Секако, треба да се даде до знаење на вмровците кој е кој, да осетат режим малку. Треба да се влечат со лисици пред камери и ајт Идризово.
некој бугар/србин кога ќе ве чита ќе рече, леле што збори овој нели ќе правеа правна држава, сега за режим зборува.
Ние во Македонија убаво знаеме што се очекува од вас
Најдобриот предзнак за какво ќе биде владејањето на СДСМ е индикаторот дека на преговори со ВМРО не го предложија предлогот на помалите партии за една изборна единица на територија на Р. Македонија. Се работи за стариот менталитет во СДСМ(realpolitik), ама ништо нема сменето внатре во таа партија и немојте да ни правите филмови дека се работи за правда и правдина кога всушност се работи за расчистување на старо/нови сметки со ВМРО-ДПМНЕ.
Резултатот пак ќе беше тука некаде, ако е една единица има цензус, во регионот (а и пошироко) е 4% од вкупните гласови, во таков случај само ВМРО, СДСМ, ДУИ и БЕСА ќе го помиеа прагот и ќе ги распределеа 5-те останати пратеници, сега набрзина пресметав 53 ВМРО, 51 СДСМ, 10 ДУИ, 6 БЕСА (можеби сум утнал за малку, ама не е битно).
Но има уште една работа која ја има во Европа како победник на изборите, а тоа е да се добива одреден број на пратеници, во Грција е 1/6 или во Македонија би било 20 пратеници, такво нешто не и одговара на СДСМ и на албанските партии (посебно на нив).