За 10 години у Македонија ќе има многу ретко младо население, посебно ако влеземе во ЕУ на сила, ќе останат само пензионери и луѓе што тешко владеат друг јазик освен мајчиниот.
Што значи тоа ?
Тоа значи, дека нема кој да лечи, нема кој да образува или со еден збор пуста земја, без надежи за некоја иднина.
Нема да биде битно дали е Албанец, Македонец, Турчин ќе нема елементарни услови за живот во ова парче земја. И албанците и македонците и сите што живеат сакаат убав животен стил, она што го нудеше Југославија, сега тој животен стил е во западна европа.
Следниот попис на население ќе го покаже тоа ќе видиш колку население има избегано од македонија, колку лекари, колку наставници се во македонија и тогаш наместо да поставуваш Албанското прашање во Македонија тогаш сите што живеат во Македонија ќе го постават прашањето има ли иднина во Македонија.