Не се сомневам дека многумина во Македонија, во средно кога биле, учеле за логички грешки по предметот Логика. Секој може, ненамерно, да направи логичка грешка. Кога е ненамерно, тогаш е логичка грешка. Кога речениците се формулираат за да се манипулира и убедува тогаш се викаат логички заблуди.
Најчесто користени логички заблуди користени во темава, но и во нашето општество во целост се:
Argumentum ad hominem
Argumentum ad logicam
Argumentum ad populum
Argumentum ad verecundium
Обидете се да ги пронајдете останатите.
Човек да се зачуди дали тука се дискутира или се води војна на спротивставени пропаганди.
За крај ќе споделам со вас една приказна која ми беше кажана во младоста од постар за да размислете:
Лавот го поласкал магарето за неговиот силен и застрашувачки глас и му дал предлог. Магаре силно и величествено што велиш јас и ти да се здружиме и да се најадеме како благородници? Откако „силното и благородно“ магаре се согласи лавот му предложил да влезе во шумата и да рика на сиот глас за да ги исплаши животните за тие да избегаат од шумата на отворено за лавот полесно да ги фати.
Магарето влезе во шумата и почнало на сиот глас да вика. Ги преплаши сите животни и тиа почнаа да бегаат од шумата директно во рацете на лавот кој веднаш си ги лапна. Откако немало веќе животни за бркање магарето се вратило гордо од добро сработеното, но видел дека ништо не останало за него, а лавот лежи со подуен мев. Нашето силно и благородно магаре налутено и заканувачки го праша лавот каде е неговиот дел? Лавот само ја кренал својата глава и му рекол биди среќен што не те изедов и тебе, но ако се задржиш тука уште малку и тебе ќе те изедам.
Сфатете си како сакате.
Ве оставам со вашата страствена желба да си играте Арамијата рекол држ`те го крадецот. Морам да признам дека ми е тешко да разликувам кој го лови крадецот, а кој арамијата. Сепак се гледа дека силно и благородно рикате (простете за забелешкава
).
Поздрав