Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
И ја коа ќе си ги погледнам назад изминатите 3 години сфаќам дека ми се десила Фукушима, пропаст, дно, хаос, Македонија во последните 2 години, СДСМ во владеењето на ВМРО, Милан во последните 10 години на Берлускони, Манчестер после Фергусон, Ливерпул цела своја историја, Тули после доза у вена, Дешпа насабајле итн итн....

Ај да не продолжувам ко шо сум нервозен, дидам дома да скокам на јаже доека не паднам у несвеС и тоа е тоа.
 
Драга Кајгана,
Оваа 2017-та година ми е страшно гадна сега бар за сега. Бар една убава работа да ми се случеше што ќе ме развеселеше. Башка ме обвива и едно чувство на негативна енергија:unsure:
 
Ма оваа година Евровизија е вистински квалитет на убави песни.Мојата омилена,нека тепа :)

 
Драга,

Проверувам крв пред три недели и во резултатите пука железото, скоро 30 ми пишале. Јас анемична цел живот, али ајде. Некни си појдов во друга лабораторија и конечно нешто веродостојно, едвај 5.
Значи, здравствово во државава е на толку големо ниво оправено, што една обична крвна анализа ќе ти утнат. Најлошо е што кај мене дома на сите им утнале по нешто последниве пати, дури и матичната ми потврди дека нонстоп нешто не е ко што треба во резултатите. Една мочана крвна анализа ејјј, што останало за посериозни работи. Туго моја.

Од друга страна, кога појдов во аптека, апчињата со поминат рок од претходен месец. Фино лепо си се вратив, ми ги сменија со понови, притоа аптекарката ми кажа дека немало гајле да се пијат и 6 месеци откога ќе им истече рокот. Да златна, ти пиј си ги и онака преплатените апчиња со поминат рок. Еби се.

Секоја почит за сите вие што морате често да се мавтате по болници, ова е лудница.
 
Доаѓам од работа исцрпена до максимум, цел ден со народ, ти плачат, ги тешиш, им помагаш... А крварам како кобила, ми се слоши на неколку пати. Таман удрив еден туш и си викам конечно ќе седнам да јадам како човек и да одморам, цело тело ме боли, ѕвони една другарка, да се видиме, тешко ѝ било. Викам сега си дојдов од работа, да одморам малку... Ќе ме соборела за пола саат и сакала да ѝ готвам. Значи мојата состојба воопшто не се зема во обзир. Понекогаш се прашувам каде е границата на алтруизмот и кога треба да речеш не, а да не се чувствуваш како најголемо гомно што си одбил.
Цел живот ги ставам потребите на другите пред своите и кога некогаш ретко ќе направам нешто за себеси, значи не егоистично или да повредам некој со тоа, туку чисто како награда за себеси(а сите знаеме дека денес секое задоволство се плаќа), тогаш сите рипаат да ме осудат за тоа како имам буржоаски „навики“ и не давам на некој што нема.
Давам, аман! Давам и пари, и време, и нерви и здравје.
И после Агда кога ќе експлодира и ќе отера се во мајчина, Агда е лоша.
 
Комшика бр.1: Комшике, слушнав син ти за Америка отишол.
Комшика бр.2: Да, отиде на обука преку работата.
Комшика бр.1: А, со комбињата ли отиде?
 
Среда сите планови среда денеска, гледам на лаптопов четврток. Не е можно ова почнав да се губам. Гледам и на мобилниов четврток, кога поминал 12 саатот :icon_lol:. Готов сум нема бегање :icon_lol:.
 
Back. Одморена и релативно наспана.
Ноќеска сонував страствен секс со Неган од TWD. Нема да гњавам со стереотипни изјави за жените и алфа мажјаците, ќе се анализирам себеси. Освен што ликот е неверојатно шармантен(irl), а никогаш не би си дозволила да бидам со таков ѕвер, сепак мене ми е предизвик да скротам некој таков и од рака да ми јаде. Back to the reality, и покрај тоа што ми се случило и нештата се одвиваат океј, сепак кај повеќето случаеви шансите за тоа се многу мали, особено ако типот има некаков ретардиран ментален склоп кој ни најтрагичното животно искуство не би го променил.
Сонов бе! Како некоја напалена тинејџерка. Таа насмевка и тие мили очиња...
35rHLHV.gif

I need to get laid.
 
Драга, кога некој ќе ми пише: ,,Што те снема? Кај се изгуби?" ми иде да му вратам: Чаир, Чаршија, Автокоманда, Миладиновци, Аеродом, Пржино, Карпош, Ѓорче, Шутка, Тафталиџе... и после си викам шо комплицирам па и ја, поедноставно е да кажам каде не сум се изгубила. Мислам треба да измислат повеќе населби и места, пошто веќе немам каде да се губам, ќе треба да почнам да ги повторувам пак истите. И на крај си пишав нигде, тука сум. И така. :D
И цел ден ми се мота пилето ми пеее рано на сабајлееее. Ок. :icon_mrgr: Ај, чао. :D
 


omg im high as shit
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom