Сите овие дискусии за Канада, двојазичност, федерализации, кантонизации, курци палци, се потполно промашени. За да се разбере она што се случува, треба човек да остане при фактите, и да размислува наједноставно.
Ако после скандалот со бомбите никој не оди во затвор, Македонија ќе ја пропушти последната шанса да стане држава. Побргу од сите двојазичности, кантонизации и федерализации ќе не убие неспосбноста за македонскиот човек да биде граѓанин, да сфати дека власта не е султан, и дека оној кој краде мора да одговара. И дека сендвичот не е замена за политичка и кривична одговорност на оној кој го дава тој сендвич.