Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
И ајде да претпоставиме завршил конфликтот и дека сме победници на тепачката, албанците поразени, ВМРО повторно на власт, што после? Ке се укинат законите за двојазичност што уствари вмро ги усвои, пардон, попушти за време на нивното владеење? Нема да има двојазичност во институциите, сообраќајните знаци, парламент и тн? Демек, до сега попуштавме, е БАШ СЕГА веќе не попуштаме кога почна да се стеснува обрачот за криминалците? И сега е време да се врати еднојазичноста нели, не дека на некој му е страв да одговара за криминалот, пошто криминал нема, све е легално, него дека е доста попуштање нели? И сега следно е федерализација ,и доста е веќе, така си викаш сега сам на себе, и си сигурен во тоа, нели?
И после конфликтот, сите земји ке не гледаат како победници и сите врати ке ни бидат отворени, секој ке сака да соработува со нас, да инвестира кај нас, да дојде на гости кај нас нели? Така ова го замислуваш? Па и да не не сака никој битно ние сами ке си живуркаме во нашата унитарна држава РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА така, пошто сме економски многу јаки, нели?
Ниту замислувам таква држава, ниту имам илузија дека вмро ќе ја направи македонија побогата држава а сдсм посиромашна. Јас сум лут затоа што ова сега што го добиваат албанците, ниту пред пет шест месеци го бараа, ниту имаа илузија дека ќе им се оствари. За далеку помалку пред 15 години се фатија за пушка, а сега го добија без да си го мрдне газот али од речица. Па дури и заев му дојде на нога да го моли. Ете тоа ме нетвира страшно.
 
Грешка си!Заев игра во корист на Груески.Со самото тоа шо прифати преговори за некоја си албанската платформа си даде еден убав автогол!
Груевски преговараше со Аљи како да се влезе во Солун...Која патетика
 
Објасни како преку продавање на домати ќе стасаме до Канада ниво и колку време ќе треба за тоа.
Објасни како со размислување левел вмровец ќе ја стигнеме Канада или Финска?
 
Груевски преговараше со Аљи како да се влезе во Солун...Која патетика
Дали сметаш дека не постои албанска платформа инспирирана од Еди Рама или ќе глумиме патетика,тоа сакаше да ме прашаш?
 
Грешка си!Заев игра во корист на Груевски.Со самото тоа шо прифати преговори за некоја си албанската платформа си даде еден убав автогол!
Груевски дали преговараше со Ахмети, а?
 
Ако фикусот е против платформата, зошто му даде мандат на Грујо? Прво тоа одговорете си па правете муабет.
 
Објасни како со размислување левел вмровец ќе ја стигнеме Канада или Финска?
Кој е левел вмровец, а кој е левел сдсмовец, и молам ако некој е повисок образложи го тоа со некој пример.
 
Дали може да се состане собранието сега?

Може да се собере и да ја продолжи конститутивната седница. Може и да избере и Претседател на Собранието.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom