ДУИ тврди- се договоривме за промена на пари, химна, знаме и казни, СДСМ- се уште молчи
ДУИ одлучи да му ги даде своите потписи на СДСМ за формирање нова влада. Најавите на СДСМ се дека доколку дојдат на власт ќе се воведе двојазичност на целата територија на Македонија, ќе се променат химната, знамето и државниот грб, албанскиот јазик ќе го има на парите, а ќе се воведат и казни за неупотреба на албанскиот јазик,пишува Курир.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во Мала Речица изјави дека партијата ги дава потписите за да се деблокираат некои процеси и да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија.
– Сега само даваме подршка за мандат, да се деблокираат некои процеси, затоа што не е во интерес на државата локалните избори да се одоложат. Но тоа не значи дека имаме договор за коалиција. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите, истакна Османи.
Сепак, ДУИ заедно со лидерот на СДСМ Зоран Заев се договориле албанскиот јазик да го има на парите, а паднал договор и за воведување казни од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик. За овие теми Османи зборуваше во емисијата „Патот кон" на Алсат-М телевизија.
-Како член 8 од овој закон, и банкнотите и монетите ќе бидат на албански..., посочи Османи.