Што се однесува до анкета. Има на форумов една
тема која мене лично ми боде очи. Па кога може
@мкд владе да ни ги модри гениталиите со неговите „брилијантни“ идеи, еве и јас сакам предлог да дадам. Истата таа се коси со патриотските ставови на вистинските патриоти кои ни на крај памет не би им паднало идеја да вадат пасош на туѓа држава. Ш иптарската платформа предизвика многу емоции и негативни реакции со нејзината појава, а појавата на вадење бугарски пасоши, која де факто тивко ја растура и однародува земјава си ја прифаќаме како од бога дадена. Јас ги разбирам про-дпне структурите на форумов на кои бугарштината не им е непозната и не само што не им смета, туку таа им е дел од нивното секојдневие и фолклор, ама затоа што ги сметам за квази-патриоти и немакедонци, еве инсистирам да се стави на гласање ова прашање -
дали темата со вадење бугарски документи да се затвори и избрише целосно од форумов?
Па нека одат заинтересираните, нека си најдат друга форма на општење - има сега фејсбук групи, п***е материне - кај сакаат нека идат.
Намерно ја поставувам дискусијава овде, затоа што темата со корисничка поддршка помалку се прегледува. А и да видиме колку сме. Од „практични“ причини, реално никој нема да гласа за да се задржи.
@Нuкола