Кочан ја праеше улицана кај што поминува петка, измеѓу Тафталиџе и Козле што е.
Со години. Си го лапна тендерот и како многу други тендери, едно пиша дека ќе напраи, а друго праеше. Он очекуваше да му помине глатко преземањето на проектот од администрацијата, али коа дојде време за потпис од надлежните, неќеа да му потпишат пошто тогаш почнаа бомбите и више не можеа така лабаво да муљаат. Пошто дечкото едно пишал дека ќе праи, а друго напраил. Неговата фирма не ни можеше да ја сработи таа улица, која имаше специфични побарувања.
Затоа се најде у небрано и фино лепо им плати на Гранит, па они у негово име го сработија тој дел, кој пред тоа стоеше така, у изградња, кусур време.