Здраво дечки!
Долго време ја пречитувам темава и вашите коментари. Со неколкумина од вас и стапив во дијалог во приватни пораки.
После сеопфатни и опсежни истражувања, благодарение на многу фактори, научив како да ја оценувам и комбинирам храната. Јас мачето го добив, можете да видите во темата Мачки.
Одлучив да го хранам и со дехидрат и сирово 50:50. Од дехидрат, веќе направив грешка и купив Ројал Канин по наговор на човекот од кај го добив мачето. Но, ќе ја смешам со Фармина Матис. Откако ќе се изеде, додека е мало докај 10 месеци од дехидрати ќе го хранам исклучиво со Фармина Матис. После тоа, за жал ќе морам некоја комерцијална храна или маркетска што би се рекло, од Пурина или Миљор Гато, како по не обоени и за нијанса бољи од Вискас, Кит кет , Даја итн. Студент сум и сеа на почеток ќе одделам за поквалитетна храна, ама после више некоја до 250 денари максимум за килограм.
Здравје живот ако пружи подобри услови понатака, ќе му обозмажам и нему, секако.
Планот ми е, додека е мало сеуште сега, има само 9 недели, да го хранам со сува уште некоја недела. Па да му ја воведам и Фармина веднаш ( во пет шоп експерт откако ги контактирав донеле 340 килограм), бидејќи досега било хрането со Ројал Канин за цицалчиња до 2 месеци мачиња. После тоа постепено да воведувам пилешко чисто месо, па јајце, па јајце со лушпа, па внатрешни органи, срце, папалини итн. Сега зборувам за 50 % што ќе ја хранам сирово. Се надевам дека тоа што ќе ја хранам и сирово но и со дехидрат сепак колку толку ќе резултира со меко и сјајно крзно ( иако подоцна ќе морам да ја хранам со комерцијални храни сепак останува и сировото).
Јас би ја хранел нонстоп со сирова храна, 100 % сирова, ама немам време. Студент сум, работам-стажирам и сум далеку од дома. Е сега, моментално сум дома. Татко ми е месар, па имам на мали парченца надробени во многу мала количина свинско, телешко, мисиркино и пилешко месо. Планирам да си правам дози, во кесички да си замрзнувам по еден оброк комбиниран и да си го натоварам фрижидерот, навечер само вадам за утрешниот ден блендирам и ставам да јаде.
Еден ветеринар ми даде неколку рецепти кои јас ги усовршив, на пример:
1. Било какво месо ( пилешко, телешко,свинско,мисиркино) + цело јајце+пилешко срце + папалина+џигер. Секако, овој микс би бил многу за мало маче но еден цел оброк сепак за возрасна мачка. Или, 70 % мускул, 10 % јајце, 10% џигер 10 % риба.
2. Пилешко крилце ,да го изгриза, џигер телешки и срце пилешко.
3. Свинско, изнутрица, срце, папалина и ориз. ( е сега, оризот го изоставам бидејќи е непотребен целосно и тука додавам јајце).
И многу слични вакви рецепти, е сега, ми рече исто така и во блендер кога ќе ги блендирам ( ако ги блендирам) да ставам и по 1-2 витамински апчиња за мачки, не го памтам името ама пишуваше за возрасна мачка до 5 апчиња за маче до 3 апчиња. Ми рече, ставај по едно у сирова храна додека е маче а по 2-3 кога ќе порасне. Исто така по 2-3 капки маслинов екстра вирџин зејтин.
Е сега, имам едно прашање на кое ниту на една група не ми го одговорија, дури на една група ми рекоа дека СИРОВАТА РИБА Е ШТЕТНА ЗА МАЧКИТЕ ! Ама, јас сретнав податок дека омега3,6,9 го прават крзното и здравјето на мачката извонредно. А, да и давам капсули рибино масло не планирам. Па затоа, преку ден си велам, у храна по една папалина и ваљда ќе има ефект ?
Второ прашање, каде можам да најдам чисти само пилешки срца? Барав во некои месари по предлози на луѓе , ама нема, има само замрзнати од перутнина птуј и цекин најчесто.
Исто така, знаете дека персиските мачки се повеќе склони кон проблеми со бубрези отколку другите мачки. Дури имаат и генетска болест цистична фиброза, еве моево маче не знам дали го има тој ген, скап е тестот дури во Англија треба да го праќам на тестирање, ама штом мајката и таткото негови се над 7 години, а болеста се добива од 3 тата година па се до 10 тата не би требало да има проблем, сепак на рутински ехо прегледи ќе го носам за случајно да не откријат по некоја циста! Но, треба да јаде помалце протеинска храна после 3 тата година ми рекоа. Секако, тоа ќе го мислам тогаш ама сепак да напоменам.