Благодарам за честитките сите да си дочекате што побрзо и со помалку нервоза. За време на интервјуто обавезно поднесете ги старите оригинални бг. документи (ова е најново) зошто има најави дека без нив тешко ќе оди(ако останат БСП на власт) и откако ќе добиете указ побарајте ги назад зошто малку фалеше да не ми ги вратат. После интервју се чека околу година до две за указ. Редовно пратете ја преписката да видите кој ви е статусот за да реагирате на време ако нешто ви побараат. По добивање на указ закажувате електронски за подигнување во софија. Носете копија од пасош и слика. Ако немате адреса во бг се пријавувате на службената адреса леге 6.општина средец. Со указот одите во општината и подавате документи за матичен број. Ќе ви треба оригинал указ, извод ваш од родени преведен и легализиран, пасош, копија таму ќе замолите да ви направат. Општината се наоѓа позади коста кафе лесно се наоѓа. Се чека две недели за матичен број. Кога ќе подигнете потврда одите за сликање за пасош и лична карта. Јас бев во општината слатина со такси 7-10лева. Таму ќе земете образец и ќе пополните ваши податоци уплаќате и се сликате за лична карта и пасош. И готово..... Е сега колку чини целиот процес од почеток. Релативно е дали сами ќе бркате или посредник. Само ако давате оригинални документи давајте ги сами зошто има посредници преваранти и нема да ви ги достават па ќе се чудите што ве снашло.
Ќе ви дадам еден оквир колку чини ако ја бркате процедрата преку амбасада.
За происход во амбасада е 50еу + превод околу 15еу+ трошоци за изводи.
За интервју превод околу 20 еу, 110еу во амбасада + изводи
За подигање на указ 30 еу, 15еу за матичен број во општината.
За пасош и лична карта по нормална процедура за 30 дена е 30 еу.
Е сега треба 3 пати да одите во софија, ако сте преку амбасада. Ако поднесувате директно 5 пати ќе одите. Прв пат за подигање на указ и поднесување за матичен број, вториот пат за сликање и третиот за подигање на пасош и лична карта. Ако процедури ја терате во министерството ќе треба уште плус два пати да одите прво во Дабч за происход и интервју. Значи преку амбасада и одење во софија три пати вкупно ќе ве чини отприлика 400евра од почетокот до крајот . Али секогаш има непредвидливи работи па бидете спремни и малку повеќе. Можеби нешто заборавив али во главно тоа е се. Поздрав до сите бидете упорни и ќе ви се оствари желбата до подобро утре. Не е лесно кој поминале знаат каков е пекол стално менуваат процедура стално си на штрек до крај али другари вреди. Јас се одјавувам од форумот со натамошни постови ви посакувам успех и чувајте го здравјето. Ако имате прашања може на пп да ми пишете. Поздрав