Стварно ли минува кај македонците лагата дека ако некој не знае албански ќе биде казнет со 5000 евра?
Дека во парите ќе стои Адем Јашари и двоглавиот орел?
Слушнал некој како двајца постари македонци разговараат меѓусебе, велејќи, абе кај ќе учам ја на овие години албански.
До Шител ли е, кој ли им го пере мозокот толку брзо.
Мислам дека и самата омраза према албанците помага вакви лаги да се шират меѓу македонците. Дпмне тоа го знае и затоа тие работаат двострано, првин сеат омраза, а потоа шират лаги.
На оваа ситуација одлично се местат и разни идиоти, кои како нарачани во дадено време пуштаат провокативни изјави, како таа на една жена од Албанија, за која нити знам која е, која што доби медиумско внимание кај македонците како што немала кај албанците во целиот нејзин живот.
Дпмне деноноќно собира по интернет и медиуми, секое некое мислење, изјава, анализа кое што го употребуваат во нивното сценарио, не е чудно и некој мој коментар да употребат во нивното сценарио. Досега местеа фејсбук профили и разговори и истите ги ширеа во пропагандната машинерија.
Во такозваната албанска платформа нема ништо посебно, таа платформа не е ништо повеќе од оној мајски договор помеѓу Дпмне и Дуи, тие си изгласаа еднашка измена на законот за јазиците и никому ништо, сега повторно Дпмне ја прифати албанската платформа, меѓутоа тешко им падна кога албанските партии не го прифатија Дпмне за коалиционен партнер, и све си почна од тука, сега тешко им се гледа да станат опозиција, тешко пошто и затвор им се заканува.
Се кренаа и разни калибри на луѓе, уметници, спортисти, професори, здруженија, невладини итн, такви кои 10 години многу лесно лапаа народни пари од разни измислени проекти на владата, и сега мора да одработат, да излезат на улица и да бранат луѓе кои се заглавени во криминал, сето ова изгледа многу гадно и многу разединувачки помеѓу македонците, луѓе кои досега обединувале, јавно се изнесуваат за политички теми, многу лошо за една нација, лошо изгледа, досега толку ниско не било.
Да се разјаснам, не ми се верува дека некој бара албанскиот да биде официјален во Струмица или Делчево, пошто знам дека тоа е невозможно и глупаво, пошто тоа е неспроведливо и е непотребно ... тие не можат да го спроведат законот ни во општини каде албанците се над 20%, а камо ли во општини каде можеби еднаш месечно поминува некој албанец и тоа транзит. Сакам да кажам, и да донесат закон, тој нема да произведе ништо.
Секој ден што се одлага и одолговлекува кризата, се повеќе македонци и албанци ја напуштаат оваа држава, а таквите нема да зборат ни македонски ни албански, туку германски, француски, англиски ...
Дефинитивно треба да се создадат услови за живот во оваа држава ... поголема опасност моментално е германскиот јазик, и македонци и албанци интензивно учат германски за да одат Германија и велат никогаш нема да се вратиме.
И албанските партии добро би било да ги разочарат криминалците од Дпмне, да се откажат од таа платформа (нити има посебна вредност) и да не им остават ниедно алиби за одбивањето да заминат во опозиција на тие од Дпмне. (тие секако ќе се фатат за друга сламка, ама кај и да се фатат сламка ќе е, спас им нема).