jamajka ти барем треба да знаеш дека кога има конфликт и 2те страни губат, само "режисерот" е во добивка. Секој 2 пост ти е војна,тепање, како да сакаш Македонецот меѓусебе да се истреби, а од друга страна се правиш патриот
.
Со
VOLK2234 сте на страната на Трамп (вклучувајќи ме и мене
) а против тие што биле претходно 8 години на власт а во МКД имаме иста ситуација ама ја преферирате елитата која претходно 8 години пали гаси беа.
Обама направи долг во висина колкушто претходните 40 претседатели направиле заедно. Груевски исто
Обама создаде еден куп
бескорисни владини агенции,регулаторни тела, нови гломазни закони. Груевски исто
Обама со законот за здравство од илјадници страници е на добар пат да го уништи тамошното здравство. Тодоров и неговите дебилни правила исто.
Судството им е смешки, нашето трагикомедии.
Можам да набројувам уште ама не ми е јасно како во САД
ја подржувате страната која сака да направи промени, а овде кај нас дома со сите сили сте спремни за убиства и граѓанска војна, само да остане статус кво ситуацијата.
Јасно ми е дека во метастазиран систем како нашиот и немање желба за промени единствен начин за промена е сценариото "crush and burn"
Посакуваме војна? Каде јас реков посакувам војна? Реков да се стави крај на ултиматумите на Албанците. Ако тоа значи војна, тогаш не сум јас тој што посакува, туку тие што ќе продолжат да поставуваат ултиматуми, ако продолжат се разбира.
Кај виде ти некогаш да напишам дека е можна војна меѓу Македонците? Јас зборам за опасност од војна, зборам за опасноста што ја кажуваат светски медиуми, и западни и источни и зборам за војна како опасност, а не нешто што го посакувам. Ако ќутиме, ти си мислиш ќе не одмине?
Кога е во прашање што подржувам во Македонија, неможеш за мене да кажеш што подржувам, јас мојата подршка престанав да ја давам на било која политичка страна во 2008 година. Сега можам да кажам што не поддржувам. Исто како што не поддржувам криминал, не поддржувам и лицемерие. Што добивам јас ако на местото на еден криминалец со своите браќа по криминал, добијам друг криминалец со истите браќа по криминал, плус Албанска уцена.
Јас пробував на секој можен начин да им ги отворам очите на членството на сдсм и на подржувачите на опозицијата, дека зајо игра највеќе од сите во корист на грујо и да го чукнат малце неговите по празната глава..... Но тие (вклучително и ти) тоа мене ми го препишуваш како бранење на грујо. Секој обид да се критикува платформата завршува со „Веќе има двојазичност“, „Па за тоа е потребно двотретинско мнозинство“, а сега и „платформата е во режија на грујо“ и така натака. Од сите овие изговори излегуваат милијарда прашања, кои никој од вас не си ги постави, ниту пак одговори ако веќе се поставија. Цела дискусија се сведува на лични навреди, дискредитација и така натаму. А да не збориме за едноставното прашање „ако е така зошто не ја одбие?“
И сега добиваме ситуација, кога грујо застанува позади нас патриотите.... поточно не застанува, вие таму го ставивте....Зошто на пример Зоуки, не дојдеше на нашата страна. Но он направи еден превид. Си мислеше дека патриотизмот е изумрена категорија во Македонија, полетан и излажан од геј шарадата и еуфоријата од „победата“ на изборите.
Кога на тоа ќе го надоврзам и фактот што се сликаше со јатаците на истиот ден (10 Мај 2015) од Кумановските настани. Ако го надоврзам и колнењето и тепањето на Македонската полиција на протестите. Ако го надоврзам исмејвањето на патриотите. Ако го надоврзам и лицемерието и политичките калкулации за бомбите од Смилковските настани. Ако го надоврзам и фактот што за време на протестите и во предизборната кампањата горе доле му беа опфатени точките од Албанската платформа... што е тоа поголем показател за мене од човек што е склон на национално предавство и да кокетира со било кого за по секоја цена да дојде на власт. Све на све, Заев е опасен по Македонија, по нејзините национални интереси, нејзината безбедност и воопшто нејзиниот опстанок како држава, може вие тоа не го гледате, но за среќа повеќето го гледаат, вклучително тука и се поголем дел од членството на сдсм. Заев во полза на некакви сомнителни структури со задни намери, ја киднапира сдсм и ги држи во заложништво нејзините членови, а во моментов и цела Македонија.
Оваа работа во која се наоѓаме нема врска со Трамп или било кој. Мојата подршка на Трамп е сигнификантна и може да се каже еквивалентна на поддршка на фудбалски клуб, додека мојата љубов кон татковината со ништо не може да се спореди. Може ако побараш поназад ќе видиш дека скоро и не бев активен за време на предизборната кампања, имав некаква надеж дека сепак ќе се случат некакви позитивни промени. Но тоа што се случуваше за време на изборите (повторно изборен инжинеринг со Албанските гласачи) и поготово ова што се случува во постизборието, ми дава јасни сигнали дека во никој случај не смее да му се дозволи на Заев да го започне конечното уништување на Македонија.