Тебе те прашувам, зошто се протестира!? Истото беше и во 2004 г. и Македонија остана цела. Читај ги законите за јазиците од 2008 г. и 2011 г. Македонија го преживеа и тоа во духот на патриотизмот. Дали ти воопшто си го прочитал договорот!? И ако си го прочитал, кажи која точка тебе лично не ти се допаѓа. Башка ако се сака да се спроведе тој договор, се може и без вмро во парламентот и со целиот народ на улиците, парламентарното мнозинство си го прави своето.
ВМРО 25 г. шири параноја за ситни поени. 20 г. води иста политика, и 20 г. Македонија тоне. Сега ќе се задолжиме за нови 70 милиони евра, пред тоа земавме 30 милиони. Ако тоа ти е успешна влада и пред се’ патриотска која дава милиони за скапани фасади, а има општини во Скопје кои немаат канализации, тогаш Николче заслужува златен орден.
И кого да прашам? Оние кои се силат на новинари, а кога ќе излезат 50 албанци со националистички пароли, никаде ги нема!?