Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
А бе на секое испаѓање на трамп црнциве му редат мајки шајки и пред медиуми и без нив.Тоа е демократија чим си влегол во водите на политиката секој има право да искоментира што сака но несмее физички да те допре.А не на прашање дали ти е страм што ја продаде државата шамари да летаат.
Трамп и медиумите ги спореди со копиљаци пратени од штаб на вмро и фрчко [emoji1] Потполно истата ситуација... Дај бе не продавај филмови, за Борјан рече требало со пиштол да го убијат а сега за куртониве ќе морализираш што попиле еден шамар. Секој знае зошто се пратени, не се прај дека не си одавде. Албанче викаш бил, туку вака да те прашам денешното вмро како современи македонски патриоти, од кого ги имаат попримено ваквите тактики, менувањето тези, кукавиштво, провокациите и глумењето жртви, од Гоцета Делчев? Ти ги посочија сите глупи компарации да не се повторувам. Со вакви муабети не можеш да глумиш непристрасност и имање свој став, можеш само статии на Курир да пишуваш.
 
Да бидеш на власт и во твој мандат да рокнат 2 претседатели, или мора да имаш среќа или да имаш уште повеќе среќа. штета што ги расчистија и двата па бране не мораше да се поти како свиња пред камера.

Колку струи има во СКСШ ... 2? едната ја предводи Рада Шеќерова, сиромашната богаташка со месечни примања од 5000 евра.
шо велиш ти, дали во Македонија има услови некој да зараб отува убаво или слабо таа работа?
лидери сме или не?
ќе испадне дека беша лага за бизнис можностите и големите и убави заработувачки овде
 
шо велиш ти, дали во Македонија има услови некој да зараб отува убаво или слабо таа работа?
лидери сме или не?
ќе испадне дека беша лага за бизнис можностите и големите и убави заработувачки овде
Обичниот народ не, но политичарите сите до еден да. Ќе дојде и СКСШ на власт стара шема, октоподче беше вице беше сеедно цената е 1 евро м2
 
Ти и јамајка сте се освен македонци, и тоа го имаме во предвид.
Многу погрешно мислење имаш за Македонците.
Не е добро да подценуваш.
 
Обичниот народ не, но политичарите сите до еден да.
е зато треба промена на власт и промена на политика. Се додека државна функција нуди можност за богатење без одговорност а државна работа е попримамлива од приватната нема да имаме напредок
 
е зато треба промена на власт и промена на политика. Се додека државна функција нуди можност за богатење без одговорност а државна работа е попримамлива од приватната нема да имаме напредок
Се додека СКСШ има слична или иста структура, народот нема да и верува. Некои ликови треба едноставно да не постојат за да СКСШ види бел ден, се до тогаш ќе се присеќаме на Бранковите златни денови.
 
Се додека СКСШ има слична или иста структура, народот нема да и верува. Некои ликови треба едноставно да не постојат за да СКСШ види бел ден, се до тогаш ќе се присеќаме на Бранковите златни денови.
на последни избори сдсм доби огромен и до сега невиден во историјата на Македонија уште од Александар, подем и пораст на гласови.
Благодарение на тоа тие сега имаат мнозинство во собранието за состав и избор на влада.
 
СКСШ се бори против криминал но и е потребна криминална структура (ДУИ) за да биде мнозинство? Теута Арифи нашла да збори за криминал, Тетово исто од 63та навака, не постои урбанистичко планска документација за тој град. Во Тетово не се издава одобрение за градење на приватно земјиште туку исклучиво на државно, за се друго ко што кажа постои устав и закон ... ама законот важи само за Македонците, за албанците е навредливо тоа. Чифча нонен !!!!
Нели ќе ја оправавме државата? Од промена премина во замена ништо више !!!!
 
Небањати, уште ли го дрвите како Фрчко бил насилник?
А ви текнува Шарените кога и упаднаа на Каракамишева во канцеларија што им направи?
Шамари, клоци боксови, дури еден Шарен беше со тастатура удрен по глава.

Ова за вас ништо не е, нели? Фрчко па фрчко.
Лицемери едни.
 
СКСШ се бори против криминал но и е потребна криминална структура (ДУИ) за да биде мнозинство? Теура Арифи нашла да збори за криминал, Тетово исто од 63та навака, не постои урбанистичко планска документација за тој град. Во Тетово не се издава одобрение за градење на приватно земјиште туку исклучиво на државно, за се друго ко што кажа постои устав и закон ... ама законот важи само за македонците.
Нели ќе ја оправавме државата? Од промена премина во замена ништо више !!!!
Теута ??
она иста која е во коалиција со ВМРО 11 години?? и велиш имало тешки криминали а ЈО не презело ништо????
Ќе треба СЈО да му се прошири мандат не само временски туку да може да гони и криминали кои не произлегуваат од снимките на странските служби.
 
Целосна двојазичност е всушност изедначување на македонскиот со албанскиот, каде документот не е двојазичен туку само на албански во случајов, лицето кое го известуваш ако го известиш со документ на македонски значи дека истото не си го известил како што треба и така натака. Трошоците за ова ги сноси државата а не странката, пошто државата не ставила соодветен кадар кој познава албански итн. Во превод стануваме албанија, пошто а тука во скопје а тирана се исто, чим не се разбираме значи дека не функционираме. Чим не постои еден јазик за комуникација тогаш нема што понатака да се дискутира.
Преведувач во судски спорови? Пратеници говорат на албански во собрание? Тријазични табли (македонски, албански и англиски) во разни министерства? Мислам дека и некои изданија на Службен весник излегуваат двојазично, не сум сигурен за тоа.

Ич неам отворено закон да видам како е во администрацијата, ама не гледам ништо лошо во тоа државјанин на Р.М. кој сака да се обрати на албански јазик до институциите, да му биде одговорено на албански и слично. (ако е во оваа насока воопшто, дотогаш може да погодуваме за што разговарале СДСМ и ДУИ). Министри да говорат на албански на седници на влада? Па сега имаш такви обраќања на седници на Собрание (кое легитиметот го добива од народот).

Скап проект е, но еве мое скромно размислување, припадниците на сите етнички заедници да имаат можност да се обратат на својот јазик до државните институции (да речеме, Србите да се обратат на српски, Ромите на ромски, Турците на турски итн.) Секако, тука ќе мора да се размисли за одреден процент на државно ниво. Ова ќе значи вработување на луѓе кои ги познаваат овие јазици, што би се докажало со одредена диплома. (не мора да значи дека треба да бидат од истата етничка заедница). Па некој ако знае и турски и српски да речеме, може да работи со граѓани од двете заедници. Тука реалноста ги покажува потребите, а потоа се носат одлуки. Впрочем практиката треба да биде поттик за носење или измена на закони, а не паушално носење на некои закони. (ко што имаме од независноста)
 
Теута ??
она иста која е во коалиција со ВМРО 11 години?? и велиш имало тешки криминали а ЈО не презело ништо????
Ќе треба СЈО да му се прошири мандат не само временски туку да може да гони и криминали кои не произлегуваат од снимките на странските служби.
Тактички избегнуваш одговор а? Мнозинство правда ова она паламудење. Муабетов ти се сведува КОГА МОЖЕА ВМРО МОЖЕ И СКСШ. И тука уствари паѓа маската на она што го паламудиш правда закон устав. За реализација на идеја не е битен начинот и средствата, битно е само да се реализира. Толку од демократијата на дело.
Преведувач во судски спорови? Пратеници говорат на албански во собрание? Тријазични табли (македонски, албански и англиски) во разни министерства? Мислам дека и некои изданија на Службен весник излегуваат двојазично, не сум сигурен за тоа.

Ич неам отворено закон да видам како е во администрацијата, ама не гледам ништо лошо во тоа државјанин на Р.М. кој сака да се обрати на албански јазик до институциите, да му биде одговорено на албански и слично. (ако е во оваа насока воопшто, дотогаш може да погодуваме за што разговарале СДСМ и ДУИ). Министри да говорат на албански на седници на влада? Па сега имаш такви обраќања на седници на Собрание (кое легитиметот го добива од народот).

Скап проект е, но еве мое скромно размислување, припадниците на сите етнички заедници да имаат можност да се обратат на својот јазик до државните институции (да речеме, Србите да се обратат на српски, Ромите на ромски, Турците на турски итн.) Секако, тука ќе мора да се размисли за одреден процент на државно ниво. Ова ќе значи вработување на луѓе кои ги познаваат овие јазици, што би се докажало со одредена диплома. (не мора да значи дека треба да бидат од истата етничка заедница). Па некој ако знае и турски и српски да речеме, може да работи со граѓани од двете заедници. Тука реалноста ги покажува потребите, а потоа се носат одлуки. Впрочем практиката треба да биде поттик за носење или измена на закони, а не паушално носење на некои закони. (ко што имаме од независноста)
Тука лежи проблемот на платформата, Албанците ги игнорираат сите други а бараат рамноправност. Или ќе градиш мулти - култура и мулти - етничка држава во која сите мора да прават компромис или нема да функционираш воопшто. Таблите не се проблем двојазнични - тројазични се, проблем ќе биде кога ќе треба да одговориш лично и персонално на албански а нема да можеш.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom