Заев рече дека не само Албанците туку и другите малцинства во земјата, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, ако се 20 отсто во општината каде живеат ќе можат да се обратат до институциите на својот мајчин јазик.
Тој рече лага е дека сите во училиштата ќе мора да го учат албанскиот јазик. Потенцира дека Уставот на никој начин нема да биде погазен со овозможувањето на употреба на јазиците во Македонија.
Заев потенцираше дека по консултацијата со експерти, нема да има двојазични банкноти или униформи, бидејќи тоа не е во согласност со Уставот зошто денарот и униформите се употребуваат на целата територија на Република Македонија.
Заев нагласи и дека нема промена на химната и знамето, но дека нема ништо лошо во тоа да се дозволи дебата за секое прашање и да се разговара за сечиј став и мислење. Тој кажа дека никој не може да го промени името на државата, освен граѓаните на референдум.