Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Z

zlaki

Гостин
после најава за 3000 терористи,политичката криза,воведување на вонредна или воена состојба,разни повикувања на војни и пресметки,РАЗМИСЛУВАТЕ ЛИ како ќе се заштитите или спремате за такви можни сценарија?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Ех, што не сме посилни па да си ги побараме... ехххх...[DOUBLEPOST=1488793850][/DOUBLEPOST]
Ти заклучуваш!!! Јак аргумент. Ти можеш да имаш сомнеж, ама да го тврдиш тоа е сериозна работа за која ако некој те тужи може и да добиеш казна, ако со докази не докажеш дека е така. Ова што си го навел не е доказ дека е така.
А1 (сосе А2) не се „затворени сите опозициски ТВ“. А и А1 не мораше да се затвори, немаше пари да продолжи. Ако некој финансираше, немаше ни таа да згасне.
Мартин загина од ударите на човек (полицаец) кој не бил испратен од никого да го убие. Случајно убиство, непромислен потег на припадникот на МВР, верувам дека и тој не сакал тоа да се случи. Не е фер да се прикажува како испланирано убиство. Па зарем би убивале момче нивни симпатизер кој бил дојден да ја прослави изборната победа во 2011 г.
Ај ај сите знаеме зошто се затвори А1 нема потреба од правдање. Па од А1 со докази и сведоци им открија како ги местат изборите и како купуваат гласачи, така да знаеме зошто е затворена.
А инаку дали е сериозна работа да тврдиш дека Заев ја прифатил платформата без да знаеш и цело време да го пикаш тој муабет? Што ќе биде ако Заев те тужи и ти извади докази дека не ја прифатил?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Амнестијата на учк-ите во 2011 година секако дека не ми е драга. Како ни амнестијата од 2001-2 година. Вратените предмети од Хаг, кога се даде амнестија во 2011 г., мислев дека е за „мир у куќи“. Секако дека не сум ги одобрувал. Но, често пати од Груевски (можеби и други) слушав дека е автентично толкување на законот за амнестија од 2001-2 година. Мислев дека е негово барање на изговор, но, пред некој ден се заинтересирав и го побарав текстот на законот од 2001-2 г. Еве што пишува во него:

ЗАКОН ЗА АМНЕСТИЈА
Член 1

Со овој закон се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор (во натамошниот текст: амнестија), граѓани на Република Македонија, лица со законски престој, како и лица кои имаат имот или семејство во Република Македонија (во натамошниот текст: лица), за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година, заклучно со 26 септември 2001 година.

Амнестијата се однесува и на лица кои и пред 1 јануари 2001 година, подготвувале или сториле кривични дела во врска со конфликтот во 2001 година.

Со амнестијата од ставовите 1 и 2 на овој член:

· Се ослободуваат од гонење за кривично дело според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година;

· Се запираат кривичните постапки за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија против лицата за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година.

· Потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор за кривични дела според Кривичниот законик и друг закон на Република Македонија лицата кои подготвувале или извршиле кривични дела поврзани со конфликтот до 26 септември 2001 година.

· Се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со 26 септември 2001 година

Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 на овој член не се однесуваат на лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот во 2001 година, кои се во надлежност и за кои Меѓународниот трибунал за гонење на лица одговорни за тешко кршење на меѓународното хуманитарно право на територијата на поранешна Југославија од 1991 година ќе поведе постапка.

Па, гледајќи го текстов, можеби навистина тие предмети кога веќе не се во надлежност на Хаг, подлежат на општата амнестија која се даде со овој закон. Колку што читам, со законот за амнестија од 2001/2 г. се амнестираат сите, освен оние за кои постапка нема Хашкиот трибунал.
Па, би ве замолил да коментирате согласно законот, не според емотивно доживување. Ако е за така, јас на никого не би му дал амнестија, ама закон е закон.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
после најава за 3000 терористи,политичката криза,воведување на вонредна или воена состојба,разни повикувања на војни и пресметки,РАЗМИСЛУВАТЕ ЛИ како ќе се заштитите или спремате за такви можни сценарија?
Шо сторе бе 3000 терористи??
па то е пола ИСИС собран овде
хахахахха деца, цела европа да ја собереме нема 3000 вооружени терористи да се најдат и то од сите категории и исламски и христијански и левичарски и десничарски/
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ај ај сите знаеме зошто се затвори А1 нема потреба од правдање. Па од А1 со докази и сведоци им открија како ги местат изборите и како купуваат гласачи, така да знаеме зошто е затворена.
А инаку дали е сериозна работа да тврдиш дека Заев ја прифатил платформата без да знаеш и цело време да го пикаш тој муабет? Што ќе биде ако Заев те тужи и ти извади докази дека не ја прифатил?
Па, ако баба лаже трап не лаже. Самите учесници во „преговорите“ си изјавуваат (за) што преговарале. ДУИ изјави, или платформа, или нема влада... па еве, се договориле да има влада, „следствено“... Плус, јас никого не обвинив за криминал, за кривично дело... Легитимно е да имаш одредени ставови, да ја дефинираш МК за бинационална држава, албанците да се исто што и македонците, другите малцинства НЕ... итн...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ех, што не сме посилни па да си ги побараме... ехххх...[DOUBLEPOST=1488793850][/DOUBLEPOST]
Ти заклучуваш!!! Јак аргумент. Ти можеш да имаш сомнеж, ама да го тврдиш тоа е сериозна работа за која ако некој те тужи може и да добиеш казна, ако со докази не докажеш дека е така. Ова што си го навел не е доказ дека е така.
А1 (сосе А2) не се „затворени сите опозициски ТВ“. А и А1 не мораше да се затвори, немаше пари да продолжи. Ако некој финансираше, немаше ни таа да згасне.
Мартин загина од ударите на човек (полицаец) кој не бил испратен од никого да го убие. Случајно убиство, непромислен потег на припадникот на МВР, верувам дека и тој не сакал тоа да се случи. Не е фер да се прикажува како испланирано убиство. Па зарем би убивале момче нивни симпатизер кој бил дојден да ја прослави изборната победа во 2011 г.
Ти сосила или тренираш одредена ментална состојба, ти ги кажав офиицјалните извори како сум го заклучил истото ти пак ми викаш голем штик ти што си заклучич.
А1 ако мислиш дека не е затворена од власта, очилгедно имаш проблеми со рационално размислување.
За убиството не кажав дека е испланирано и нарачано, туку дека е пробано да се прекрие, па Сител објауваше како убиениот бил наркоман и пропалица не се враќал дома по една недела, па прво на медиумите имаше информации дека му се слошило и умрел, очевидецот пријавил настан во МВР истите не направиле ни службена белешка, замисли пријавуваш убиство они ти велат Ок. и на тоа се завршува, дај молим те.
 
Z

zlaki

Гостин
Шо сторе бе 3000 терористи??
па то е пола ИСИС собран овде
хахахахха деца, цела европа да ја собереме нема 3000 вооружени терористи да се најдат и то од сите категории и исламски и христијански и левичарски и десничарски/
таман е,ама ете и васко ефтов ја пее таа песна за лековерните,прашањето ми беше дали некој размислува како и што ако бидне војна?Храна,лекови,оружје,или странство....денари или евра или злато се опција...
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
таман е,ама ете и васко ефтов ја пее таа песна за лековерните,прашањето ми беше дали некој размислува како и што ако бидне војна?Храна,лекови,оружје,или странство....денари или евра или злато се опција...
Нема што да мислат, ќе фатат патот кој Белизе кој Бугарија кој Халкидики, ќе ги остават ретардираниве да гинат. Ама ако така им е.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ти сосила или тренираш одредена ментална состојба.. .
Колку сте силни со уличарскиве манири. Ти си заклучуваш, ама да ти кажам дека поим немаш. Јас знам дека е сосема поинаку, од мои блиски „извори“.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
таман е,ама ете и васко ефтов ја пее таа песна за лековерните,прашањето ми беше дали некој размислува како и што ако бидне војна?Храна,лекови,оружје,или странство....денари или евра или злато се опција...
опција е бегање сместа преку граница во некој камп за бегалци. Поуба храна и лекарска заштита ќе имаме од колку сега тука. Битола ми е на 12 километри од грција за 2 сати пешки сум веќе под старателсво на обединети нации и величенствената америчка помош
 
а скопјаните?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
17.118
Шо сторе бе 3000 терористи??
па то е пола ИСИС собран овде
хахахахха деца, цела европа да ја собереме нема 3000 вооружени терористи да се најдат и то од сите категории и исламски и христијански и левичарски и десничарски/
Тенденциозни најави на Ефтов за билдање гледаност. Видовме што направија 20 души во Куманово, за Македонија не се потребни повеќе од 500 души за да прават проблеми.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom