Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.467
Поени од реакции
22.437
Џабе везеш Владе, си мислат дека е тоа плукни залепи. Како прво не верувам воопшто да се усуди да прави нешто без амин на Иванов, пошто сепак треба да има некоја сила позади него. Кој ќе го брани, полицијата? Тешко богами, мрља он има оставено таму тешка, никад нема да му го заборават сликањето со јатаците на 10 мај 2015 година. Или можеби ударна сила ќе му биде геј шарадата? Едноставно е, ситуацијата ќе биде навидум без никаква контрола, а во таква ситуација не се знае кој пие, а кој плаќа и што е најважно ретко некој сноси одговорности.....Овие тука самостојните мислители на туѓи мисли не го сваќаат тоа, но зајо многу добро го сваќа иначе до сега веќе ќе беше тргнат у собрание :) али место тоа, си постави рок од 10 дена да смисли нешто.
Заев има сила позади него, не е тоа некоја голема тајна нити пак тешко да се сфати кој се тие. Што им е ним вистинската намера е заебаното. Пополека малце не назира ама сепак тоа се само шпекулации. Едно е сосем сигурно, дека ги заболе нив за наводниот криминал на високи владини службеници од поранешната влада. Тоа е само ајде ке речиме изговор. Потврда за тоа е амнестијата на сите функционери на ДУИ од секаков криминал. Безмалку се невини како новороденчиња. СЈО едноставно заборави и дека учествуваа во таа влада.
Легалност му фали на Заев, ете тоа му фали. Без неа неможе да има мирно предавање на власта. Сега можи и да се коцка и сам да се прогласи за мандатар, собранието да си го изгласа ама никој неможе со сигурност да претпостави дека институциите ке го поддржат како што напоменав во некој пост претходно. Западот секако ке го поддржи и да се изгласа и во најобична биртија или на некоја ливада. Ако го прифатат ок ке се заврши работата и без даден мандат, но што ако не го подржат. Дури да стигни западот да му поможи хммм.... ке се послужам со наводните зборови на Полковник Бошевски кога се освојуваше тетовското кале кој им ги упати на албанските терористички групи стационирани таму.
Ако само и еден војник ми загини во операцијата , дури да стигни НАТО да ме суди за воени злосторства тука нема камен на камен да остани.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.953
Поени од реакции
26.628
Заев има сила позади него, не е тоа некоја голема тајна нити пак тешко да се сфати кој се тие. Што им е ним вистинската намера е заебаното. Пополека малце не назира ама сепак тоа се само шпекулации. Едно е сосем сигурно, дека ги заболе нив за наводниот криминал на високи владини службеници од поранешната влада. Тоа е само ајде ке речиме изговор. Потврда за тоа е амнестијата на сите функционери на ДУИ од секаков криминал. Безмалку се невини како новороденчиња. СЈО едноставно заборави и дека учествуваа во таа влада.
Легалност му фали на Заев, ете тоа му фали. Без неа неможе да има мирно предавање на власта.
Некои сили има зајо позади него кои се моментално спремни само за тапшање по рамо, сила на терен реално нема. Никој од тие што гласал за него нема да излезе да му помогне да влезе во собрание, додека од другата страна, луѓето покажаа иницијатива... Да не речам за полицијата која не толку со симпатии гледа кон него.... Или војската која е во рацете на Иванов сеуште.....


Сега можи и да се коцка и сам да се прогласи за мандатар, собранието да си го изгласа ама никој неможе со сигурност да претпостави дека институциите ке го поддржат како што напоменав во некој пост претходно. Западот секако ке го поддржи и да се изгласа и во најобична биртија или на некоја ливада. Ако го прифатат ок ке се заврши работата и без даден мандат, но што ако не го подржат. Дури да стигни западот да му поможи хммм.... ке се послужам со наводните зборови на Полковник Бошевски кога се освојуваше тетовското кале кој им ги упати на албанските терористички групи стационирани таму.
Ако само и еден војник ми загини во операцијата , дури да стигни НАТО да ме суди за воени злосторства тука нема камен на камен да остани.
Тоа е тоа, изгледа за џабе пишував на горниот дел од постот, ама нека стои у моја верзија.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ќе се срамиш еден ден за сите постови што си ги пишал. Сериозно, не само ти, сите вие. Ете и Брутусот и Копилето веќе почнаа да се срамат за сите гомна изедени, така и ти.
Javna tajna bese deka drpmne pravi kriminal za koi potsvesno se nadevav deka ke se rascisti a snimkite od cadorot na crpnatiot mu dojdoa ko goker u poker ama kutriot toj neiskusen ne znaese da gi iskoristi a kako kapak na se morase da se frli vo pregratki na skiptarite da podrzuvaa skip platforma,da mu bilda poeni na nedokazaniot kriminalec,pa da se sramam od postapkite i nacinot na koj crpnatiot saka da dojde na vlast a ne deka drpmne saka da ostane na vlast za da si go zastiti ktimimalot
Nema da se sramam dokolku se formira malcinska vlada so novi lica koi ke bidat 2 ili 3 esalon od dvete strani koi ke se zalagaat za pravna drzava i koi ke gi rasvetlat rabotite,osudat i zatvorat kriminalcite,organiziraat konecno poips i da raspisat novi izbori.[DOUBLEPOST=1489279184][/DOUBLEPOST]
Abe sekoj posakuva edno dobro treseneje na nebanjati, onaka zakaceni na zelezo kako tepisi i udri, mavaj, udri... Da, znam deka toj den ke bide pozagadeno ama od narednite denovi vekje prolet ke dojde i se ke se rascisti.
I ti demek banjat pa isplakni si gi i ti olutenite oci
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.176
Зошто упорно постираш службен весник од 2001? Дали си информиран за тие т.н. хашки случаи, зошто се наречени Хашки и дали не знаеш дека во пакет со амнестијата требаше терористите да бидат "социјално згрижени"? Ако ова не го знаеш, зошто упорно браниш нешто кое не го знаеш? Ако го знаеш ова, зошто имаш потреба да ја извртуваш вистината?

Над се, дури и овие воени злосторства против човештвото, геноцид итн, да се законски амнестирани (а не се), каде беа сите овие Робини, сувокорни, тракторџии и чосиња кога беа ослободени крвниците кои исчистија третина од државава?
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Зошто упорно постираш службен весник од 2001? зошто упорно вметнуваш лажни информации за т.н. хашки случаи? Дали си информиран за тие случаи, зошто се наречени Хашки и дали не знаеш дека во пакет со амнестијата требаше терористите да бидат "социјално згрижени"? Ако ова не го знаеш, зошто упорно браниш нешто кое не го знаеш? Ако го знаеш ова, зошто имаш потреба да ја извртуваш вистината?

Над се, дури и овие воени злосторства против човештвото, геноцид итн, да се законски амнестирани (а не се), каде беа сите овие сендвичи, сувокорни, тракторџии и чосиња кога беа ослободени крвниците кои исчистија третина од државава?
Ај ја ништо не знам еве ти објасни зошто се вратени и кој случај е процесиран од хашкиот суд?
У тој службен весник е законот за амнестија ход 2001 кој ти не си го прочитал...

Sent from my MI 5s using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.176
Ај ја ништо не знам еве ти објасни зошто се вратени и кој случај е процесиран од хашкиот суд?
У тој службен весник е законот за амнестија ход 2001 кој ти не си го прочитал...

Sent from my MI 5s using Tapatalk
ако ништо не знаеш, зошто упорно го браниш овој акт на амнестија на воени злосторства? Без разлика дали не знаеш-дали за тебе е во ред да се ослободат вакви случаи против цивили?
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
ако ништо не знаеш, зошто упорно го браниш овој акт на амнестија на воени злосторства? Без разлика дали не знаеш-дали за тебе е во ред да се ослободат вакви случаи против цивили?
а не бранам ништо ја ти давам закон кој е донесен по мене требало на време да ги снема...
Не сум го донел јас тој закон туку тие што биле на власт потпомогнати од нашите западни пријатели кои нели секогаш ни мислат добро.
И пак не одговори зошто се вратени и кој е единствен случај процесиран од Хашкиот суд?

Sent from my MI 5s using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.176
И пак не одговори зошто се вратени и кој е единствен случај процесиран од Хашкиот суд?

Sent from my MI 5s using Tapatalk
ако на секоја втора страна постираш информации и се објаснуваш за овие случаи бранејќи ги властите, . сигурно знаеш. Ако тогаш си бил помал, има на интернет документи од кои можеш да се информираш. Тагови-злосторства против цивили, геноцид итн...
Не сум го донел јас тој закон туку тие што биле на власт потпомогнати од нашите западни пријатели кои нели секогаш ни мислат добро. а не бранам ништо ја ти давам закон кој е донесен по мене требало на време да ги снема...
Во истите закони учествуваше и добар дел од сегашните патриоти кои до лани беа на власт, што баш и не е некој патриотизам. Со тоа што постираш повеќепати вакви информации за овие случаи, ти ја оправдуваш власта која ги амнестираше по враќањето од Хаг, кога се вршеа подготовките на судовите, обуките и планот за процесуирање во државава. Имаше некој договор и за социјално згрижување на "борците од она".
 
Последно уредено:
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
ако на секоја втора страна постираш информации и се објаснуваш за овие случаи бранејќи ги властите, зошто јас допрва би ти одговорил зошто се вратени? Ако тогаш си бил помал, има на интернет документи од кои можеш да се информираш. Ти споменав претходно-злосторства против цивили, геноцид итн...
Во истите закони учествуваше и добар дел од сегашните патриоти кои до лани беа на власт, што баш и не е некој патриотизам. Не знам зошто мислиш дека форумџииве се левел сендвич или црвокорни на трактор од пред собрание со некое жолто марамче. Со тоа што постираш свесно вакви информации за овие случаи, ти ја браниш власта која ги амнестираше по враќањето од Хаг, подготовките на судовите, обуките и планот за процесуирање во државава. Нормално, и договорот за социјално згрижување на "борците од она".
Мал никако мали се овие што верглаат а не читаат пола не ни знаат што се случуваше 2001..
Ја не бранам никого постирам закон донесен 2001 за овие што верглаат да прочитаат нешто од тие години пошто пишуваат а не знаат што пишуваат...
Повторно повторуваш вратени од Хаг зошто се вратени ете ако ти е тешко да напишеш дај линк кај кажуваат зошто се вратени..


Sent from my MI 5s using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.738
Поени од реакции
12.176
Повторно повторуваш вратени од Хаг зошто се вратени ете ако ти е тешко да напишеш дај линк кај кажуваат зошто се вратени..


Sent from my MI 5s using Tapatalk
ти реков-хашки случаи со таг-злосторство против цивили, геноцид...ќе побараш и ќе видиш дека се водеа поинаку, затоа хаг и ги зема, да ги сработи како такви. Па ги врати со препорака да се процесуираат во државава, па нашите судови се обучуваа за вакви процеси, па на крај патриотски дрпмне му го збрца на Народот. Ако се нафаќаш да ја браниш дрпмне, не е моја работа јас да ти барам податоци и информации.
И во двата случаи, не видов протести од црвокорните, сендвичите и трактористите. Дури ни кога се договараше социјалниот пакет за борците за правдина. Тоа е лицемерие, лажен патриотизам
 
D

Darko_ufo

Гостин
Мал никако мали се овие што верглаат а не читаат пола не ни знаат што се случуваше 2001..
Ја не бранам никого постирам закон донесен 2001 за овие што верглаат да прочитаат нешто од тие години пошто пишуваат а не знаат што пишуваат...
Повторно повторуваш вратени од Хаг зошто се вратени ете ако ти е тешко да напишеш дај линк кај кажуваат зошто се вратени..


Sent from my MI 5s using Tapatalk
Ск куде тумбе три бандере кд ке ти га опнују пендрак небањат како пиленце има да бегаш :pos:

Абе Кумановац с'с Српско презиме ти ли ќе кажујуш за разнебитување на Македонија...
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
ти реков-хашки случаи со таг-злосторство против цивили, геноцид...ќе побараш и ќе видиш дека затоа хаг и ги зема, да ги сработи како такви. Па ги врати со препорака да се процесуираат во државава, па нашите судови се обучуваа за вакви процеси, па на крај патриотски дрпмне му го збрца на Народот. Ако се нафаќаш да ја браниш дрпмне, не е моја работа јас да ти барам податоци и информации.
И во двата случаи, не видов протести од црвокорните, сендвичите и трактористите. Дури ни кога се договараше социјалниот пакет за борците за правдина.
Таман работа да ги бранам и тие се исти гомна им дадоа многу на орките..
Али нека стои законот нека се види дека и двете страни смрдат..
А колку се виновни тие што се оптужени во хашките случаи толку е виновен и нивниот водач командна одговорност..
Се едно вреди да се напомене дека злосторства против човештво не застаруваат ниту пак може да се амнестираат.
И пак ке се надоврзам да сакаа нашите западни пријатели ке ги процесираа а не да ги враќаат па да ни даваат препораки... Едини што процесираа беше случајон на Бошковски и Тарчуловски чудно нив не ги вратија...


Sent from my MI 5s using Tapatalk
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
Ск куде тумбе три бандере кд ке ти га опнују пендрак небањат како пиленце има да бегаш :pos:

Абе Кумановац с'с Српско презиме ти ли ќе кажујуш за разнебитување на Македонија...
Еве лево муде ми се стресе

Sent from my MI 5s using Tapatalk
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Што се гласаше во 2011 и кој гласаше?[DOUBLEPOST=1489277066][/DOUBLEPOST]
Дај ми ја целата слика.
Година: 5 Број:1304 Среда 11/3/2004

ДВАЈЦА БИВШИ ЧЛЕНОВИ НА ОНА ДВА МЕСЕЦА ПРЕДВРЕМЕ НА СЛОБОДА
Бранко помилува учки за да го ослободи Кондово
Јетмир Бејтула и Музафер Зеќири од групата на Изаир Самии - Баци, осудени на една година затвор, од минатата недела се на слобода "оти добро се однесувале во затвор и нивните семејства биле во тешка материјалн

Бившите припадници на ОНА Јетмир Бејтула и Музафер Зеќири се на слобода два месеца пред истекот на казните оти добро се однесувале во затвор и нивните семејства биле во тешка материјална состојба, објаснија вчера од кабинетот на шефот на државата Бранко Црвенковски, кој одлуката за помилување на експрипадниците на ОНА ја донел на почетокот на минатиот месец, а е објавена во "Службен весник" на 22 октомври. Осудениците издржувале едногодишни казни за поседување пиштол и куршуми.
Во соопштението што вчера го лиферуваше кабинетот на Црвенковски, се објаснува дека во случајов е постапено по молба на осудениците, процесуирана преку затворот во Идризово до Министерството за правда, која потоа со комплетна документација е доставена до комисијата за помилување на Претседателот на државата.
Според разузнавачки извори, помилувањето на експрипадниците на ОНА од групата на командант Баци било изнудено и е поврзано со блокадата на изворот Рашче и целосната контрола од косовски терористички групи на скопско Кондово, кое е под опсада речиси еден месец. Лидерот на ДУИ Али Ахмети добил порака од водачот на терористичката група во Кондово Агим Красниќи да ги ослободи неговите двајца другари, инаку ќе продолжи да прави зулуми пред референдумот. Предлогот бил тој да издејствува, преку Министерството за правда и министерот Мехмети, препорака за Претседателот на државата Бејтула и Зеќири да се солободат поради тешката социјална состојба во нивните семејства. "И така и двајцата имаат само уште два месеца до издржување на казната", го убедувал Красниќи лидерот на ДУИ. Ахмети не бил сигурен дека може да го контролира Косовецот, и затоа ја прифатил уцената.
Дипломатски извори, пак, коментираат дека ослободувањето на двајцата е предлог на ДУИ, затоа што дел од нивните членови имаат врски со Красниќи, иако, додаваат тие, овој засега не демонстрира никаква политичка заднина на неговото дејствување. Наводно, целиот дил бил направен оти дедото на Бејтула ги притискал луѓето од ДУИ за ослободување на неговиот внук, а како влијателен човек во Камењане и Боговиње, тоа ќе го трампал со изработување гласови на локалните избори за партијата. Она што го велат нашите извори е дека Красниќи тешко веројатно дека ќе си замине од Кондово дури и по референдумот. Образложението е што, наводно, во неговата група има луѓе не само од Косово туку и од Кондово и околните села. Се работи за претежно млади луѓе, велат дипломати, кои биле привлечени од парите со кои располага Красниќи, за кого нашите извори тврдат дека е криминалец. Според нив, пак, не се знае точно колку луѓе има Красниќи зад себе, зашто тој, наводно, тврди дека биле околу 150, додека информациите на населението и дипломатите биле дека ги има околу педесетина. Се знае само дека тие не носат униформи, туку во црни панталони и маици и со оружје на себе се шетаат по селото во кое нема полиција. Дипломатите велат и дека Красниќи тука, всушност, "го штити бизнисот", зашто преку Кондово и Радуша има рута преку која минува шверцот со "разни работи", и дека тешко оти ќе се откаже од профитот со заминување.
Бејтула и Зеќири беа уапсени на 11 ноември пред три години, кај тетовското село Требош, заедно со Изаир Самии - командант Баци, Нухи Мустафи - командант Солана, Арбен Јакупи и Шкодран Идризи, и сите заедно беа обвинети за здружување заради непријателска дејност, но поради немање докази за ова обвинување, беа ослободени. Тогаш, од безбедносни причини, Врховниот суд одлучи да им се суди во Основниот суд 1 во Скопје, место во Тетово. Баци и второобвинетиот Нухи за поседување оружје беа осудени на по две години затворска казна, а останатите на една година.
Судскиот процес го водеше судијката Мирјана Иванова - Бојаџиева, која е во групата на тројцата судии кои пред еден месец беа разрешени оти го пуштија Изаир Самии од затвор за да се лекува. Бојаџиева вчера не сакаше да ја коментира веста за помилувањето на Бејтула и Зеќири.
Помилуваните се поврзуваат со убиството на полицаец во полициската станица во селото Требош. Јетмир Бејтула е осомничен за масакрот во мотелот "Бриони" во Челопек кога беа масакрирани, а потоа дигнати во воздух двајца вработени во хотелот. Музафер Зекири, пак, кој за време на војната во 2001 се претставуваше како командант Веди, беше припадник на воената полиција на таканаречената ОНА.
Во текот на судскиот процес Бејтула пред Судот призна дека заедно со Зекири биле припадници на терористичката ОНА, но тој, како што изјави во текот на судењето, не пукал туку имал само членска книшка и бил обичен војник. Според нивното сведочење, тие биле примерни граѓани на државава која многу ја сакаат и никогаш не им паднало на памет да ја рушат. Тогаш контрадикторна беше изјавата на адвокатот на Бејтула Нуман Лимани кој пред Судот тврдеше дека Бејтула не бил припадник на ОНА или на АНА оти во тие организации не примале луѓе со завршено осмо одделение.
Еден од бранителите на осудениците беше Исени Шазивар, тогаш адвокат од Гостивар, а сега судија во Основниот суд 1 во Скопје. Во Судот сега тој е познат по тоа што обвинетите Албанци ги тера да зборуваат албански и кога знаат македонски.
Од шестемина осудени припадници на АНА уапсени кај Требош, во затвор се само уште Нухи Мустафи и Изаир Самии.
Шкодран Идризи, кој беше осомничен како еден од учесниците во измачувањето на киднапираните работници на ГП "Маврово", е на слобода оти беше амнестиран.
(К.М.)

***

Во помилувањето нема ништо спорно

Пратеникот Аднан Јашари, кој е член на комисијата за помилување на претседателот Брнако Црвенковски, тврди дека во случајот со помилувањето на Јетмир Бејтула и Музафер Зекири, осудени за нелегално поседување оружје, нема ништо спорно бидејќи во целост е почитувана процедурата пропишана со закон.
Пратеникот Јашари вели дека одбраната на осудените уредно има доставено барање за помилување до Министерството за правда. Потоа Министерството го разгледало предметот и изготвило предлог за помилување до комисијата на Претседателот, во кој објаснува зошто треба да се помилуваат осудените. "Во предлогот за помилување имаше наведено повеќе прични, а од тоа што се сеќавам беше дека помилувањето се бара од социјални причини. Осудените имаат малолетни деца за кои нема кој да се грижи дома, оти сопругите на осудените не се вработени. Друга причина на која се сеќавам беше дека тие првпат се осудени", објаснува Јашари.
Според него, комисијата за помилување расправала за предлогот за помилување на Бејтула и Зекири, доставен од Министерството за правда и имаше право само да му сугерира на Претседателот да ги помилува или не, но нивното мислење не е обврзувачко за него. "Комисијата може да го уважи барањето за помилување или да го одбие. Ние во случајот ги уваживме аргументите на одбраната и му предложивме на Претседателот да ги помилува", вели Јашари.

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=86200&idg=5&idb=1304&rubrika=Makedonija
"Јетмир Бејтула е осомничен за масакрот во мотелот "Бриони" во Челопек кога беа масакрирани, а потоа дигнати во воздух двајца вработени во хотелот."

„Шкодран Идризи, кој беше осомничен како еден од учесниците во измачувањето на киднапираните работници на ГП "Маврово", е на слобода оти беше амнестиран.“

Да ти ги скратам маките оти посекако знам дека нема да го читаш цел текст, а и да го прочиташ ќе замижиш! Симпатизер на СДСМ да ми зборува за амнестија на хашки е исто како ку*ва да ми зборува за морал!


според републиЧкиот Јавен обвинител
Амнестија за уште 15 поранешни учки
Во ДУИ, пак, велат дека станува збор за околу шеесетина лица за кои с$ уште се водат постапки, а треба да бидат опфатени со амнестијата

Најмалку петнаесет поранешни припадници на ОНА, за кои се водат судски постапки, може веднаш да бидат амнестирани ако со изјава пред истражен судија го потврдат својот идентитет, тврди Републичкиот јавен обвинител Александар Прчевски. По забелешките од партиите на македонските Албанци, меѓу кои и од владејачката ДУИ, дека судските власти не го почитуваат целосно Законот за амнестија, во Обвинителството признаваат дека има случаи кои с$ уште се влечкаат по судовите. Но, оттаму велат дека е мал бројот на оние кои можат да бидат амнестирани, а многу поголем на оние кои не ги исполнуваат критериумите од Законот - да се македонски државјани, да имаат законски престој, имот или семејство во Македонија.
- Законот за амнестија е реализиран во 99 отсто случаи и во исто толкав процент се однесува на албанската популација, па затоа последните настани не може да се сметаат како резултат на негово неспроведување. Има предмети во кои се чека изјава од обвинетите за судот да одлучи дали ќе бидат амнестирани.
Петнаесет од нив речиси сигурно ќе бидат амнестирани, но претходно мора да дадат изјави пред истражен судија. Притворите во сите вакви предмети се укинати и луѓето не треба да стравуваат дека ќе бидат притворени ако се појават во судот - вели Прчевски.
Судовите оставаат можност за амнестија само на оние кои не сториле кривични дела -злосторства против човештвото, а се објаснува дека изјавата пред истражен судија може да се даде и преку адвокат или член од семејството, со што обвинетите ќе бидат амнестирани. Но во ДУИ велат дека обвинетите не секогаш знаат за какви дела се товарат, и стравуваат да одат во суд, бидејќи ако се обвинети за воени злосторства можат да бидат уапсени, поради ставот на судовите оти можат да апсат иако нема налог од Хаг, со што во партијата не се согласуваат.
Недоразбирањата меѓу политичките претставници на Албанците и официјалните судско-обвинителни власти се токму во различното читање на Законот за амнестија.
Во ДУИ сметаат дека сите случаи за кои нема покренато истрага од Хашкиот трибунал треба да бидат амнестирани бидејќи ?истрагата за евентуалните сторители на воени злосторства е во исклучива надлежност на Хашкиот трибуналл?. Тоа читање на Законот за амнестија го поддржуваат и дел од правните експерти, како и македонскиот Хелсиншки комитет.
Сашко Тодоровски, член на бордот на Хелсиншкиот комитет, пак, смета дека со донесувањето на Законот за амнестија македонските органи го изгубиле правото да ги гонат ваквите дела.
- Друга работа е што Хаг не презема ништо ефикасно. При донесување на законот можевме да избираме дали делата ќе ги гонат домашните органи, меѓународните или заеднички. Ние ги избравме меѓународните - вели Тодоровски.
Но, во Обвинителството и во судовите сметаат дека имаат право да ги гонат сторителите на дела против човештвото, кои Хашкиот трибунал не ги побарал.
- Ваквото толкување на Законот за амнестија е единствено исправно. Тоа е став на судскиот колегиум. Ќе ги гониме овие дела с$ додека Хаг не ги преземе - вели претседателот на Основниот суд Скопје 2, Бојан Ефтимов.
Сепак, Обвинителството и судовите, немаат точна бројка против колку поранешни припадници на ОНА се водат постапки. А конкретни бројки или списоци со имиња на неамнестирани припадници на поранешната ОНА, немаат ниту во ДУИ, иако со последните безбедносни случувања повторно го актуализираат прашањето на, според нив, неспроведувањето на амнестијата. Во ДУИ велат дека станува збор за околу шеесетина лица за кои с$ уште се водат постапки, а треба да бидат опфатени со амнестијата, бидејќи како македонски државјани се обвинети за кривични дела поврзани со воениот конфликт.
Дипломатски извори оценуваат дека ?спорните случаии? на амнестија се најголема главоболка во спроведувањето на охридскиот договор.
- Проблемот со спроведувањето на законот за амнестија е во одреден број случаи што се водат како воени злосторства во македонските судови. Тоа се мал број случаи, се влечат уште од усвојувањето на законот за амнестија, а некои луѓе во судовите ги користат овие случаи како политичко оружје - коментираат дипломатски извори. (П.Р.)

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2258&stID=22951
Но не сите забораваат...

Jordan Petrovski
3 март во 18:51 ·
Црвенквоски 2002 во изборната кампања велеше со ТЕРОРИСТИ коалиција не правам
Заев во изборната кампања 2016 говореше сите криминалци во затвор!!
Сега Заев ке прави вкада со ТЕРОРИСТИТЕ на Бранко и Криминалците против кои зборуваше самиот тој Заев.
Македончето за власт и детето продено ке си го прададе а не верата, нацијата, сограѓаните.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom