влијае на сите редови битија, кои постојат во предметот врз кој е применета, без разлика на кој од овие редови е директно влијаено.
  • Човекот може да научи да ја користи секоја сила, така што ќе му служи за остварување на која било цел, користејќи ги гореизнесените теореми.
  • Тој може да ја привлече кон себе секоја сила во Универзумот, така што од себеси ќе направи погоден приемник за неа, ќе оствари врска со неа и ќе ги подреди условите за да ја присили нејзината природа да тече кон него.
  • Човечкото чувство за себе како одвоен и спротивставен на Универзумот, е пречка за спроведување на струите на Универзумот. Тоа го изолира.
  • Човекот може да ги привлече и искористи само оние сили за кои тој е навистина погоден.
  • Во суштина не постои граница за обемот на врските на некој човек со Универзумот; зашто штом човек ќе се соедини со некоја идеја, мерката престанува да постои.Сепак, неговата моќ да ја искористи таа сила е ограничена од неговата ментална моќ и капацитет, и околностите од неговата човечка околина.
  • Секоја индивидуа во суштина е доволна на самата себе. Но, таа е незадоволна со себе, се додека не воспостави правилен однос со Универзумот.
  • Магиката е Наука за разбирање на самиот себе и сопствените состојби. Таа е Уметност на примена на тоа разбирање на дело.
  • Секој човек има неоспорно право да биде она што е.
  • Секој човек мора да се занимава со Магика секојпат кога дејствува или дури и мисли, зашто мислата е внатрешно дело чиешто влијание на крајот се пренесува на акцијата, иако во тој момент тоа не мора да изгледа така.
  • Секој човек има право, право на самозаштита, да се оствари себеси до крајни граници.
  • Секој човек треба да ја направи Магиката основен принцип на својот живот.Тој треба да ги научи нејзините закони и да живее според нив.
  • Секој човек има право да ја оствари својата волја без страв дека таа може да се судри со волјата на другите; зашто, ако тој е на својата вистинска патека, грешка е на другите ако се судираат со него.


Link
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Одиме повторно со истото :)

„На почетокот магиката беше сметана (а и денес некои имаат такви размисли) како еднаква и иста на магијата, шарлатанството, ефтините трикови, спиритисти кои си играа со квази-духови, и ги заведуваа лековерните и оние кои лесно се фасцинираа .
Сите тие магии, сите тие сеанси само донесоа магиката да не биде разбрана и да биде дел од тоа семејство на измамници и губитници и друмски разбојници(слично направија хипиците со нивното злоупотребување на дрогата).
Кај луѓето е нормално да не се заморуваат премногу со работите. Денес се оди брзо, со скратени патеки кои најчесто водат во ќорсокак. Некој слушне магија, наредниот пат магика, и тоа за неистренираниот ум е едно та исто. Умот не ни бара сличните поими да бидат разгледани, да ги раскрши на ситни парчиња и да види дали едното и другото се исти или пак сосема различни нешта.

Магиката е врзана со Чистата Волја, со самата срж на човечкото битие, некорумпирана од страста за резултат, услов за дапатот што се оди да биде совршен. Магиката за разлика од магијата, не ги силува Силите на природата(какви и да се тие сили), туку ги проучува, ги категоризира, мери, премерува и откако ќе се научи Законот, Магиката станува чиста уметност во Пракса.

--- Магика vs Магија

Исто и ова:
Магиката е Наука за разбирање на самиот себе и сопствените состојби. Таа е Уметност на примена на тоа разбирање на дело.
Секој човек има неоспорно право да биде она што е.
Секој човек мора да се занимава со Магика секојпат кога дејствува или дури и мисли, зашто мислата е внатрешно дело чиешто влијание на крајот се пренесува на акцијата, иако во тој момент тоа не мора да изгледа така.“

--- Што е Магика?

И уште нешто:

OLYMPAS:
These secrets are too high for me.

MARSYAS:
Nay, little brother! Come and see!
Neither by faith nor fear nor awe
Approach the doctrine of the Law!
Truth, Courage, Love, shall win the bout,
And those three others be cast out.

Чичко Кроули и неговите Тајни Мајстори, не се воопшто играчка, посебно не за неукиот, ниту пак се има потреба од несериозен пристап кон работите поврзани со Патот на Иницијацијата, а секако тоа значи дека и иницијаторските Редови кои ги преставувал Кроули како Надворешен Видлив Водач, или видлив преставник на истите - воопшто не се играчка!

На крај, само да додадам уште една сериозна работа:
Мора да разберете дека најмалку пак иницијацијата е играчка, која што, кога ќе ја поминете, ако тоа е Вашиот пат - ќе знаете всушност реалност што значи истата!“

--- AHA – Secret of the Way of Initiation
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Магиката е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.
Одсекогаш сум ги сметал триковите со карти, фигурите од балони, сечење на жена на пола итн. за наука и уметност.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Одсекогаш сум ги сметал триковите со карти, фигурите од балони, сечење на жена на пола итн. за наука и уметност.
„На почетокот магиката беше сметана (а и денес некои имаат такви размисли) како еднаква и иста на магијата, шарлатанството, ефтините трикови, спиритисти кои си играа со квази-духови, и ги заведуваа лековерните и оние кои лесно се фасцинираа .“

- Што е Магика?

Не си до толку лековерен нели и не се фасцинираш лесно... не дозволувај незнаењето да ти трча пред умот за да пустиот биде интересен на еден форум. ;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
И бидејќи сеуште таротот го поврзувате само со „гледање на иднината“ како во турските серии кои ги гледате на ТВ, ете нешто од „Книгата на Тот“, една од последните книги на Кроули:


„… the Trump(ATU VIII) represents The Woman Satisfied. Equilibrium stands apart from any individual prejudices; This woman-goddess is Harlequin; she is the partner and fulfillment of The Fool. She is the ultimate illusion which is manifestation; she is the dance, many-coloured, many-wiled, of Life itself. Constantly whirling, all possibilities are enjoyed, under the phantom show of Space and Time: all things are real, the soul is the surface, precisely because they are instantly compensated by this Adjustment. All things are harmony and beauty; all things are Truth: because they cancel out.“
Book of Thoth

инаку овој цитат е дел од есејот „Only one fish-hook can draw me out“, кој што содржи цитати од различни книги, околу една централна идеја.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
“Know then, o my Son, that all Laws, all Systems, all Customs, all Ideals and Standards which tend to produce Uniformity, being in direct Opposition to Nature’s Will to change and to develop through Variety, are accursèd. Do thou with all thy Might of Manhood strive against these Forces, for they resist Change, which is Life; and thus they are of Death.”

–Liber Aleph, “De Lege Motus”
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195

„ O marble Pan!
O false leering face!
I love Thy dark kisses, bloody and stinking!
O marble Pan!
Thy kisses are like sunlight on the blue Ægean;
their blood is the blood of the sunset over Athens;
their stink is like a garden of Roses of Macedonia.“

- Liber VII, Holy Books of Thelema
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон!

Денеска е пролетна рамнодневица и телемитска нова година. Многу успеси и многу среќа им посакувам на сите мои браќа и сестри и на сите Телемити.

Љубовта е закон, љубов под волја!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
“Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Еквиноксот на Боговите.”
--- AL II. 40:

„20 Март (двата празници).

Возвишениот Ритуал е Призивот на Хорус, кој е отпечатен во “Еквиноксот на Боговите” (the Equinox of the Gods).
(Да додадам:„Еквинокс на Боговите“ е четвртиот дел од „Магика, Книга 4“, капитална книга на Кроули, сега веќе издадена на македонски јазик!)

(Забелешка: “Еквиноксот на Боговите” е израз кој се употребува за да опише Почеток на некој Нов Еон, или на Нова Магичка Формула.)

Студентите кои се почетници и практикантите кои не го поседуваатгорниот текст можат да се обидат самостојно да креираат ритуал за призив на Хорус
( Хексаграм на Марс, Liber 777 итн ).“

--- Телемитски прослави
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
Да знаете нешто повеќе во вашите животи ;)

„Помеѓу примањето на „Liber AL vel Legis“ на 8-ми,9-ти и 10-ти Април и Еквиноксот на Боговите, 20 Март – има точно 22 дена!
Овие 22 дена, од 20 март кога е изведен Врвниот Ритуал, па до 10 април, кога е и третиот ден од примањето на „Книгата на Законот“ во Каиро,
се нарекува „Света Телемитска Сезона“. “

- Света Телемитска Сезона, година V:iii
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И оваа година на саемот на книгата ќе може да ја најдете нашата литература на штандот на АЛЕФ Скопје, овојпат збогатена со две капитални дела на Алистер Кроули - Liber ABA и Месечево Дете. Штандот на АЛЕФ ќе биде овде:
17621792_10154458215162963_8585701532244724239_o.jpg
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.195
И оваа година на саемот на книгата ќе може да ја најдете нашата литература на штандот на АЛЕФ Скопје, овојпат збогатена со две капитални дела на Алистер Кроули - Liber ABA и Месечево Дете. Штандот на АЛЕФ ќе биде овде:
На крајот, на самите последни граници на универзумот ќе најдеш тајни далеку од она сосема малку познато за човештвото! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom